Коцката, алкохолот, цигарите и дрогата се најозогласените штетни пороци кои негативно влијаат врз опшествената свест, психичко-менталното и физичкото здравје прво на самата персона која е зависна од тоа а потоа и врз останатите кои се во блискост на таа личност. Сите четири се исти и нема никаква разлика и не се разликуваат и оставаат трајни последици, кои потоа прераснуваат и во навики, а навиките тешко се менуваат. Не може да постои и опстани здрава врска или брак со личност зависна од ова, факт е а пред фактите и Боговите молчат. Шеќерот и солта изгледаат исто но имаат различно дејство. И затоа треба да се внимава на кого да се верува и дури по дадено ветување или збор дека ќе се промени, затоа што се потребни 100 чекори за да се изгради доверба и само еден да се изгуби. Не можеш да градиш здрава иднина со личност зависна од ова, сите имаат иста озогласена вредност и ни во најмала рака не треба и не смее да се толерира.
i toa kako ima razlika od porok do porok site imaat ista namena se soglasuvam ama kockata e recisi i nesporedliva so drugi poroci
Напротив, нема никаква разлика од сите останати и сите се исти и затоа се ставени на листата најозогласени пороци. Како што алкохолот, дрогата, цигарите можат да ти го уништат прво сопствениот живот така може и коцката да ти го уништи животот а потоа и животот на останатите кои ти се блиски и нема разлика и не смее да се толерира и премижува дека е помало>поголемо зло. Факт е.
Нема потреба да заобиколува, најдобро директно нека му каже. И да признае и да каже дека повеќе нема да се коцка ќе излаже.
Запнале коцкаробранителите да му се зацрни живот на девојчево. Емпатија 0. Бар идите на машки форум дискутирајте прогнози. Македонштина, ако речеш дај алиментација, цмиздри на телевизија, сакам да ѝ го земам детето она со моите цели 50 евра ќе ги рани облекува и купува најнов ајфон на швалерите. А да го прашаш грижливиов татко не знае која паралелка е или кога му е роденден на детево.
Стварно незнам шо да ти одговорам на ова, оти со секој збор ЗАЛЕДИ . Се е точно, кратко и јасно. Едноставно, тоа е целата приказна за македонскиот маж.
Го читам постот на @Cutiepie1, веројатно корисничкото име и профилната слика ме „прелажаа“ и баш си викам колку нетипипични ставови за девојка, кога гледам- машки пол. @Oscar Lady, време е да ставиш крај на таа врска. Јас сум секогаш за давање втора шанса, но не и во случај кога е зависност во прашање, особено не кога станува збор за коцка. Колку и да е партнерот совршен во секој друг поглед, едноставно не вреди жртвата. Немаш иднина со таков човек, и среќа во несреќа што сега си дознала, кога уште не си во брак со него и уште немате деца а не после неколку години кога ќе чукнат лихвари на врата. Паметна девојка си, знаеш што е најдобро за тебе. Те гушкам и се надевам ќе ја донесеш вистинската одлука
Нема живот со коцкар. Он веќе си има испланирано се, мама ќе му меси, тато ќе му плаќа струја, жена деца ќе му гледа и пери гаќите, а он се ќе си коцка. Милина. Од такви шо подалеку.
Има поголема слобода со работата во странство, и може да има за СЕ, сепак некои ЗАНИМАЦИИ и ЗАДОВОЛСТВА се плаќаат, БАЛКАНОТ тоа не го знае, како и да е, границите - МОРА да се почитуваат.
Кои граници бе човек? Сакаш да кажеш дека членката треба да му ги почитува неговите граници и да не му се меша во тоа шо он се коцка? А пред веридба се?
Мислам дека членката доби доволно информации во врска живот со коцкар и како да постапи понатаму. И се надевам дека ќе се среди некако проблемот навистина. Бар јас знам дека чекам тој апдејт од неа да кажи како помина. @Oscar Lady јас вервам дека ја носиш точната одлука и дека имаш вистински грижи во врска со ситуацијата. Се најдобро. Друга тема за коцкање каде би можело да се оди подлабоко во дискусија е Коцкањето - сериозен порок доколку некој има желба за то.
Се надевам дека ќе го остави, иако воопшто не верувам во тоа. Она е заслепена од љубов и ќе му прости. За жал, оваа лекција ќе ја научи на потешкиот начин.
Јас да сум како девојкава ќе го оставам овај. Недоверба, потенцијален зависник, манипулатор се поголема веројатност и постои ептен голем ризик во иднина да имаат финансиски задолжувања. Да сумирам сето ПРОПАЛИЦА. Ако потклекниш на неговите убедувања сеа при прв разговор да знаеш дека ЛАЖЕ. Поздрав.
Девојче многу добро те разбирам, јас имав врска со дечко кој многу трошеше не знам, не е исто меѓутоа слично е со коцката, ама не го сфаќав сериозно тоа си викам ајде пари на никој не ни стигнуваат, дечкото немаше абер со пари не знаеше како изгледа, се додека почна да продава кола, работи од дома, беше идеален на почетокот, ама кога видов колку троши и зема кредити со тешко срце го оставив, ми викаа сите демек ај он добар сите имаме маани нема совршено ама верувај дека ми беше тешко на почетокот, сега веќе не ми е, мислам ќе ми беше многу потешко додека продолжев со ваква личност
Човекот кој најмногу го сакав, за кој направив се, го чував како да е највредно нешто на светов и за кој имам пишувано тука колку ме плаши тоа да можеби нема да се усогласиме на тема деца во иднина, ми раскина ненадејно. Луѓе, завчера правевме планови за патување заедно, се беше нормално. После тоа почна муабети како се почувствувал многу депресивен одеднаш, па се фати за еден мој коментар, за на крај тоа да го искористи за да каже дека не може повеќе. Во шок сум, телото и умот ми се одвоени, не јадам, не спијам. Ве молам дајте ми совет како да го поминам ова, колку проклето боли. Не можам да пишувам многу зашто знам уште повеќе ќе се отажнам, знам дека некој ќе помисли имал друга итн, не сум тука да ве убедувам, но ми требаат конкретни совети и стратегии за надминување на ова. Ако имате некое познавање за тоа кој е психолошкиот профил на blindsider-от, и тоа е добредојдено. Се распаѓам.
Нормално е да се распаѓаш,не можеш да очекуваш од еднаш да ти биди подобро.Сега си лута,бесна,разочарана,тажна секакви емоции доживуваш.Едноставно треба време и многу труд.Мораш да јадеш и да спијаш,ништо од ова нема да поминеш лесно не дозволувај и да се разболиш физички.Ти треба сила и снага.Стави се себеси на прво место,ти си сама себе најважна.и имаш должност да не го упропастиш твоето тело и твојот ум поради некој.Ќе го оставиш зад себе,нови планови,вметни некоја нова активност,ако си вработена или студираш фокусирај се повеќе на тоа.Излегувај дружи се кога ќе се почуствуваш спремна.Макар што гледам дека ова било завчера,големи се шансите и да те побара пак