Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.089
    Допаѓања:
    9.007
    Пол:
    Машки
    За љубовта да биде вистинска, треба да се гледаат. Ако комуницираат само преку телефон и социјални мрежи, тогаш како може да има љубов?
    Точно е дека нема пишано правило колку треба да се гледаат за да има љубов, но дали и ако еднаш неделно се видат, би постоела љубов помеѓу нив?

    Праксата до сега, барем кај повеќето од нас, покажала и докажала дека доволно е 4-5 пати неделно е добро да се гледаат паровите, со цел одржување на врската и љубовта. Значи ова не е нешто научно докажано и дека така треба да биде, туку се водам од тоа како со толку гледања се развивала врската.

    Секако дека нема да пропадне врската и ако еднаш неделно се гледаат, но тоа е од ризик. Тука се ствара најмногу љубомора, тага, па се до завист.
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Just_a_kid

    Just_a_kid Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Убаво е ако имаат можност што почесто да се гледаат, ама некои едноставно не се во можност толку често.
    Во врски кај што од х причини не се гледаат многу често мораат и двајцата да бидат трпеливи, потребно е и голема доверба и потешко е да се одржува, ама не е невозможна.
     
    На eliesaab, Компир Манџа и tigrica92 им се допаѓа ова.
  3. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    537
    Пол:
    Женски
    Па со тек на време кога ќе стане поозбилно сигурно повеќе ќе се гледате, ако не зачестува со текот на времето тогаш треба да се замислиш и да разговараш.
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    2.642
    Пол:
    Женски
    Барав некоја тема за долги врски, само не најдов, па реков тука ќе си кажам.
    Што кога во врската се е добро, само што додека стапите во брак ќе треба да биде после 10+ години врска?
    Дали мислите дека човек може да се презасити од врската за сите тие години?

    Околу мене голем дел познаници парови што беа заедно од тинејџерски години и поради некои причини малку пред 30тите кога веќе средуваа станови и се спремаа за брак, раскинаа, затоа и се подзамислив на темата. Има и успешни приказни, но првиве преовладуваат некако.

    Јас сум во ситуација да сме заедно од средношколски денови, веќе долги години сме заедно, но бракот не ни е во план за следните 5 години.
    Дел од причините се немање наше место за живеење (aко се земеме треба да живееме со неговите во куќа за кое двајцата сме согласни дека не ни одговара), дел е кариера во прашање, а мал дел и тоа што уште сме млади и не сакаме да брзаме само зошто сме биле 5+ години во врска, па мора да биде бракот што побрзо.
    Убаво ни е во врска, имаме време и за се друго во животот, се остваруваме и на други полиња во животот, се е во ред.
    Договорени сме да собираме пари за станбен кредит, веќе дел од сумата за учество за кредит ни е собрана, ама ќе треба уште време додека се тоа се среди како што треба.

    Наши пријатели што покасно од нас започнаа врска, веќе се верија и размислуваат за свадба, па се повеќе во наша околина е ова тема. Ние сме тема на муабет во смисла, "ее ние сме заедно пола од времето во врска што сте вие, па се веривме, заедно живееме, ќе правиме свадба, ајде што чекате вие, се сакате" и 300 глупости. Родителите не се мешаат и не не притискаат, напротив јас од дома имам целосна поддршка за мојата одлука. Повеќе е муабетот од пријатели, колеги зошто дојде тој период кога голем дел дипломираа, се вработија и следниот период е веридби и свадби околу нас, што ме натера гласно да размислувам.
     
    Последна измена: 5 април 2025
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.810
    Пол:
    Женски
    Душо, не знам сега да не генерализирам, поаѓајќи од моево окружување од маживе што сум разбрала.

    Машко коешто е навистина заинтересирано, сака и сам инсистира често да се гледате.

    Значи не е работата колку често се гледате, колку што е ставот на машкото по ова прашање.

    Малку ми е чудно ова за викендите затоа што обично баш тие се резервирани за партнерот.

    А најлошо е тоа што не гледаш некоја желба или интерес за гледање, крају краева, тој е машко , тој треба да инсистира на почесто гледање особено на почеток. Прашај го отворено, кажи му дали сметаш дека доволно често се гледаме. Спрема одговорот што ќе го добиеш ќе си постапуваш.
     
    На Panda00, Mumoftwo30, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    17.937
    Пол:
    Женски
    @marsilia велиш малку пред триесеттите раскинаа многу парови, тоа е зашто триесеттата година сама по себе ти прави пресврт и веќе не размислуваш така како што си размислувала. Буквално е преку ноќ. И тоа чекање измеѓу за да се средат некои работи, куп планови, вака-така, па тоа „ништо не ѝ реков, надркана е“ - се служам со практични примери, придонесува да се подгрее и трансформира љубовта во фрустрации.

    Мене никој не може да ме убеди дека машко треба да чека х години за да биде сигурен дека ти си таа, зашто многу знаат уште од почеток дали ќе се или нема да се до крај, ама како да кажам..им одговара бесплатен секс, нешто што женско го сфаќа откако ќе се осети баш така, искористено. А тек па најглуп момент е кога ќе се залаже женско и ова отворено ќе го дискутира, па класика приказни како сексот е заедничко задоволство, ама зошто тогаш тапка работата во место? Сумирано, плановите и не ти се некоја гаранција за нешто, напротив, за полесна манипулација.
     
    На Mumoftwo30, Amellie13, tessie и 7 други им се допаѓа ова.
  7. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    2.642
    Пол:
    Женски
    Воопшто нема такво нешто кај нас, изгледа не си ме сфатила баш зошто нигде не спомнав вакво нешто, ниту мислам дека се двоуми дали сум јас таа. :D
    Тој е дури и поспремен е за брак од мене и би сакал поскоро, јас сум таа што не сака сега во овие години. Плус, нема шанси да прифатам да живеам во заедница. Додека не се реши станбено прашање, брак не доаѓа во предвид.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.470
    Пол:
    Машки

    Не си во право, ми треба време да ја запознаам дури да видам како се однесува под притисок, со роднини, со обични луѓе на улица, ко че е болна, или јас сум болен, како реагира ко че се нема пари и слично. Дома ако се можи да поседите е тек тогаш ќе размислуваш за брак и слично. :)



    А до членката, да не слушаш многу наоколу шо те тераат, оти тие нема да то го уредуваат животот, некој порано некој подоцна како мислите е најдобро така. Не секој е богат или сиромав...
     
    На simoncelicius, Малечка Малинка, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    17.937
    Пол:
    Женски
    @marsilia ајде и да не сум сфатила, еве неспремноста пак е нешто поврзана со врската. Зошто не си спрема, е индивидуално. Ако вистина ти е убаво и нема никакви несогласувања, напротив - треба да си и доволно од спремна.

    @Stark не знам зошто секогаш си одговараш во твој стил и го доживуваш мислењето како за тебе да кажувам. Ова горе не е некоја тајна, ќе ме разберат тие што треба да ме разберат. За понатака не би да навлегувам во офф-топици.
     
    На neno0o, izgubena:), CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.470
    Пол:
    Машки

    Ти зборуваш дека не можи да те убеди машко, веројатно мислеше на било кое машко, не мора дефанзива да фаќаш си разговараме можеби ќе смениш мислење, не секое машко му е најбитен сексот. :)
     
    На simoncelicius и senjorita-v им се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    17.937
    Пол:
    Женски
    Не е дефанзива, одговорив како што е. А зошто мислам така, не треба нешто посебно да се правдам оти на секој му е даден ум и разум и си сфаќа кога треба да сфати.

    Ако ти мислиш дека тоа богат и сиромав што ги вметна влијаат некако - не. Работи за средување секогаш ќе излегуваат, биле или не биле во брак, биле богати или сиромашни, секогаш ќе се најде некоја рачка за фаќање. Просто нема момент да рече некој дека сето му е средено и ако чека до овој момент - никогаш и нема да влезе во брак.
     
    На izgubena:), CameliaMiller и mickey18 им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.470
    Пол:
    Машки

    Ако не ти е фамилија, дрско и безобразно е да ти зборува некој и уредува животот пошто не знајме на некого како му е и со какви проблеми го снашле. :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    17.937
    Пол:
    Женски
    Пак не ме сфаќаш што сакам да кажам. Ниту некому му го уредувам животот, ама веќе ако некоја сака да слушне (различни) мислења и пишува на форум - треба да е спремна на тоа. Ако не е, не мора ни да прашува, зашто која е поентата да слушнеш исти мислења?

    Иако ниту се изразив безобразно, туку само се задржав на делот зошто обично се случува тоа што се случува околу триесеттите години - а истото беше започнато од членката.

    Ме изненадува како во последно е станат форумов осетлив (не го паметам таков), а човек треба да испребира поими изгледа по стопати за да не некој се најде повреден.
     
    На Mumoftwo30, izgubena:), CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.470
    Пол:
    Машки

    Го цитирам нештото "мене машко не можи да ме убеди" и така натаму.. а сега препрочитај си се и олабај. :D
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    872
    Гледај во ред е што знаете дека и двајцата сакате заедничка иднина, сте разговарале за тоа и во ред.

    Но, имај предвид дека ниту еден разговор не ти е гаранција. Може да чекаш 5 години и да раскинете и да се омажи за друга за 3 месеци. Нема правило во оваа работа. Може да се верите после 5 години и да сфатиш дека не е тоа тоа и да си заминеш.

    Врска ≠ брак.

    Никогаш, апсолутно никогаш во врска не се понашај како да си нечија сопруга бидејќи така си лесен сигурен плен кој може да го врткат со години дека "ќе биде". Да мислам за кредит со некој што не сме во брак? Па да ми се врати како бумеранг после ако раскинеме да треба пола живот да отплаќам стан во кој нема ни да живеам веројатно...

    Не велам да раскинеш или нешто, само живеј си ја врската како врска и не мисли на брак, кредити, свадби доколку и двајцата не сакате бидејќи само психички ќе се измачуваш.

    И тоа е, според мене заеднички кредит во врска не е.
     
    На butterfly6223, Mumoftwo30, izgubena:) и 5 други им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    17.937
    Пол:
    Женски
    Мој личен став е тоа, ако немам свој став значи треба да усвојувам други? Ама не ми е видикот ограничен, па да се вреѓам од туѓи гледишта.
     
    На Stark и mickey18 им се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.877
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е до балканскиот менталитет, дали е до воспитувањето, не знам стварно, ама не потклекнувај на притисоци од околина каде сѐ уште е нормално једино исполнување во животот да ти биде брак. Бракот не е никаква гаранција дека дечко ти е сигурен во себе/тебе, најмногу парови кои ги познавам се земале пошто им се "испуштило" бебе иако не живееле ни еден ден заедно, ниту се познаваат, ниту се нешто заинтересирани реално за брак, ама никој нема муда да признае дека е така, и од бес, или не знам од кои причини, само зборуваат колку се среќни и дека СИТЕ треба да го следат нивниот пример, ако не, вечито ќе бидеш сама и несреќна. Ќе дојде периодот кој ти ќе одлучиш да дојде, брак, работа , дошколување, шетање, деца, било што. Уживај во тоа што го имаш, верувај ми дека тебе ти е стопати поубаво од тие што се во брак, само опуштено.
     
    На simoncelicius, Mrs. right, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  18. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    2.642
    Пол:
    Женски
    Секако, свесна сум за се ова и се согласувам со се во целост.

    Нема да имам јас врска со кредитот, на негово име ќе биде земен и плус веројатно ќе биде зграда во градба што ќе се чека некое време. Можеби после ќе помогнам финансиски со уредување, реновирање или во брак ќе помогнам околу побрзо доплаќање на кредитот, би регулирала тоа после со доказ за вложување на нотар т.е како и да е таа процедура, сме разговарале за се. Пред брак не вложувам финансии.

    А и тој не сака ниту родителите негови, ниту јас да сме вклучени во отплаќање на тој стан, целосно негова одговорност ќе си е. Негова одлука е, наместо за кирија да дава пари, да си вложи во свое и да си има стан во кој после ќе градиме фамилија. Тоа сме договорени уште многу одамна, секогаш со отворени карти се играло во врската и сме ги дискутирале сите можности.
    Тој е 3 години постар од мене, пред мене дипломираше и се вработи, финансиски моментално е во подобра ситуација од мене.
     
    На Oscar Lady, simoncelicius, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    872
    Не треба никогаш да ги слушаш другите.

    Јас сум 5 години во врска и сме 25+ и двајцата. И двајцата сакаме брак и да живееме заедно, но некако моментално ми е подобро да не сум во брак бидејќи сакам уште некое време без обврски за домот. :D

    Муабетот Х години сме заедно и Х години е постар паѓа во вода. Има милион приказни и ситуации пример колега мој кој е 32 год ја чекаше нековата бивша да заврши факултет, па да се вработи, па да прошетала и му здосади на човекот си зема друга жена за пола година. Други има по 15 год си се влечкаат во врска без проблем. Нема правило. :D

    Ти најдобро го познаваш и знаеш што сака и дали ви се поклопуваат коцките.
     
    На simoncelicius, tessie и marsilia им се допаѓа ова.
  20. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    13.553
    Јас секогаш велам, има разлика од "сака да се ожени со тебе" до "сака да се ожени".

    @marsilia Повеќето кои нашле за вас да зборуваат и да паметуваат дека тие пред вас се ожениле, може да се кладам дека се дефинитивно во втората категорија.

    На кои им е најважно што побрзо да стапат во брак и со било кој, a не од што многу го сакаат тој живот, туку баш како што опиша Абел.

    Јас би ти рекла, живеј го својот живот како што се чувствуваш одвнатре. И размисли за партнерот, што то вели интуицијата, ама најискрено?

    Честопати, може сè да е совршено, ама да има некој глас одвнатре да вели дека something's off, па подоцна и да се покаже дека и било off.

    Кај вас верувам не е така, само ви фали културно да ги одјебете малите умови во вашето опкружување.

    Мислам дека е супер што дечкото покажува одговорност навремена, каква што повеќето ја немаат.
    И супер е и што си доволно паметна да не инвестираш пред брак.

    Кога ќе ги подобриш финансиите, развиј план и резервен план :*:

    Ти посакувам и ви посакувам среќа, љубов и уживање во животот, без многу да ги слушате другите :f:
     
    На macysh, simoncelicius, rainbowec и 4 други им се допаѓа ова.