Red flag е татко му да настојува да добие слика, па уште и за да ја покажува на други и да се распрашува, јас со такви не би си имала работа. Едно е сам да споделиш на родител дека имаш некого и да му покажеш слика, а друго е родителот сам да настојува и тоа со кој знае какви намери. И не е безбедност во прашање затоа што веќе се гледате на видео, поголем ризик е со некого само да пишуваш, а да не сака видео или аудио повик.
Читам ова со сликава, добро во кој век се заглавени нечии татковци, ама па синов? Па спратов од неговите, утре ќе биде и син е на неговите и се по нивно...
Во сам старт си го комплицираш животот. Самиот момент дека бараш совет од група на луѓе кои ниту ги познаваш, ниту знаеш кои се и што се, за толку чувствително прашање е премногу деликатно нешто кое може да те натера да направиш некаква дополнителна глупост. Дополнително, те доживувам релативно млада и неискусна по муабетов. Мој совет, не ти требаат циркузи во животот.
Дознав девојчево шо ме остај на seen дека имала дечко лол, ми падна камен од душава. Дај бе клавајте некое сликче на инста или фб, скријте го од тоа тетки стрини, чисто за останатиов народ да знајме на шо сме
Значи тоа што те оставила на син е доволен знак дека не сака комуникација без разлика што е причината. Мене би ми било глупо да се распрашувам после такво игнорирање....Сериозно имате проблем со зборот не.
За ти да не се мачиш да пишуваш сите да стават по сто слики со дечковците, лол. Мора тоа да ви се даде јасно до знаење бидејќи само кога друг маж е во прашање ќе се повлечите од почит кон него, а нејзиното "не" само по себе ништо не вреди. Не знам кога ќе се научите да прифатите одбивање макар и да не е тоа директно, па уште се распрашувал.
Ова се распрашувал го имаш разбрано ко небаре во ЦИА сум се јавив па да и барам историја до 10 колено. Другар мој шо беше со нејзе на факс колега, 2 збора муабет шо не вреди ни да се спомнат ама ајде. Чекај малце, нели требаше мажот толку лесно да не се откажува, 100 милиони рилсови имаш на инста од женски кои викаат дека намерно ги одбиваат првиот пат ( не станува муабет за секс) за да не испаднат лесни и к*рви.. па искрено ако видиш дека некој е во врска, сликани повеќе години, без разлика машко женско, општа култура е да не му се мешаш шо знам, можда и сум старомоден.
Ко што разбрав, си се распрашувал за неа бидејќи не ти враќала на пораките, и кога си дознал дека има дечко официјално си се повлекол, бидејќи е маж вклучен, нејзиното "не" не ти било доволно добро. Не знам што рилсови имаш гледано, ама кога станува збор за трудењето на маж се мисли на тоа кога веќе има взаемен интерес, не значи ти да ја спамаш во инбокс а таа ти се прави недостижна оти сака да си упорен (читај напорен). Не знам и кој ве научил дека ако сте доволно упорни (напорни) дека ќе ја освоите девојката. Не работи тоа веќе така. Во нормален свет, треба да знаете да прифаќате "не" и да се повлечите, без разлика дали е сингл или во врска девојката. Свесна сум дека сето ова иди од длабоко вкоренетиот патријархат, и реториката дека ако се "даде" жена побрзо била к***а, ако не глумела недостижна за да ја бркаш. Време е да почните да се однесувате како вистински мажи, бидејќи во денешно време никоја self respecting девојка нема да толерира никаков булшит од маж.
Јас и пред да го прашам другаров веќе бев повлечен, еднаш пишувам и нема шо да се повторуваме, упорно ме верглаш дека не сум го почитувал нејзиното "не" дека бил радо дечко шо имала, и еве и сега ти потврдувам како навистина стојат работите. Нормално мислам на ситуација кај шо има взаемен интерес, и да, треба малку упорност, мада и ова ти е погрешно сфатено, на упорност мислев ако не се договорите од прво да идете на кафе, па се одложува некоја недела две од икс причини, па се согласувате. Бев Германија, пишував со чупе 4 месеци, упорен бев да останам во контакт и ко ќе се вратам да се видам со неа иако не ми даваа одмор, па бидна работата и на крај се видовме. Ако ова шо ти го пишав на било каков начин испаѓа булшит према женско и незрело однесување према твој критериум, не знам друго шо да ти кажам, да бидиме живи и здрави.
Чекај да смисли, мислам малце ѝ беше досадно. Или се запознале на дејтинг сајт, па не сака да каже. Али во денешно време е прелесно да ископаш туѓа слика, може побарал некаква специјална
Те лаже. Да пратеше слика после нешто друго ќе најдеше за да не дојде. Од авион се гледа дека прави филмови, а која е причината не знам.
Едноставно е, ете. Ако сакаш да го запознаеш дечкото, да направите нареден чекор, да се запознаете во живо и слично, кажи му го тоа што навистина го мислиш (или сакаш или не сакаш да му дадеш слика). Иако сметам дека нема потреба да се умешува цела фамилија, може ќе падне само еден секс и стварно нема потреба до толку да се мисли, премислува и размислува околу тоа. Никој не може да ти каже дали е сериозен пошто има спрат, или дали или не татко му е манијак, тоа да можеше, сите ќе живеевме само убави искуства. Премери и пресечи, ако те откачи за една слика или за нешто што не сакаш да направиш, поарно, ихааа уште пеесет други ќе се најдат, не е трагедија.
Баш така. Се гледале на камера а и барал слика? Се знае за што бара слика, за да се фали во друштвото. Не е сериозен.