Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    174.890
    Пол:
    Женски
    Мислам дека членката доби доволно информации во врска живот со коцкар и како да постапи понатаму. И се надевам дека ќе се среди некако проблемот навистина. Бар јас знам дека чекам тој апдејт од неа да кажи како помина. @Oscar Lady јас вервам дека ја носиш точната одлука и дека имаш вистински грижи во врска со ситуацијата. Се најдобро.

    Друга тема за коцкање каде би можело да се оди подлабоко во дискусија е Коцкањето - сериозен порок доколку некој има желба за то.
     
    На Малечка Малинка, tessie, Oscar Lady и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    4.259
    Пол:
    Машки
    Доволно е, за денеска, на оваа темаа. :)
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.937
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ќе го остави, иако воопшто не верувам во тоа. Она е заслепена од љубов и ќе му прости. За жал, оваа лекција ќе ја научи на потешкиот начин.
     
    На tessie и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.298
    Допаѓања:
    21.443
    Пол:
    Машки
    Јас да сум како девојкава ќе го оставам овај.

    Недоверба, потенцијален зависник, манипулатор се поголема веројатност и постои ептен голем ризик во иднина да имаат финансиски задолжувања. Да сумирам сето ПРОПАЛИЦА. :)


    Ако потклекниш на неговите убедувања сеа при прв разговор да знаеш дека ЛАЖЕ. Поздрав.
     
    На tessie, Anyshka, Oscar Lady и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Девојче многу добро те разбирам, јас имав врска со дечко кој многу трошеше не знам, не е исто меѓутоа слично е со коцката, ама не го сфаќав сериозно тоа си викам ајде пари на никој не ни стигнуваат, дечкото немаше абер со пари не знаеше како изгледа, се додека почна да продава кола, работи од дома, беше идеален на почетокот, ама кога видов колку троши и зема кредити со тешко срце го оставив, ми викаа сите демек ај он добар сите имаме маани нема совршено ама верувај дека ми беше тешко на почетокот, сега веќе не ми е, мислам ќе ми беше многу потешко додека продолжев со ваква личност
     
    На tessie, Oscar Lady и Adidas888 им се допаѓа ова.
  6. UnderPressure

    UnderPressure Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Човекот кој најмногу го сакав, за кој направив се, го чував како да е највредно нешто на светов и за кој имам пишувано тука колку ме плаши тоа да можеби нема да се усогласиме на тема деца во иднина, ми раскина ненадејно.

    Луѓе, завчера правевме планови за патување заедно, се беше нормално. После тоа почна муабети како се почувствувал многу депресивен одеднаш, па се фати за еден мој коментар, за на крај тоа да го искористи за да каже дека не може повеќе.

    Во шок сум, телото и умот ми се одвоени, не јадам, не спијам. Ве молам дајте ми совет како да го поминам ова, колку проклето боли.

    Не можам да пишувам многу зашто знам уште повеќе ќе се отажнам, знам дека некој ќе помисли имал друга итн, не сум тука да ве убедувам, но ми требаат конкретни совети и стратегии за надминување на ова. Ако имате некое познавање за тоа кој е психолошкиот профил на blindsider-от, и тоа е добредојдено.

    Се распаѓам.
     
    На Dona99 и tessie им се допаѓа ова.
  7. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Нормално е да се распаѓаш,не можеш да очекуваш од еднаш да ти биди подобро.Сега си лута,бесна,разочарана,тажна секакви емоции доживуваш.Едноставно треба време и многу труд.Мораш да јадеш и да спијаш,ништо од ова нема да поминеш лесно не дозволувај и да се разболиш физички.Ти треба сила и снага.Стави се себеси на прво место,ти си сама себе најважна.и имаш должност да не го упропастиш твоето тело и твојот ум поради некој.Ќе го оставиш зад себе,нови планови,вметни некоја нова активност,ако си вработена или студираш фокусирај се повеќе на тоа.Излегувај дружи се кога ќе се почуствуваш спремна.Макар што гледам дека ова било завчера,големи се шансите и да те побара пак
     
    На Малечка Малинка и UnderPressure им се допаѓа ова.
  8. UnderPressure

    UnderPressure Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советите :hug:

    Се блокиравме секаде, не верувам дека ќе ме побара пак
     
    На mom to be му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    13.973
    Пол:
    Женски
    Да ја побара, но не може од никаде да му текнува да раскинува без збор и објаснување, а до тогаш сѐ изгледало нормално. И да имало нешто, несогласување или слично, сепак требал отворено да си каже, а не изненадно.

    И ова мажи биле.. мажи што не знаат да се соочат, најлесно е бегај, така е. Место искрено да седнат и да кажат како стојат работите.

    @UnderPressure Ќе помине, ептен ти е тазе, најнормална реакција е ова. Мораш да правиш нешто друго за да оттргнеш мисли.
    Ако се очајува, нема да видиш полза од тоа. Полека ќе избледат овие чувства и емоции, и ќе се забораи, нема друго.

    И сама си пишала дека на ептен битна тема немало да сте согласни, па можеби и подобро вака, иако преболно е. Ќе помине. :)
     
    На tessie, Керолајн, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.211
    Допаѓања:
    8.412
    Пол:
    Машки
    Мора да ги консолидираш работите и да сфатиш дека веќе е крај, колку побрзо се соочиш со фактот и вистината толку полесно ќе ја поминеш оваа фаза на болка. Мора да прифатиш дека тоа е тоа и нема враќање назад.. Сега мора ти да се ставиш на прво место, да дозволиш сонцето да допира до тебе и да бидеш позитивно исполнета, зошто ако се затвориш уште потешко ќе ти е, ќе размислуваш само и ќе запаѓаш само во депресии.
    Нормално е првиов период првите недели, првиот месец да те боли и да чувствуваш тага, немир, итн. но не дозволувај тоа да те надвладее зошто само потешко ќе ти е. На крајот од денот, времето лечи се.

    Апетиот нормално е да ти е намален зошто си под стрес и адреналинот работи, ама мора да јадиш, ако штрајкуваш со глад нема ништо да се смени. Стави се ти на прво место, твојот живот, еден е и вреден и највреден од се друго.

    А тој не убаво постапил, за осуда е, немало машкост во него ниту ќе има, зошто едноставно избегал без да се соочи со тоа што претставувало проблем, требало да кажи причина макар и која да била, да бил искрен што сака а што нејќи и пречи наместо да бега.

    И едно златно правило, еден ден и да те моли и да сака да ти се врати, на ставена точка не ставај запирка, зошто еднаш те повредил, а твоите чуства и емоции се дел од твоето психо-физичко здравје и се побитни од се друго на планетава земја, не заслужува никој ниту пак има право да си игра со нив. Само сети се како си се чувствувала тогаш кога те напуштил и ќе разбериш дека таа личност не ти е потребна повеќе во животот.
     
  11. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    8.444
    @UnderPressure
    Ненадејно раскинување најчесто е техника на манипулација со цел да предизвика шок, дестабилизација и контрола врз тебе. Може сака да го молиш.

    Може да биде и поради страв од обврзување, avoidant attachment итн.

    Но, со оглед на тоа што сè било океј и дури моменти пред тоа сте правеле планови за патување, е индикатор дека е манипулација.

    Воедно, може да биде дека и си нашол друга. Па нормално, што побргу да те откачи.

    А речиси секогаш кога е трета страна во прашање и не е проблемот во тебе ќе речат нешто такво, му се мешало во главата, сакал да поработи на себе :yawn:

    Која и да е причината, тоа не е твој проблем.

    Either way, како што си го блокирала, те молам од сè срце никогаш повеќе да не го одблокираш. Не му давај ни шанса ни простор да се размислува за тебе како некоја опција и резерва.

    Замисли утре имаш деца со таков и реши еден ден пак ненадејно да ве остави. Не ти треба такво нешто.

    Покажи му дека се сакаш себеси и нема да дозволиш поради некој морон да не јадеш и спиеш. Знам дека си истрауматизирана, можеш и психолог да побараш, but you've got this! :muscle:

    Дај му време на времето :hug:
     
    Последна измена: 7 март 2025
    На Keiner, Rose_ray, TrueToMyself и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.298
    Допаѓања:
    21.443
    Пол:
    Машки
    Avoidant attachment е тесно поврзан со нарцисоидна карактеристики, така да според паталец ако се идентификува како avoidant, RUN!
     
    На senjorita-v и UnderPressure им се допаѓа ова.
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Кога веќе сме тука и идентификуваме ко психолози,... И козависност, хистрионичност, емотивни/манипулации, патолошко лажење, отсуство на емпатија(немање слух за другата страна), постојани проекции и неможност да се признае вина, дополнително понатамошно изигравање жртва(на агресорот ова), и остало "казнување" (на вистинската жртва, не агресорот) како и постојана драма, токсичност, и така во постојан зачаран круг без крај, и желба и абер за промена(отсуство на самосвест) исто...

    ... Пардон, и (болна) љубомора и посесивност исто.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    За личните недостатоци, комплекси, и фрустрации за исти, на агресорот*
    =Проекција
    Доколку се дозволи*
     
    Последна измена: 8 март 2025
  15. UnderPressure

    UnderPressure Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за одговорите. :hug:

    Доколку имате препорака за добар психолог кој би ми помогнал за ова, ве молам пишете ми во порака. Само да не бидат од оние за кои се чека со недели зашто не знам како ќе ги преживеам деновиве што следат. ;(
     
    На Dona99 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Керолајн

    Керолајн Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2025
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Види на апликацијата разговор.мк
     
  17. Stefani95

    Stefani95 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2022
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Пред неколку месеци се запознав со еден дечко, случајно преку колешка на кратко, бевме на фб означени на една слика и тој ме додаде, го прифатив бидејќи предходно го знаев, се ок културен дечко, разговор само некако не знам, дали јас очекувам премногу ама ми делува како да речам.. Рамнодушно, ладно јас сум личност која што сака некој ако е заинтересиран за неа да се фокусира на мене, битна ми е комуникацијата за да ме привлече некој дечко, наводно колешката ми рече дека ја прашал за мене дали сум имала дечко, се распрашувал, дечково е убав и мене ми се свиѓа само не знам некако, ме вика да се видиме и тоа не знам, не сум личност што искача тек така знам дека тоа е единствениот начин да се види дали некој одговара или не, само не знам, од една страна ми е ок од друга однесувањето ми е некако онака, уште ова да додадам, случајно на нет има виртуелна гатачка што гледа на карти хаха и баш уклучив да видам ми рече дека ок е дечкото и се опиша дека се мислам итн итн ама ќе биде губење време, сега не знам, што би направиле Вие на мое место...? Инаку, му имам кажано дека не ми се свиѓа што понекогаш ми одговара многу споро, на што ми одговори демек кога ќе с видиме на кафе тоа може да се промени и уште ова да додадам дечково бидејќи и мене ми се свиѓа колку и да делува смешно почнав да сонувам дека сум излегла на кафе се било ок и дека сум отишла кај него ама сум се покајала, ваљда нешто подсвесно не знам не ми се смејте, почнав да сонувам многу језиви соништа, не знам дали треба да бидат некој знак...
     
  18. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    4.259
    Пол:
    Машки
    Охоо, месеци, месец е многу за да не испаднеш со некој кој пишуваш. И уште, му викаш да не враќа толку споро. xD

    Едит. - Не се смеам со ова хД, навика ми е. :)
     
  19. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    13.973
    Пол:
    Женски
    Иди пробај, види, и ќе знаеш на што си. Толку.

    Рамнодушен и ладен.. Па сите топли особи не може да бидат, а можеби и не му се пишува, па инсистира да се видите.

    Чим ти се свиѓа, искочи, дај шанса, можеби подруго ќе биде. Ништо не губиш.

    Ова со соништата може потсвесно е, дека мислиш како и што ќе биде, некогаш па и баш знак даваат, и не се глупости, зависи.

    Без да пробаш, нема да знаеш. Ете заинтересиран е и тој.

    Само те молам не одложувај средба, ич не чини тоа, доволно сте биле у комуникација, па редно е да искочите.

    Потполно имаш право. И нефер е да држиш некого на овој начин, а и чудни работи можат да се десат, па потоа криво ти е, ако не испадне ко шо сакаш. :|
     
  20. Stefani95

    Stefani95 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2022
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Сум искалача, порано и се тоа било губење време, сега толку немам желба за ништо веќе што не ми се ни искача, знам однапред дека ќе се разочарам, ама мора да се проба, ако продолжи и после тоа вака да се однесува тешко дека ќе биде нешто