Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.170
    Допаѓања:
    186.006
    Пол:
    Женски
    @Oscar Lady првиот чекор шо мора да го преземиш е да му кажиш дека знајш. Од таму, разговор. Да видиш дали ќе признај, од кога, зошто и кои се шансите да преќини. И базирано на се то, ќе можиш да донесиш одлука дали има надеж да престани или не и шо значи то за тебе (deal breaker or not).
     
    На SummerGirl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    6.538
    Пол:
    Женски
    Да, коцкање какво сака нека е ми е страшно одбивно и нема спас од тој порок. Се оди не само до сопствено пропаѓање и осиромашување туку и на најблиските.
     
    На Medea., SummerGirl, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.572
    Допаѓања:
    34.102
    Пол:
    Женски
    Прекини додека уште е рано.
    Коцкарите никогаш не се менуваат. Ќе те лаже, ќе ти плаче, ќе ти се колне дека ќе престане, а он ќе почне да се крие уште подобро од тебе, само и само да се коцка.
    Сега ти дава внимание и те сака најмногу на свет, ама во брак ќе си го покаже вистинското лице, а верувај дека коцкарското лице е многу гадно.
     
    На Medea., SummerGirl, Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    4.762
    Пол:
    Машки
    ЗАВИСИ.
    Колку игра, како игра...ако не е сериозно многу...не знам зошто би раскинувала, евентуално дека те лажел дека не се коцка, а пак го прави тоа.
     
  5. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    2.757
    Знаеш што е несериозоно коцкање? Кога игра Македонија, па да пишиш еден патриотски тикет. Се останато е завист, особено кога на сајт си пишал податоци на лична карта, адреса на живеење и број на сметка.
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  6. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    4.493
    На кратко ќе ти кажам личност од поблиска фамилија каков хорор трпи од маж и, он од коцка купи стан супер, нели? Ама, тие немаат граница и викаше толку, сум обезбедил стан што тоа ретко кој го извадил од коцка блабла, тајно зад нејзин грб као ај имам среќа, го прокоцка и тој стан :) следното јасно ти е? Лошо што ќе речам ама, за жал има две деца со него и тогаш не можеше да го остави, доаѓаа луѓе да и се закануваат пред врата, ма со какви не лудаци имаше работа, станот го изгуби и плус уште имаше да плаќа на тие будалите и ја следеа не знам, по децата сакаа нешто да извлечат пошто овој ненормалнот многу се задолжил, пошто нормален во коцкарница не знам дали иде, девојче тие немаат граница што рече една членка, не е само онлине, тоа е исто како продавам дрога, ама не сум ја пробал 8) бегај и спаси се додека ти е уште време немој да трпиш маки како јас што сум видела и ден денес ми е жал за неа, не би да кажувам толку детали, ама ќе ти кажам дека останаа на улица и ден денес имаат куќа под хипотека децата се задолжија исто со многу кредити поради него, ма да не ти набројувам, сигурно ќе најдеш подобар и јас сум се откажала од дечко кој го сакав ама имаше порок друг :)
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    4.762
    Пол:
    Машки
    На членката и пишува дека е од Осло, ваљда таму живеат. Така да за него и 0.30 (во евра) неколку ливчиња е несериозно коцкање, ако тука не е. :)
     
  8. Bitolchanecot

    Bitolchanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2021
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Машки
    само разговор, ако тоа му е хоби, мисли за својата иднина. Србите викаат “више волим себе него тебе”, твојата среќа и иднина па после заедничката.
     
    На Oscar Lady и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  9. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.771
    Пол:
    Машки
    Разговарај со него, пробај дај му после разгорот уште една шанса ако побара. Ако е така како што велиш дека се грижи за тебе, нема да му биде проблем да ја остави коцката. Тешко е зависност од коцка да ја остави зависноста, ама потруди се да му помогнеш и ти малку. А ако приметиш дека коцката му е поважна од тебе преку разговорот, раскини му додека не прераснала врската во нешто поголемо.
     
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.089
    Допаѓања:
    9.006
    Пол:
    Машки
    Многу лош порок, што тешко се одвикнува човек. И да зборите, ќе ти каже дека ќе прекине и утре пак. Ако не е на телефон, ќе оди во казино и ништо не си напрабила.
    Според мене најдобра опција е да го оставиш, бидејќи ќе почнат проблемите кога ќе снема пари или ќе се задужи на лошо место за да се коцка.

    Нека не те лаже дека ќе прекине да игра. Овој порок тешко се остава и ќе го влече. Утре куќата ќе си ја продаде за коцка.

    Директно кажи му дека знаеш и дека си проверила. Не мора да заобиколуваш.
    Ограј со отворени карти. Кажи му дека си дознала и дека ти пречи. И кажи му дека го оставаш, бидејќи таков порок ептен ти пречи. Рачунај дека ќе те лаже дека ќе го остави коцкањето.

    Имам таков човек во блиска фамилија. Само што кај нас заврши кобно. Ние му опростивме и зажаливме. Не ја прави истата грешка.
     
    На Mumoftwo30, Anyshka, Oscar Lady и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    757
    Пол:
    Женски
    Штом ти си таа што преувеличува, спаси се девојко, додека е на време. Еден е животот. Колку и да те боли разделбата, неспоредливо е со болка цел живот покрај таков карактер.
     
    На Mumoftwo30, Gosh, Oscar Lady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Attenzione

    Attenzione Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Машки
    Ок не претерувајте. Еве јас секој викенд уплаќам по 150-200 денари тикет да ми биде поинтересно следењето на спорт + неколку пати сум добивал солидни суми и ова е голем проблем и зависност ? 50% од популацијава секој ден толку пари троши на цигари, и притоа штети на сите останати околу него за разлика од мене.
     
  13. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    4.762
    Пол:
    Машки
    Членката да размисли убаво, што ќе прави...не секогаш мнозинството е во право. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Можеш да почнеш ноншалантно низ мубает да му раскажеш како си слушнала приказна за некоја другарка (или си гледала тикток/реел) како дечкото си ја лажел девојката дека се коцка и да си кажеш дека нејќеш да имаш такви луѓе во твојот живот, што те лажат за коцкање. Гледај ја неговата реакција и дали ќе ти признае дека и тој го прави тоа
     
  15. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.771
    Пол:
    Машки
    @Oscar Lady
    Најлесен совет е раскини... Кажи дека си го земала неговиот телефон да провериш некоја апликација дали работи кај него бидејќи кај тебе не работела и случајно си видела дека се коцка, прашај го колку е сериозно тоа кажи дека не сакаш да му стане завист... Ти најдобро го познаваш како би било најисправно да му го кажеш тоа.. Голем дел од популацијата одат во казино но не секогаш е огромна завист од тоа и не се коцкаат на премногу сериозно, некој е доволно свесен дека нема да даде се за една коцка.. Само со разговор можеш да решиш..
     
  16. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    2.404
    Пол:
    Женски
    Да, одма ќе рече "леле, се коцкам и јас, сега кога ми го кажа ова прекинувам, те молам да останам во твојот живот" |( баш напротив, само уште толку ќе се повлече и ќе гледа да скрие.

    Јас не би му кружела од страна, ако сте долго заедно и имате однос како што опишуваш би го седнала на здрав муабет, посебно затоа што планирате и свршувачка.
    Вака и вака, видов и добро што видов затоа што сите знаеме каков порок е тоа и колку животи има упропастено, ако сака живот со тебе, да заборави на тоа. Ако не, слободно нека продолжи да се коцка.

    Чиста работа. Натака он ќе си реши.
     
    На Medea., Mumoftwo30, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bitolchanecot

    Bitolchanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2021
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Машки
    ова некако е како, абе знајш се курва да ама малце, еднаш месецот од разонода ништо страшно компарацијава таква некаква е.

    Ваљда сама си знае што е најдобро. Ако и смета, и сака да продискутира со партнерот, нека продискутира а ако доволно ја цени, ќе прекини ваљда.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Attenzione

    Attenzione Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Машки
    Глупава компарација, ситни суми за нешто што те релаксира ти прави спорт во случајов поинтерересен е ништо нула. Абе милион работи има луѓето за што трошат многу повеќе пари, почнувајки од цигари алкохол до зависност од игри и фрлање пари за нив ама битно треба да му раскине ако фрлил некое евро за коцка ?

    Ако веќе му е сериозна зависност, троши добар процент од приходите тоа е веќе др. И мене девојка ми ми е поубава без шминка, и ми е глупо кога троши пари на скапи шминки па си ќутам :D
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.810
    Пол:
    Женски
    Јас би раскинала.
    Од тој пат нема назад .
    Маживе многу либерални излегоа, а сите знаеме како знаат да напаѓаат и клеветат жени за сѐ нешто, па и за ништо. Доволно е низ порталиве да се прочепка. Нормално е дека сега не осеќаш ефекти тоа има да удри кога ќе се земете. Да не се освестиш кога ќе удри по благосостојбата на домот на децата.

    Па уште толку е заблуден на интернет да се коцка, кај ќе се такмичиш со алгоритам што е штелуван да губиш инаку не би опстанал.

    За жал јас како речиси жртва (на време открив и извадив жива глава), можам да тврдам дека од тој пат нема назад.

    Уште велат жени голд дигерки, маневри прават никој ништо од нив да не наследи за 50е алиментација да не дадат даваат срцепарателни изјави а коцка може. Мало сутра.

    Обично гледам да покажам разбирање ама за чашка коцка и оперираност од емпатија немам аргументи за бранење.

    Што и да одлучиш, стискам палци да не е одлука за којашто ќе кубеш коси читајќи ги мислењава за година две.
    Нема што да се преговара, баткото не живее во светот на Софија, свесен е дека се потенцијални сопружници и што може да го наруши домот, према тоа си го направил својот избор. Или не сака да се помачи за неа, оти мој комшија со години мачеше едно девојче, триста проблеми направи еве со втората жена престанал да се коцка.
     
    Последна измена: 1 март 2025
    На Medea., Rozevata, Mumoftwo30 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.482
    Допаѓања:
    28.948
    Пол:
    Женски
    Тебе те памтам дека пишуваше дека дечково твој со години си спремал спрат кај неговите и не сакал да живеете одвоено оти цело тоа спремање ќе паднело во вода.
    Уште тогаш требало да раскинеш. Не знам дали нешто се сменило околу тоа.
    А за проблемов, не ни знам искрено какви се тие онлајн коцкања, ама ако те лаже, особено ако се случува често и се работи за големи суми на пари, немаш иднина со таков. Не знам ама мене човек што се расфрла со пари не ми е стабилен човек за партнер за цел живот.
    И ова и тоа со спратот јасно укажува дека не му е гајле за тебе и заедничка иднина.
     
    На tanjita, Mumoftwo30, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.