Ми треба совет и мислење, особено од машките членови, но добредојден е секој совет. Со еден тип се запознавме преку заеднички пријатели, имавме излезено во друштво неколкупати. После одреден период ми пиша за на кафе, излеговме. После тоа кафе, после неколку дена човекот престана да ми враќа на пораки, а активен е. Дојде до момент каде воопшто не си пишуваме. А тој продолжува да се распрашува по други за мене. Као, ако не сака никаков контакт зошто прашува за мене некои трети особи. А пак ако навистина се интересира за мене зошто не ми враќа. Шо сака да кажи со ова?
Ако сеуште се распрашува веројатно го интересира што личност си... и какво мислење има наоколу за тебе, Макар што мене би ми било глупо така нагло да прекиниме да пишуваме и сеуште да прашува за мене.
Е од што? Не ме лажат ваљда, немаат причина да ме лажат. Ама тоа дека го снема, го снема. Зошто не знам.
Колку време тоа трае? Да не е нешто зафатен или има некој проблем..почекај ќе видиш. Многу пати и мене ме покажува активна на фб а не сум уклучена, не знам зошто. Во спротивно, најверојатно не е заинтересиран за тебе па на ваков начин се дистанцира, шо е ептен кукавички.
По мое ако не е усогласено времево или отпосла да прашува. Во смисла после прашувањето да го снемало, жалам ама веројатно не му си се допаднала можеби.
Прво почна со по неколку саати невраќање, потоа скоз нема отворено порака. Зашо пијам немам. На инста , сториња ми гледа и тој сам споделува
По мое, не е заинтересиран за тебе и затоа така се однесува, не барај објанување, таков си е изгледа. Има некои бубачки во глава.
Мое мислење е бидејќи не знае што да ти пише каков разговор да води и се плаши дека што и да пише ќе згреши и има несигурност во себе
Каква несигурност? Од што да се плаши? Он веќе излегувал и пишувал со неа до сега, па оддеднаш се сменил
Кога ме праша дали ќе излеземе му кажав " Не знам ќе видиме" , и почнав да го ругам оти не сакаше да излезе порано со мене па сега пак пројавува интерес. После во следните денови ми пишуваше тој прв а јас нему не, и поминаа 3 дена и пак ми пишува " ќе одиме ли на кафе некој ден" и јас му реков " арно ќе се договориме" , и вика " ај да се оправам малку алергијата ме фана " хахаххахјха Таков виран си беше порано, лани, а исто и сега.
По мое зависи од карактерот на машкото... Јас на мојата симпатија немам храброст да и пишувам многу пораки или таа кога пишува споро се плашам секој нареден пат да вратам и сега не сум и пишал еден месец
Почекај уше еден месец, и сто посто она прва ќе ти пише, на свадба ќе те викне, може и трудна ќе е...