Па и ја иам 33 бе, нема шанси да сме генерација. Батали ја ваа, после месец дена не и гајле за тебе, а ни тебе за неа. Ќе си најдеш нова, ќе и пишеш еднаш здраво , како си...утредента пак, па као како на работа , и третиот ден ќе ја викнеш на кафе. Ако не може демек, ќе си се повлечеш неколку дена, и после некој ден викни ја пак. Ако не може пак, тури и таквото. И повторувај вака додека не упецаш нешо. Вака ко за у живо не си ми баш сигурен, али и да ти се бендиса некоја, истата тактика, еднаш ја викаш, ако не сака, ок ако не може , ја викаш пак после некој ден. Е ако и тогаш не може, чао пријатно. Мислам, не е научна фантастика. какви допишувања, какви бакрачи ко у осмо дај да зееме да се покаме на Фејс.
Не сакам да спамам... Се плашам да не ме блокира и не пишувам, доволно ми е што ја имам на месинџер.. Комшика ми е врата до врата и понекогаш зборувам на разминување
Брат ако со среќен така добро ама ме се согласувам треба малку похрабрп, на неа ли ќе чекаш да те покани ? Па и да то речи не, барем нема да живееш во делузија.
Фала ти на подршката ми значи... Ја не пишувам на женски бидејќи не сум сигурен во себе а и плус сите ме одбивале ама оваа ми е комшика ми е опсесија неколку години од кога се доселив во зградата.. Од 2017 чекам да прозбориме и овој период од ноември до сега прозборевме... Како платонска љубов ми е... Да не пишам тука да не ме познае
Ако те блокира, значи никад не ни била за тебе. Треба да се најде некоја златна средина. Точно е дека никоја нејќе напорни, ама нејќеме ни апсолутно незаинтерсирани.
Имаш право јас и кажав дека сакам да пијам чај и да си поразговарам со неа она рече некој ден и така остана месец
Биди благодарна ако си здрава и жива, не може секој да те сака. Гледаш дека животот овде не вреде ни 2 денара преку ноќ ни снемува цели генерации, не па да се замарам дали некој сакал или не сакал нешто со мене.
Воопшто не. Има 8 билиони луѓе на светов, никој не е толку посебен за да го ставиш на педистал и да се нервираш оти те корпосал.
Не, благодарна сум што е искрен. Какви лажови ги има кога ќе пројавиш интерес гледа да ти изглуми дека го интересираш да си искористи што си може и после исчезнува.
Не, на крај краева подобро е така отколку да те матка со муабети од типот, не е до тебе, до мене е, ти си убава, паметна, јас не знам што сакам бла бла, класика машко.. Треба да цениш кога некој е искрен со тебе, можеби на почеток ќе ти биде тешко кога ќе ти рече, и криво ќе ти биде, на секого би му било, ама подобро е така него да си губиш време..
Секако дека не. Но, многу зависи од начинот на кој се кажува, не би се почувствувала безвредно, но повредено секако. Не бери гајле, ќе ти помине, ти работи и егото во такви ситуации, но воопшто не е страшно. Многу луѓе, многу шанси.
Ме интересира дали би се виделе со дечко со кој што се допишувате со некој, од различна држава од соседството, се гледате преку камера често и се тоа ок, додека кога се договарате за гледање Ви вика дека разговарал со татко му и татко му барал слика од Вас да ве види и бидејќи преку камера се гледавме со дечково, не му праќав слики искрено и не сум тип што баш сака да се слика полесно ми е камера, сега дечково ми вика као нешто.. Зборев со татко ми, ми рече да не одам бидејки не праќаш слика, ок (ќе Ве замолам да ме поштедите од непотребни коментари) што мислите од постапката на дечково? Инаку, ќе дошол во текот на годината овде бидејќи татко му има роднини во мојот град вика па тогаш да се видам јас со тебе.... Коментар?
Ако имап 15-16 години, не излегувај со него. Ако си постара, чекај да те праша да излезете кога ќе дојде.
Ахаха, најсериозно до мене е нешто или? Ми рече дека, нормално е да има слика да покаже на татко му и ќе дојде одма вака без слика, стварно не било ок да се иде некаде, му реков ама ме знаеш се гледаме секој ден, башка подобро камера, слика може од било кој да ти прати некој...