Излегов со еден тип во септември што помина , излеговме 4-5 пати и прекинавме, престана да ме вика. После месец два пак ме викна да излеземе ама тогаш веќе имав дечко. Ме праша на фб за мислење зошто бил неуспешен на приватен план, и јас му одговорив за себе дека сум го проценила тогаш оти не е заинтересиран и оти сум сакала да го запознаам подобро ама не успеало. Од тој ден почна да покажува интерес спрема мене иако бев во врска, ми пишуваше на фб да излеземе , др као патиштата ни се разделени и сл. и ми велеше дека почнал да ме цени повеќе откако ме изгубил. Подоцна раскинав со дечкото ( од др причини) и после 1 месец почнав пак да излегувам на кафе со оној првиот. Ми рече дека сака почесто да се дружиме и да ме запознае подобро, но следниот ден се предомисли за тоа излегување утредента. Е сега не знам дали причината е ова : Пред тој ден го прашав на фб како сега пројавил интерес за мене а порано го немаше, ми вика порано не ми остави баш некој впечаток ама после твоите објави на фб некако ме заинтересира пак. И јас му реков дека ни тој мене не ми оставил некој впечаток, дека беше некако некомуникативен. И сега не знам дали причината што се предомисли може да е таквиот мој одговор за него.... Што мислите ???? Ме вика и понатаму да излегуваме ама не покажува ни дали му се свиѓам, ништо. Ниту ме вика да се дружиме и следниот ден додека е тука , како што кажав погоре. Ми пишува и на фб ама не до толку, некогаш пократко и на сеен ме остава, кога ќе му пишам најчесто не враќа одма туку после саат два. Што мислите, вреди ли понатаму да излегувам со него? Дали е заинтересиран? Не сакам да му бидам само опција.
Да, сериозно. Темата и постот се за давање совети , а не дали се добри или не прашањата. Ако не ти чини прескокни.
Ај ко ќе порасниш ке сфатиш. Едно исто прашање тој од к* не те мава таја прашва дали да му се вратела…. Ххх
Не е сериозен за тебе овој, само му мавало на его оти си (можела) да фатиш друг. Ако си и ти за таква работа, терај..
Сакам да раскинам ама немам баш систем на поддршка и се плашам. Тој беше единствената личност на која се сведе цел мој живот. Освен него, ја имам работата која исто не ме исполнува и каде секој ден работам по 10 часа, зашто ми требаат парите и немам некои опции. Немам многу време за социјализација и немам ниту круг на пријатели.. за хобија немам време од исцрпеност. успевам само да пуштам некој филм после работа и да заспијам на кауч сред пола филм од умор додека со господинот се игнорираме на дневна база. Другата опција ми е да се карам со него затоа што чашата сум ја ставила десно место лево или некоја друга работа што го исфрустрирала во моментот зашто му бил лош денот.
Јас мислам дека не вреди да му даваш шанса. Батали го. И одма да раскинеш. Не се секирај за понатаму. Ќе смениш поненапорна работа, ќе се социјализираш и ќе си најдеш дечко што ќе те цени.
Од кого ти треба систем на подршка за да раскинеш ? Ако нешто ти смета треба да разговараш со партнерот може некои работи треба да се разговараат директно ,може ќе се реши нештото ќе се среди заеднички.
Имам излезено со еден тип околу 8-9 пати до сега, но не покажал некаков интерес за мене во смисол дали му се допаѓам и дали има шанса за нешто повеќе во иднина. Инаку се тој ме вика и се мислам да престанам да излавам со него. Една другарка ме советуваше да не брзам да оставам работите сами да се развиваат дека времето ќе покаже...но мене ме јаде јанѕа да не сум му како опција само, да си фати некоја и да ме батали. Мака ќе ми биде тогаш. Што да правам?
На следното излегување прашај го на што сте. Директна комуникација и ќе ти се реши проблемот. На фемина не можеме да знаеме каков е при средбите, дали сака другарство, гледање или врска. Ако ти одговара ќе си продолжиш со него ако не ќе си бараш друг. Очигледно е дека ти сакаш повеќе.
Во фаза на запознавање сум со еден тип, излегуваме. Но некни ми пиша едно друго дете да излеземе на кафе со кој излегов порано 2 пати и многу повеќе ми се допаѓа од оној првиот, ама искрено не заслужува да излезам со него затоа што порано цел месец ме моткаше и на крај не излеговме. А многу ми се допаѓа. Што ми предлагате?
Ти предлагам да имаш емпатија малку.Баш денеска кога на никој не му е до ништо дојдено,ти се грижиш за твоите минимални љубовни проблеми
Не знам каков систем на подршка ти треба. Ама еве јас те подржувам. Баш ми звучи ко да си заглавена моментално. Осмели се, раскини и промените ќе почнат. Единствена личност на која што треба да се сведе твојот живот си ти. Кога ќе ти дојде во животот тип што ќе те цени и почитува, нема да ти се верува на што си губела време. Оди уживај, животот е краток и не е толку сериозен како што го замислуваме.
Дај му шанса на детево сега што излегуваш. Сама си кажуваш дека тој првиот не заслужува да сикочите пак. Може ќе се најдете со типов и ќе ти се засвиѓа многу повеќе од што ти се свиѓа сега. Јас да не дадев шанса на мојон што три месеци го одјебував пошто не ми се свиѓаше, сеа немаше да одиме две години (наголема грешка во живот ќе ми беше да не му дадев шанса).