Тогаш најдобро да го прашаш директно без осудување и ќе разбереш што и како, на форум нема да ги добиеш одговорите
Единствено така можеш да процениш после средбата дали да продолжиш со комуникација. Вака само можеш да претпоставуваш дур не видиш.
Излегував порано со еден тип излеговме 2 пати , ама мислам дека кажав нешто погрешно и од тогаш почна да ме мотка...го немаше 3 недели да ме викне да излеземе и отпосле ме викна и цела недела ништо, ме правеше будала у мозак зафатен бил ова она а цел ден седи на соц.мрежи...и јас го баталив престанав да му пишувам. Не пишувавме цели 6 месеци, и пред некој месец јас несакајки му ставив до знаење дека е он -вистинскиот- , и денес после 1 месец од тогаш ми пишува тој да излеземе на кафе, ама не паѓа на гс за минатото, јас погрешно сум го разбрала тогаш дека не сакал да излезе. Дали би излегле и шо би му кажале?
А јас не го сфатив тоа машко трачарење во друштво (а го има на големо, дури повеќе и од женско друштво). Тоа што трачари значи дека и тебе ќе те трачари ако ти стане бивши (хипотетички, но не далеку од вистината). Дечко ти е незрел и очигледно не си ги знае сопствените граници. А сопствените граници често се во кругот на сопствената слобода и секој знае до каде треба да оди. Отворен разговор.
Па ти си крива тука. Ајде сеа трпи егото негово, шо да ти кажам.. Сами си ја барате бе бељата. Мислиш или кажа? Битно е што си кажала, ама па не требал да те мотка ако е разумен и зрел. Толку многу си загреана по тој? Дали мислиш дека нешто би се сменило во меѓувреме? Битно е и дали се уозбилил он, или све е поради егото сеа, па пак ќе почне да те мотка. Шо знам.. Може треба да пробаш еднаш, двапати, чисто колку да го тестираш, да може да процениш кои му се намерите. За резерва да не сака да те држи, па коа ќе му здосадиш, да се повлече. Не избрзувај, и не се опуштај, туку прати ситуација доколку се решиш да искочиш. Богами.. Они да ти биле побетар од жени ама кај би признале Пак до егото е веројатно, им се крева коа некој друг понижуваат и сакаат да го спуштат на земја. Одвратно. Секакви епитети се споделуваат.
Е, тука ти е првата лична грешка. И јас ја имам направено па си платив фино лепо. Никого, ама никого на овој свет нема да сакаш повеќе од самата себе си. Тек пак машко, никако. Највредно нешто ни се децата, родителите, ние самите. Толку, точка. Другите исклучиво по заслуга. Замисли, полна трпеза. Сѐ има, од пиле млеко. Па после благо, па после, кафе, па после сокче. И после сѐ тоа, ако му понудиш нешто на човек ќе седи ли? Мажите се тоа. Секогаш треба да има барем малку свесност дека може да те изгуби. Бројот на оние коишто нема да ја злоупотребат твојата сервилност, жртва и посветеност се толку малку што може да се каже скоро да ги нема.
Прво, не е здраво баш да си толку опседната со некој со кој немаш ни искочено. Најди си други мажи, допишувај се и иди на дејтови, немој да се фиксираш за човек од фејсбук кој не го познаваш. Друго, премногу се мислиш за едно кафе. Искочи и ќе сфатиш дали сакаш да се гледаш со него или не. Не постои друг начин.
Чепкав нешто во приватноста на една слика(како некоја го чека правиот) на фб и несакајќи сум го означила него.
Па не беше озбилен, его до плафон...не признава дека не сакал да излезе тогаш туку вика ти погрешна слика си створила за мене хаха јас нафта пијам.
Одјеби го тогаш културно. Шо ќе ти е таков? Ај да вредеше, па да речеш дај шанса, вака ќе се заебаваш самата себе. Уште ете го, тебе ти префрлува. Ценете си се бе. Ќе дозволувате да ве мотаат.. Досадно му е на типот, си бара занимација, ќе си поигра со тебе, ќе те батали. Ти грешка си направила што си го спомнала, у негови очи испаѓаш ко да го бараш, ко да ти фали, и како да не му дигнеш его? А битно е и колку години си, како што те праша членот погоре, ако си помала, и забавно ти е нештово, терај си, шо да ти кажам. Пази само повредена да не бидеш, и тоа е тоа.
Срам ми е да ги кажам годините не сум баш мала.... Оти не се ценам доволно затоа и така ми прават. И со бившиот имав сличен проблем, прифати да се откаже од мене него ли да каже "извини".
Ова што го пиша да си го кажуваш себе си и да почнуваш да делуваш, односно заштитиш себе си, сакаш повеќе и после да те сака друг. Веројатно се заљубуваш и ти се допаѓаат емотивно не-достапни лица, односно според мене мафтачи.
Он те гледа како резервна гума. Туку како бе не си го заборавила за 6 месеци? Јас за тие 6 месеци, 10 дечковци и 5 швалери ќе си фатев, и фацата ќе му ја заборавев на овој
Ех Ади бе па и ти.. Ако ти значеле, ќе патиш по нив. Знам, не чини, ама јебига А за ваков тип нема шо да се пати, не вреди, па требала да го забораи, а не уште да се надева на нешто, и акциите да му ги крева.
Не сум заљубена во него, напротив...ми се допаѓаше од друг аспект и затоа бев толку по него, ама ете не вреди како карактер, а се надевав дека ете се сменил, со него се знаеме од порано.