Во право си. Ете и денес требаше да изл ме извиси наводно некои гости им се најавиле дома. Така да, кревам раце, не планирам да бидам опција. Фала на сите што ми ги отворивте очите.
Здраво на сите. Ме мачи нешто во последно, па бидејќи не сакам да разговарам со другарки за ова, решив да прашам за повеќе мислења на форумов. Почнав да се гледам со еден дечко, еве веќе 5 месеци, тој има 29 јас 25. Навистина е океј човек, ме почитува, премногу се труди и работи, грижлив е и многу други позитивни работи. Но, неговото понашање почнува да ми станува голем проблем. Понашање од типот "се глупира", или некогаш ќе се избаци со некое глупаво однесување, на пример зборуваме собрани друштво некој разговор, и ќе почне гласно да пее или да се глупира нешто. Или на пример, редовно става стори на инстаграм во 'close friends' обавезно проследени со некој селјачки текст кој ужасно ме лади и иритира кога ќе го видам. Тие текстови се ептен селјачки, дури и незгодно ми е да пишам некој цитат. Или на пример ми се снимаше со внука му каде што го бакна и овој вика 'Оу мај гад' тука пред сите. Можам да додавам уште многу во низата, но се надевам дека ме сфаќате за што зборувам. Од друга страна, почесто е доста сериозен, многу сериозни и deep муабети знае да прави, се труди да ме разбере за се, доста е сериозен и со луѓето на професионално поле, а и општо гледам дека доста луѓе во неговиот живот се потпираат на него за некои сериозни работи, стабилен е и се тоа, ама овие детски глупави и селјачки занесувања ужасно ме иритираат. Не се понаша вака 24/7 но сепак. Јас сум посериозна личност, и досега се си мислев да не е можеби затоа што не сум многу излегувана и дружена во животот, па сега ми е чудно кога гледам различни карактери. Но не знам колку е нормално за скоро 30 годишен маж да се понаша вака... Да ми беше лошо со него во некој друг аспект, одма знам што ќе направев, но сега сум на голема мисла.. Навистина ми е убаво со него, се чувствувам мирно и сакано, но ова почнува да ме тера да се запрашам дали ми доликува да бидам со него (во карактерен аспект, секако дека и јас имам маани). Не знам ни дали би била добра идеја да му кажам, прво не сакам да се навреди, второ не мислам дека карактер се менува, иако секогаш ми вика да му кажам се што ми смета, па ако можел да го смени ќе сменел ако не ќе сме најделе некој компромис. Но за карактер, не знам... Многу би ми значеле мислења вака од страна.
Според мене нешто најубаво за еден човек е детето во него никогаш да не умре. Јас искрено не сакам премногу сериозни луѓе, станува досадно со нив.. Малку ми е кринџ она пее кога сте во разговор, не ми е тоа како детско однесување, како да не е заинтересиран за тој разговор или воопшто не слуша другите што зборуваат. За цитатите сите у клос фендс ги ставаат најглупите работи што можат да постојат. Зависи тебе колку ти смета, според мене подобро разговарај со него не е ова доволна причина за да му раскинеш. Ако знае како со тебе ако се сакате или разговарај или прифати ја неговата мана. Точно онаков совршен како ти што си го замислила тешко ќе најдеш со сите точки што сакаш да ги има. Седни разговарај ама најди зборови да не му го убиеш детето во него. Верувај многу ќе се смени, кога ќе умре детето во него, ќе постане ладен човек, премногу сериозен..
@Ver1ca Според мене, штом имаш потреба да напишеш долг пост на форум, значи сигурно нешто поголемо е проблемот. Сигурно за едно хумористично стори не е. Сaмата велиш неговото однесување почнува да ти станува голем проблем. Значи или тој навистина има сељачко однесување кое не доликува, повеќе од опишаното или веќе не чувствуваш толку љубов кон него, па секоја банална работа ти смета. Можеби е едноставно некомпатибилност во прашање, која сега дошла повеќе до израз. Секако подобро знаеш од нас. Но, според мене, не треба да си го трошите меѓусебно времето, кога нешто едноставно упорно многу ти пречи кај партнерот и не ти дава мир. Не е па ни поентата да бидеш во врска и да ти смета нешто толку многу секојдневно, а да се убедуваш дека е под тепих.
Не, нема друг поголем проблем, туку само тие избаци и понашања на моменти многу ме иритираат. Тие сториња би биле хумористични за 10 годишни деца, верувам дека на никој не му се интересни туку селјачки и глупави. Чувствувам љубов, ми годи неговото присуство, се согласуваме во многу погледи од животот, затоа сакав да видам мислења од страна пред да направам било каква одлука.
Немој да ме сфатиш погрешно, ама можеби си избрзала што за кратко време после развод си се впуштила во врска. Можеби си мислела дека така побрзо ќе го преболиш разводот, ама ете се покажал каков е, дај си време. Не ти треба уште еден како поранешниот.
Дај пример што е според тебе сељачко стори. Вака од напишаното не можеме да ти кажеме дали е само твое субјективно мислење или е објективно. Додуша најбитно е твоето, како ти го доживуваш него ама кога веќе праша за мислење.. Ако толку ти пречи тоа негово однесување, тогаш не сте добар меч и тоа е тоа.
Има еден цитат, вика најди маж со добра смисла за хумор, проблеми секако ќе имате и ќе те нервира, барем да ти биде интересно.. Треба да седнеш и да разговараш со него на оваа тема, да му кажеш дека ти смета тоа негово однесување, дека треба повеќе да внимава, притоа потенцирај дека не сакаш да го смениш ти него, него малку повеќе да внимава.. Иначе зашто се осеќаш дека ќе се навреди, дали со нешто некогаш предизвикал да се чувствуваш дека се навредува кога му укажуваш на критики? Размислувај вака, дека со тој човек треба во иднина да делиш се, и дека ако сакаш да градиш цврста и здрава врска, здраво е да зборувате за тоа што ти смета, бидејќи не зборување за проблемите доведува до токсична врска и незадоволство..
Зависи дали е онака опуштен, шегобиец, забавен неговиот разговор и општо карактерот, сака вицови, се шегува на своја сметка и на туѓа,, Но многу е битно да е интересно но никако увредлив со прости шеги односно увреди према некој и да не биде онака сељачко неговото размислување или кикотење кога некој прај некој разговор, не знам сама препознај шо ти смета, смешно е тоа шо го кажува или простачки ти делува. И сепак луѓето имаат не едно него сто лица пред тебе сериозен добар, грижлив но онака со некого кога ќе го забележиш одма излегува неговото вистинско лице и вистинскиот карактер. Кога некој разговара со некого ако ништо не можиш да кажеш подобро ќути слушај Али кезење онака без врска нешто е офф со него.
Па ќе ја поддржам @eliesaab во мислењето оти поминав слично нешто. До душа, ние верени бевме, иако свадба како свадба не беше на повидок и со тоа двајцата бевме согласни. Пак е ова само мое искуство и не знам дали е сечие, ама ќе се дрзнам да мислам дека е на повеќето жени со кои сум разговарала, а сме биле во повеќе или помалку слична ситуација. На 30 немаш веќе нерви за зборување и неисполнување. Зборувам за секакви ситуации, за секакви "ќе биде вака и онака" што се тргнеле наназад 10+ години (во мојот случај), работи кои сами сме се лажеле дека не ни сметаат или дека со нив можеме да живееме. Имам по теми пишувано и да не пишувам по ред сè: со екс штедевме за куќа (учество), купивме плац, направивме проект, поднесовме документи во општина... тоа пропадна, продадовме плац и проект, почнавме да живееме заедно под кирија, имавме за учество за стан, ама ситуациите кои не ми беа јасни претходно, ми се разјаснија (верувам и на него, не сум јас совршена). Ако нешто те советувам, АКО, не се мажете и женете, ама живејте заедно пред брак. Многу работи ќе ти станат појасни и дали воопшто ќе сакаш да бидеш во брак и да имаш деца со тој човек. Едит: @Polyincognito ова е преточно, првата реченица.
Ти си сериозна личност си пиша и се гледа дека цениш и посакуваш сериозност од страна на партнерот. Тој и да му преречеш што ти смета не ми се верува дека ќе се смени туку ако му значиш само пред тебе ќе се воздржува, ама во друштво пак ќе избацува од бисерите. Сега твое е да си одлучиш и премериш што би толерирала и зошто, да не се најдеш во ситуација еден ден да ти пукне целосно филмот и залудно да ви биде на двајцата трошеното време. За другава тема парови што се влечат со години, дали се заситуваат или не. Јас познавам само еден пар што се влечкаа со години, уствари сега на уште еден ми текна, од средно заедно и по низа неверства и прекини се земаа и двава пара. Повеќето со долги врски од средно знам раскинуваат за навидум вака од страна гледано ситници, ама ете не биле за парот тие ситници толку ситни. Еднаш прочитав една членка на некоја тема тука дека сите не влегувале во брак од љубов, туку од други различни причини и ми падна чудно. Ама кога погледав наоколу и подразмислив исто приметив има мажи кои сакаат да се оженат само со тебе и никоја друга, а има мажи кои би се ожениле со секоја друга освен тебе само да се во брак така што избегнувајте ја вторава категорија. п.с. Има и трета категорија што поима немаат што сакаат и или никад не се во врска или се влечкаат можда и 20+ години во врска е сега и овие се дискутабилни, ама според мене се за избегнување исто така.
@Ver1ca , обично во close friends се објавуваат работи коишто и самите сме донекаде свесни дека не се најокеј однесување во јавност, а имаме потреба да се искажеме, па close friends опцијата постои за тие или сигурни пристаништа или оние коишто се дека нема да те осудуваат . Така што, ти си знаеш најдобро. На фин начин можеш да му кажеш како се чувствуваш во врска со тоа и најдете некое заедничко решение, ем тој да не се чувствува апла цензурирано кај тебе, ем да не ти оди на нерви. Да не си девица или јарец? И јас така сум сериозна, некогаш и премногу, ама пак се обидувам да го победам тоа затоа што сум во позрели години , веќе сфаќам колку брзо минува животот и сакам и малку радост. Секако што не го менува мојот општ став за одредени работи. Денешно време многу е тешко да се најде некој со којшто можеш ама баш да кликнеш. Така што стави си на кантар зошто да, зошто не и што може да се направи за второто. Штом прашуваш дали да го оставиш, не си спремна да го оставиш биди сигурна. Татко ми ми го даде овој совет затоа ме немаше во љубовни проблеми иако поминав низ тешка разделба. Од старт бев свесна дека кога ќе си спремен да раскинеш, не ти треба консултација со никого. Така што размисли убаво, стави ги малку на нечујно сторињата и размисли.
Сите си сме кринџ на одреден начин, и ко ќе сме комотни со некој (пријатели, партнер, close friends на IG) тој кринџ излегва на виделина. Е са, важно е тој кринџ да се поклопва со кринџот на партнерот. Пошто ако не, едниот ќе се срами од другиот и така. Сакам да кажам, it's not that deep ако можиш да поминиш преку различна смисла за хумор.
I am with you on this one, најмногу затоа што мене ова ми го има кажано машко. Тој ми рече на нас во природата ни е многу пред вас да одлучиме дали некоја е за брак или не е. Затоа ако сме накај или по 30 и се влечкаме со вас со години, we are here for the treatment, not the person and definitely not marriage. Eдинствено ако нашето светло за брак не светне кога нема нешто подобро во околина. Тогаш па, бракот може да замислиме колку би бил добар. Нешто што сакаме да го имаме засекогаш, нема лесно да дозволиме да ни избега. И тоа како се понашала, колку била фина како се понашала во друштво и слично не се ептен главни критериуми. Мал милион примери знам, какви фини, отмени, убави девојчиња за какви имаат оставано. На машко лична компатибилност му е битна, така е создадено и општеството, сѐ што му е мерак на мажот да е океј и дозволено. Еве пример кај мене на работа, каде има завидлива, чифутлија, злобна, драма краљица и слично, од 10 такви , само 2 не се мажени. Не велам дека сите мажени се такви, велам дека голем дел од таквите се мажени, така што мажите најголем дел од тоа што го збориме не го ни слушаат, така што ... како седела, како го пиела кафето, како се понашала е, ама и не е битно и истото не е студија за која треба чекање и влечење со години. Така што, ако во први месец и пол те нема спомнато на блиски, а првите три месеци барем на еден член на семејство отприлика, баарем брат или сестра треба да ти е јасно колку е саатот. Ете ја Лана дел Реј се омажи со тип којшто влечкал вереница 9 години. Тоа влечкање само значи комфор зона додека не наиде пленот што ми треба за брак. Другарка ми се омажи со странец којшто го запозна додека беше на работа во Македонија. Човекот после 2 недели гледање, му рекол на другар му, јас ќе се оженам со неа догодина. И точно тогаш се земаа. Главни карактерни црти да се приметат не треба години да поминат, времето е подобро запознавање и гледање дали финесите може да се исхармонизираат до компатибилно ниво. Еве сега детето на школо им оди, а они си се супер. И тоа за многу работи као за нив многу важни на крајот на денот се направи многу убав компромис за да не ја изгуби другарка ми. Значи, тоа е тоа. Така што набљудување на ситуација и будност во првите недели од врската се клучни, секако , ако намера ви е нешто озбилно. Мажите многу јасно даваат знаци ако сакаме да ги видиме. И никако кажување, направи го ова, направи го она. Со таа што сакаат да се земат, многу добро знаат што и како треба да прават, сите наши коментари , само ги вежбаат за врската со, за нив, вистинската. Затоа има многу што викаат, четири години што го молев за нешто, со новата девојка се случило за 4 месеци без да му спомне. Ете, тоа е тоа.
Скроз точно. Ама не е муабетот да ,,вежба" некој на некоја во стабилна врска (велам стабилна зашто често ние женските знаеме да ја поистоветиме како таква); туку во најмала мера да си каже. Но што па да си каже, добива тоа што му треба и му годи.
Многу се согласувам со муабетот погоре. Знам бидејќи изгубив неколку години со некој што не беше никогаш сигурен за мене. И по мене никогаш не беше сингл, одма премина на други. Едно е кога сте деца и го имате целото време на светот, но во зрели години да сте и на маж со години да не му текнува ни да зборни за брак камоли да планира, бегајте далеку и не си губете време. Знаат добро тие и за врска и за брак дали сакаат некоја, жените во никој случај не треба да се "борат" за да бидат вредни за тоа во нивни очи.
Кажи му што ти смета ама на мирен и тивок начин. Ако е маж, ќе проба да си ги поправи грешките. Не е во ред да те иритира со глупости. Ако е дете и тера инает свесен дека те нервира, не ти треба таков. Има луѓе енергетски вампири, ако видат дека нешто ти смета, уште повеќе ќе прават за инает и после ќе те обвинат дека ти си виновна.
А зошто ако на жената и текни да зборни, би било тоа проблем? Мора секогаш мажот да почне тој муабет? Ви верувам на муабетите, што сте чуле и виделе, но не е некако пасивно жената да чека на мажот да го спомне зборот брак?
Можи да спомни, но целата поента е дека маж кој има сериозни намери никогаш нема да те натера да се сомневаш дали стварно гледа иднина со тебе или е само за корист и тепање време додека не се појави друга. Затоа има толку случаеви кога после години и години бидење со една се разделуваат и се земаат со друга после само некој месец, или без проблем го прават за новата нештото за кое претходната требало да ги моли. Можи да се спомни брак општо, но не и е место на жената да биде главен иницијатор на тоа. Бидејќи никаде нема да води тоа. А времето е необновлив ресурс, не се троши на луѓе што не се сигурни за тебе.