И тоа најчесто не е до имање/немање пари него до размислувањето. Оти имаш и мажи со одлични плати што неќат да се одвојат, имаш и такви со минимални што би оделе под кирија да бидат сами. Па ќе речат после државата ова она. Абе сите следиме инфлација и цени на квадрат. Ама упорно не сфаќаат дека мажулињата на овие што се жалат во снаи и свекрви дека и беспари да им поклони некој куќа на изволте, пак нема да отидат
Ако сакате да си го лажете мозокот дека не е завист секој викенд да кисниш у клаѓа, океј, whatever makes you sleep at night. Фактите се тие. Ако не се смета за зависник од комар, зашто крие од девојка му? Зашто не рече, срцка овој викенд наместо да ставам 90 евра на Манчестер, ќе те носам на вечера.
Може тука да ти кажуваат свашта,ама оној што не поминал живот со коцкар незнае како е.Исто така оној што става по 20-30 е спаѓа во коцкар не во човек што рекреативно си пишува во сабота тикет од 50 денари за разонода. Зависи колку е навлезен и колку сфаќа дека коцката е порок.Не прифаќај брак никако додека не се увериш дека веќе не се коцка,ако реши да не се коцка.И да,можеш да дадеш шанса да видиш дали ќе престане,а под престане значи ни 50 ден играње.Или скроз да престане или прекини. Коцкарите и од деца ќе се откажат и од фамилија,верувај иста е зависта со дрога. И нема што да чекаш или во завиена форма да му кажуваш.Речи фатив како коцкаш пари мојот став е тој и тој.А што ќе чекаш да поминат прослави?!Ако попуштиш сега толку ќе ти биде Јас знам повеќе излекувани зависници од хероин него луѓе што престанале да се коцкаат,најсериозно.
Ајде нека биде така,јас такви примери околу себе не гледам.Оној што ни е близок во фамилија батали децата,жената па да не зборам,ги оболе родителите,заврши по затвори.И он сакал ама неможел,така секој коцкар вика.
Еден близок мој роднина, играше спортска на минимален влог од 1000 денари, на апаратите спиеше, денар во џебот немаше, еден кажа готово е, еве го 1 година и 2 месеца не е погледнал, а не па да се коцка.
Единствено поголем комар од ова е девојкава со сѐуште силни чувства да му даде шанса на жимимајка ќе се сменам. И навидум да изгледа сменет, нема да има мир. Имаше една народна приказна, синов на печалба отиде, што имаше порок сѐ фати , на крај почна комар. Тогаш татко му во тевтерот што го водеше за раѓање и умирање пиша денес ми умре синот. Мажите ги замолувам да не ја насочуваат кон давање шанса по секоја цена оти знаеме колку тие даваат шанси ако откријат нешто што не им одговара. Ги замолувам за емпатија и нека замислат дека советуваат нивна сестра што многу ја сакаат.
Хахахахахаха вика година и 2 месеци не се коцкал и се сменил.. Дај не се заебавај со нас, што е година и два месеци за да се смени
Сакам да кажам, ништо не е гаранција дека после одреден период нема да се врати на коцкање, секогаш ќе бидеш со страв дека може пак да почне
Точно, јас незнам што ќе направи утре, наредниот месец, ама ако е глуп и пак да биде без пари нека иде да се коцка.
Najdobrata vrska moze da propadne radi kocka brak se toa e najzloben porok treba da si priznae deka e kockar i deka nema kaj nego granica
Првин самиот себе се уништува, со тоа што немаат пари вадат кредити, се задолжуваат, ако не престанат, само можат да пропаѓаат.
Јас кажав искуство од блиска личност во фамилија, таков човек на непријател не би му посакала низ кој хорор и ден денес поминува само она си знае дури и болести фати од кои една од најтешките поради таков, девојче бегај додека можеш батали објаснувања на неговите, немој да си го зацрниш животот, мажи има колку што ти душа сака
Кога сме кај коцкава, ќе се надоврзам на муабетов. Имам другар, премногу се коцкаше ама не знам како, прв пат среќавам случај да се откаже со коцка, со години не е влезен вика не ни помислувам, не ни ми оди паметот и ако поминам покрај казино. Платата му идаше тој цела плата ја оставаше во казино. Кулминација достигна кога со прометот од работа, место во банка, го фукна по апаратите, замислете сега до каде се спремни да одат за коцка. Девојка му абер немаше за ова. Ама еве има преку 5 години како си има дадено збор, до човекот е валда и колку силно сака да се промени.