А социјални мрежи немате разменето? Иначе многу ми е чудно како типов бара дозвола од татко му да се видите. Исто и чудно ми е како се гледате на камера и ќе се гледате во живо а немате ни слика испратено.
Па како што ми кажуваше он живее на посебен спрат од неговите и као онака уз муабет го прашал што мисли и се предомисли да дојде
Немаш потреба од вакви компликации и сумљиви работи во животот. Кај што живееш нема мажи? Луѓе од крв и месо со кои можеш да си седнеш, да си правиш муабет, да искочите, да шетате, во живо да се запознавате со луѓе. Праќање слики, татковци, муабети на камера, непотребно е.
Ама дечкото тебе те знае, се гледате на камера. Плус нели нема да доаѓа во твојот град специјално за тебе, туку кај роднините. Најмалку е важно како човек изгледа кога се работи за врска и слично, така да, не знам, мене ми вришти затуцани луѓе левел милион.
Сега сакал да дојде поради мене, ама бидеќи не сум сакала слика да пратам за татко му да ме види (не сакам да ме рекламира и подобро што му немав испратено ) ми вика ќе дојдам во април мај таму кога ќе идеме кај роднините...
Да пишувам со дечко што ги прашува неговите за доаѓање кај некоја девојка ми е големо црвено знаме, освен ако не е под 15 г ама најсериозно, ти треба да си доволно паметен да процениш со кој се допишуваш и многу е посигурно кај вакви запознавања камера, отколку слика како што рече една членка секој може да ти испрати било каква слика врие интернетов од лажни слики, вака бар девојката на камера се покажува друго е ја знаеш која е, ама не бе, татко ми што ќе каже, овој ако не ги слуша неговите јас еве... А, ок тогаш кога ќе дојдат кај роднините ќе се види со тебе и после пак кога ќе доаѓа кај нив ќе се гледа со тебе или во меѓувреме ќе те запознае со татко му? Не знам, еве со еден дечко од Мк кој живееше во Швајцарија доаѓаше овде се гледавме, мајка ми знаеше пошто ми имаше донесено нешто и и кажав од каде ми е, само ми рече аа супер имаш дечко, ни слика ми побара ни ништо а искачав до 23 со него, мислам боже сачувај.... + уште ова, имав другарка која имаше врска од 2ипол години, ниту нејзините ниту неговите знаеа за таа врска и ден денес.
Тогаш супер, кажи му, ќе се видиме ако сакаш кога ќе доаѓаш кај роднините. Не попуштај. Или нека ти прати он слика заедно со татко му за да го видат твоите, и од роднините нека прати исто така. Бог да чува. Не попуштај, батали го, ако е заинтересиран те знае на камера, све друго е ептен непотребно.
Па да разбирам, ама мене ова не ми е океј. Не ми е нормално нештово ,незнам. Не ми се случило никогаш вакво нешто ,а и да ми се случи сигурно нема да излезам со тип шо сака таткому да ме види на слика и да чека негов одговор. И шо ќе коментира, аа сине убава е ако излези со неа или не бе нечини оваа грда е за тебе ти си татин син ќе ти одбереме каква ти доликува. Не, не ова ми е нешто ненормално. Никад не ми побарале моите слика од дечко со кој шо сум искачала освен ако не им покажам доброволно.
@Anonimnna5 дали јас би се запознала да сум на твое место? Не. Дали би те советувала тебе да се запознаеш? Исто така не. Типов изобилува со црвени знаменца, дури и тешко ми е да ги набројам од причина што се премногу детски, незрели, неодредени. Но еве да кажеме, по некој основ се одлучуваш да се запознаеш со него. Тоа стриктно мора да е на јавно место; кафич, ресторан итн. и твоите мораат да знаат. Без разлика дали се љутат или не, ќе кажеш јас сум на тоа и тоа место, со тој и тој. Чисто ради твоја безбедност. Со лесно, што и да одлучиш со ситуацијава.
Па нека излезе татко му со тебе да те види, таман можеш и овие од „Пантер“ да ги викнеш. Што ќе те гледа на слика татко му, побогу? пс. сега не се зафркавам, дај го блокот.
Дечки, фала Ви ама не ми делува татко му дека е манијак на тоа ако мислевте, туку ми имаше кажувано дека бил малце строг, бидејќи секакви девојки имало во денешно време и ете он живее на посебен спрат од неговите и мислам логично овој им кажал и дека друга држава не знам, иначе дечково ми рече преку ден да дошол да идеме на кафе, не ми делуваше ненормално се до ова не знам
Понекогаш се надевам дека некој у здрав мозок не дупчи овде, оти ако е така тоа шо го пишал....86 ајкју многу ни е.
Брее го нападнавте дечково, а што, демек еве пример давам, женско има дечко од друг град, тој доаѓа неколку пати и сега е нејзин ред, што мислите Вие? Нема дома да кажете дека идете кај дечкото? И Вашите би Ви рекле иди ќерко среќен пат, ај бидете реални би Ви побарале слика сигурно или би сакале да го запознаат.
Да беше женско у прашање, не слика, и крвна слика и извод од матично ќе бараат нејзините, за да знае каде оди, кај кого оди и што прави. Сите ќе алармираа за внимателност и претпазливост овде во коментари. Ама оти е машко, небитно е тоа... Епа, истото е де, и он треба да биде претпазлив, посебно што иде во друга држава. Нормално е родителите да сакаат да е на сигурно. А, и чим имаат роднини тука сигурно сакаат да се распрашаат која е.
Технички дечково и девојкава се познаваат, се гледаат на камера и комуницираат, полнолетни се. Дечкото доаѓа кај свои роднини, во град што го познава, така што сликата во овој случај е сасвим непотребна. Ако таткото сака да ја види девојката или да ја запознае, може да се видат кратко на камера и тоа е. По таа логика, како што реков јас, и девојката треба да бара слика и од него и од таткото за да се распраша шо луѓе се.
Веројатно му е срам на камера да се покажува, а и како ќе ја прати на роднините така. Нели треба да се распраша. Па, веројатно веќе се распрашала, што можела да се распраша преку него за неговите и неговата фамилија. Веројатно, и нејзината фамилија ако знае, може ќе инсистира да го запознае кога ќе дојде овде, да види што човек е.