Јас мислам дека никој од прв ден нема да ви даде до знаење колку е сериозен и дека сака да се ожени со вас, ако не сите барем овде повеќето би се согласиле дека ќе бегате дури ве држат нозете, затоа што е крипи и јас би бегал од жената. За да почнеш да размислуваш околу таа тема брак сметам дека требаат барем 3-4 месеци најмалце да се гледате, комуницирате и запознајте, па тек тогаш ќе сфатиш дали треба да се размислува за брак.
За ова те поддржувам дека кога ќе дојдат оние години... машкото да треба спомне за брак и дека треба да ја побара жената. А за ова за тепањево време што го кажа го прават женските повеќе од машките, бидејќи имаат повеќе прилики од машките. Ќе му врзам филм на овај да го искористам, па со овај да се промафтам, па на овај да му ги земам парите, па чекај со овај за секс, со овај вака, со овај така. Да не ме сватиш погрешно, не велам дека ти вака правиш, но знам мнооооогу женски што си играат игри со машки. Дури и со повеќе истовремено. Реално женските имате многу поголем избор за менување од нас машките.
Можам да се надоврзам на ова како една приказна. Во средно се гледав со една, а сестра е одеше можеби 6-7 години со исто момче, сериозна врска. Се скараа и потоа си најде друг, па по година-две се омажи за него... Е сега кој кого раскинал или не му одговарало не знам, ама ми нема логика да раскинат после толку време...
Реално, има луѓе кои сакаат да се во вечни врски што не водат никаде. Guilty as charged сум и јас за ова, со тоа што веќе ни врска(и) не сакам. Разликата е што многу од мажите генерално се на мисла "да пробаме, па што биде", а најчесто не бива ништо и НЕ се искрени, е проблем за жените кои уствари сакаат да се скрасат. Буквално некој им го троши времето џабе. Не дека на прв дејт/поглед можеш да знаеш е со оваа ќе се оженам туку секоја од нас (или речиси секоја) има искуство каде што била во врска, во која реално, била сама, типот никогаш немал намера да се помести од статус кво, арно му е as is. Што е баш, баш себично. Едит: штета што сме мала земја и мал pool, инаку скроз легитимно би можеле луѓе да се запознаваат на дејт мрежи со назнака "сакам брак, деца, all of it". Да прескокнат guessing фаза, пошто некогаш било дејт-ту-мери, сега не баш. Едит 2: технички, јас му реков на екс да ме побара. Ама исто му реков уште многу порано да не му паѓа на памет да ме "изненадува" и да pop the question и да се притресуваме. Немам проблем ни следниот да го запросам, ако некад решам да се мажам actually.
Ако сакам да не губам време, кога сум спремна, јас би го побарала. ( ова за следен живот) Многу ми звучи чудно тоа "не и е место", за мене партнерите имаат еднакво и исто место. Нема несоодветно место. Друга приказна е ако некоја девојка/жена сака да биде запросена, па прстен као тајно бира "момакот" , па латици од ружа, или не дај боже јавно бламирање за на тик ток да ги има, па можеби и од татко и да ја запроси... Премногу 19-20 век... Нема што жена да драми, чека, или не чека. Мислам, се разбира дека секоја со својот избор, ама претходно цела драма се напиша, тоа психологии и слично. Се сложувам дека или сака или неќе машкото, но исто или сака или неќе и женското во парот, ( или геј парот). Да чекам, и да се молам, натални карти хороскопи да правам, да натукнувам, по свадби да фаќам букети, мало сутра... Јас со партнер сакам да бидам, не со црв.. Кај мене никој никого не побара, заедно одлучивме. Баш е она вистинското, кога знаеш, знаеш. Е ама не се само машките тие што знаат. Барем во друштвото, од сите другарки ниедна немам што "патела" да биде запросена, зрели луге знаат каде води патеката што ја одат. Церемонии на запросување, као таа глуми изненадена, ми се блазе. Мое мислење.
Многу е важно да знаеш и поради каква причина сака да се ожени тој. Многу од нив се женат да изгледаат нормално, a девојките до нив се clueless за тоа
Aко не ти посветува внимание време, почитување, да те сака и да е искрен, ако осеќаш некои од овие работи ги нема, а сака да се ожени со тебе. Веројатно од дома го натерале или е курвар и сака да си го среди имиџот малце за надворешниот свет.
Треба и женското да сака, се подразбира. Не знам зошто ова се сфаќа како таа да треба само да седи, чека и да "пати" за да е запросена. Комуникација е битна исто така, да сте на иста страна, но никогаш не треба жена да моли, особено па за работи кои се the bare minimum. Ако сака ќе знаеш едноставно и нема да имаш чувство дека губиш време, туку дека заедно градите иднина, а ако не сака ќе ти мачка очи ај уште ова да се среди ај уште она и на крај ништо. Самопочитта го напушти чатот. Ете можеби за некои е ова старомодно размислување, но ако маж активно не се труди за тебе и не ти докажува дека ти си таа за него, губење време е. Кој сфати сфати.
Не мислам дека зависи од пол спремноста за брак. Некој погоре кажа дека на многу (најчесто мажи) им одговара вечна врска и статус кво. Реков најчесто мажи пошто добиваат wify duties on a girlfriend salary. Ама, во една врска, се збора. И двата партнери зборат и се гледа кој колку е спремен за чекор подалеку. Сакам да кажам, иницијатива за зборање за брак треба да има од двете страни. Добро луѓе не зборате за временски рамки и услови за заедничка иднина? И ако едниот партнер секогаш не е сигурен или активно ја избегнува темата ... е проблем. Не зборам за запросвање, зборам за спремност и зборање за брак. Запросвање за мене е "формалност" шо следува после actual разговори за иднината.
Ако и самиот ти дава зелено светло да му кажеш што ти смета тогаш кажи му. Што можеш да изгубиш? Инаку вака по кажувањето мислам дека сака да е спонтан и му е комфорно во твое друштво затоа изпливува некоја негова cringe страна што си ја има, како што кажа една членка погоре Јас би му кажала дека тоа ми смета. Не знам дали до толку може да се смени карактер ама пробај со разговор. Инаку не знам колку е deal breaker тоа за тебе, јас во мое име зборам и најмала ситница да видам што не ми одговара одма оладувам Али дај му шанса ако викаш за се друго ти одговара.
Спомнав долги врски и влечење во такви ми се дискутабилни, освен освен има ситуации кога навистина длабоко и искрено се сакаат и машкото не сака да ја пика во две соби со 3 поколенија и со години штеди заедно со неа за свој дом. Такви ги има и по 20 години што се влечеле и се зеле изнад 40+год. ама си живеат раат во свое, заштедено од свои примања. Се друго влечено со години најчесто пука од причини кои сте ги пишале погоре, машко одма знае ќе ја ожени или не или ќе се влечка во надеж за нешто подобро па ако не налета дај што даш. Пиша членка погоре машките бараат компатибилност и брзо воочуваат ја имаат или не, ама тоа зрели мажи бараат тоа има и категорија манипулатори кои само сакаат личност која ќе си ја моделираат по свое и да и тие одма знаат таа е материјал за брак. Друго зошто женското да не спомне и праша за брак сте разврзале муабети. Нема срамно и незгодно ако праша, од одговорот и однесувањето одма ќе знае дали тој ја гледа како идна потенцијална сопруга или само си ги користи бенефициите од врска без иднина. Прашувајте за да не си губите залудно време со личности кои ни на крај памет немаат да се озбилни со вас и создаваат некоја убава и квалитетна иднина.
Грешка сте со женидбата. Маж не се жени тогаш кога ќе види дека партнерката му е компатибилна за брак, туку тогаш кога ќе се осети спремен за брак. Она може да е компатибилна и да му ги исполнува сите критериуми за жена, ама додека тој самиот не е спремен на тој чекор поради Х други фактори, нема да ја ожени па макар била и жената од неговите соништа. Ситуации каде што некој се жени за краток временски период значи дека веќе бил спремен на женидба, само барал компатибилна партнерка. До периодот е, не до партнерката.
Јас би го рекла истото (болдот) и за жени (генерализирам, не сите жени). Ако решила дека и' е време за мажење и деца, многу критериуми одат низ прозор. Дали е паметно... не знам, не би рекла. Од генерациска перспектива, многумина од тие што "така" се оженија/омажија, се разведоа или пак се крајно токсични парови. Искрено само еден пар таков познавам што океј функционира, ваљда им се посреќи.
Ова е многу точно кога станува збор за разумен маж, пишав јас и погоре кога искрено се сакаат има и случаи се влечкале 20+ год. од х причини, за да дојдат и двајцата до период за посоериозно од врска. Знаат дека се компатибилни и вложуваат во нешто што во иднина и на двајцата ќе им е од обострана корист. Ама има и мажи кои се манипулативни, незрели и тие влечат девојки во долга врска, а паралелно си бараат и други и ако не дојдат до друга, изигруваат дај што даш, поточно се женат со која им е на располагање или лесно можат да ја манипулираат.
Значи ако ти е дојдено времето, битно е да се ожениш? Вака си мислам се дуплираат шансите за развод во наредните 3 години.
Ако ти е дојдено времето ќе се ожениш ако имаш компатибилна партнерка, ако немаш, ќе бараш компатибилна. 20 год (лупам) кога си имал, може партнерката ти била компатибилна, ама не си сакал да ја ожениш оти не си бил спремен тогаш. Не си ни размислувал за брак можеби. Е тогаш ќе тераш долга врска и ќе се спремаш за брак. Ама кога веќе си спремен, тогаш работите ќе се одвиваат побрзо. Бракот си носи со себе сериозни подготовки и треба да имаш некоја стабилност да стапиш во него. Не е плукни - залепи. Тоа може да е за некој на 20 години, на друг на 30, на трет на 40. За секој се различни годините, но секој си знае кога е спремен, а кога не, и тоа најчесто не зависи од партнерката.
И мене ми е партнерот моментално погоден ама други работи не ми се и затоа барем уште година две нема да се мажам. А еве моментално да бевме со повеќе работно искуство двајцата и обезбедени со дом, може и ќе беше. Ама не сме и затоа. Така да не знам што е спорно во ова "кога ќе е спремен", ако збориме за саглам мажи што сакаат И компатибилна партнерка И финансиска и друга подготвеност за брак. Подобро така него да те земе под ист кров со свекрва. Мада можда зборите за оние што притискаат за брак оти наполниле рецимо 30, 35, мора да се женам ради комшиите, па дај шта даш. Другарка е во врска со неколку години постар, заедно се година и некој месец и истиве муабети ми ги прави. Дека немало они да чекаат многу, он више поминал 30, не се чекало. Јас идам долги години со дм, иста возраст сме ама никој никого не притиска. Мислам и затоа не би идела со некој 5+ години постар, ради овие работи.
Многу врски завршуваат бидејки машкото бара мајка, а не жена. Тоа е најголемиот проблем во нашето општество. Жената треба да биде домаќинка, да чисти, готви, пере, да чува и воспитува деца и исто така да работи. Мажот работи само 8 часа, исто и жената. Но, кога мажот ќе си дојде дома треба да има ручек, децата средени, алиштата за откако ќе се истушира спремни и по можност никој ништо да му збори бидејќи е уморен. Мнооогу мажи се и после 25+ год уште врзани со папочна врвца за мајките и им е тешко дека да го направат следниот чекор во врската - да стапат во брак бидејќи тогаш на некој начин ќе треба да се одалечат од мајкичка. Ова го зборам од женска перспектива. За машка страна можеби и ние имаме милион маани. И нормално, не се сите машки такви. А и 90% од врските што се 5+ години на крај ќе раскинат и за 3 месеци се женат и мажат со првата/првиот што ќе го најдат бидејќи веќе изгубиле 5 години од животот и веќе нема смисла повторно со некој да се влечиш.
Не зависи од партнерката туку од притисокот на секоја прослава од сите ај следно тебе да те ожениме. На темава нема некои правила кој брак ќе успее, а кој не. Навидум совршени бракови знам што пукале заради неверство, а знам и за токсични и тешко дисфункционални семејства и бракови па ене ги тераат. Многу обемна тема е за дискусија и примери ги има милион и еден.