Легендата вели дека на некој му рекле на слава, "Ај па наредната година да те жениме", и овој земал стварно се оженил.
Сега го прочитав ова и тука лежи голема вистина дека многу несозреани мажи во партнерката бараат мајчинска фигура, нешто што во детството им недостасувало од мајката бараат да го компензираат во идната партнерка. И психолошки гледано ова не е лошо, доколку знае да балансира помеѓу тоа кој е тој како личност и карактер, која е таа. Ама ако не знае да балансира во партнерката бара да е и како мајка му и да го компензира тоа што фалело од мајка му и се да му е подмирено, а за возврат не нуди ни основен минимум. Башка што која може да е и мама и да компензира она што мама не понудила кога биле развојните години и ете го тој комплекс и со мама и со партнерката. Мама си е мама, партнерката за се останато да е достапна. Е сега има жени што не им пречи ова, има и ретки кои се и како мама и како се што фалело од мама, едноставно во патријахално општество и фамилии така се воспитани да се. И ете ги тие такви токсични бракови кои тераат бидејќи ниту тој е созреан за живот, а камо ли брак, ниту таа не е научена и воспитана и од дома и од животот дека не е нејзино да е одмена на мама или да компензира она што не била мама на времето.
И после видел не оди се развел, па на следната год. пак исто му рекле и јово на ново. Ме изнасмеа, ама во смешката и вистина има и вакви.
Имам познаник кој после долга врска го остави девојка му затоа што таа сакаше брак, тој не сакаше. Мислеше ќе му се врати. Не му се врати, најде друг, се омажи, небитно. Овој толку трагично го доживеа сето тоа, дека сега, стар (имаше 30-31) времето му проаѓа, сам со себе не сакаше да остане ни случајно. Се ожени за 2-3 месеци, пошто го познавам знам како се одвиваа работите, ама и пошто го познавам веќе само на улица "здраво" му викам Толку ужасно токсичен стана (жена му не ја познавам), неподнослив со муабетите, до последно кога комунициравме беше "ужасно повреден и разочаран" од бившата, со негови зборови "ни ова живот не е". Не можам од вакви ранети мажи, кој му е крив, бившата многу јасно неколку години му кажуваше дека сака брак, тој не беше спремен, кога го остави преку ноќ "се спреми". Не им фалеше ни живеалиште, ни пари, туку мислеше дека може на ланче да ја води до бескрај, дур него му чини така. Зависи од возраст сепак, на овие години не би трпела некој да ми се пренемага, ни чекам "да му текне" ни јас глумам нешто, кажи брате што сакаш, па да се договориме ако бива. Трпение за "не знам" - немам. Ич.
Оти иди па прашај ги Јас за себе можам да зборувам, имав критериуми за брак (поточно деца, брак ми бил и ми е неважен) кои требаше екс да ги исполни за да се одлучам. За жал, со години ме лажеше за конкретните работи, јас наивно си верував дека некогаш ќе стигнеме "таму" т.е. тој ќе "стане" тоа што јас очекував и тоа што тој очекуваше. Не сакам да разглабам во детали што е тоа, ништо надвор од разум Постојат луѓе кои никогаш нема да сакаат брак, деца и тоа е сосема океј, ама ако се искрени од старт со партнерите. Пошто повеќето луѓе сакаат евентуално да се скрасат, не е ферски да ги лажеш и да не им кажеш дека си here for the ride. Едит: и што кажа Демонка, конкретно познаников добиваше hubby treatment, а "плаќаше" girlfriend salary. Нормално дека му беше арно, дете на мама и на другата мама
Ова ни ја никогаш не го сфатив. Идат со години, двајцата со стан со работа со све ама "не знам дали сум спремен(а) за брак". Ако неќат воопшто да се венчаат и да си живеат така океј. Ама да се туфкаш оти си неспремен ко да се знаете од вчера ми е ред флег.
А па и под спремни за брак, кај повеќето значи спремни да имаат сопруга, не и да бидат сопрузи. Спремен старателството од мајка му, да премине на сопругата
Тоа од надвор можеби делува дека им оди, од внатре не ќе да е многу арно штом на се решено се влечкаат. Види имаш и луѓе кои се емоционално недостапни, осакатени и така си се влечкаат и влечкаат и влечкаат, секој во свое, секој за себе само за излегување и одмори заедно и така. Можеби па и тоа ги исполнува и усреќува кој знае.
Вторава реченица е тешка трагедија, а пожално е што уште денес девојчиња се воспитуваат во овој дух, а машки исто во тој дух да и донесат на мама одменица. Нема свадба кај што не сум била периодов кадешто не ја рокнале до даска ''Ете мајко, решив да се женам, да ти најдам одменица, нека чујат, нека знаат ситe да се жени, да се жени синот твој.''
Аааа го заборави "да се жени МАЈКО синот твој". Ги притискаат од дома да се женат пред 30 да не биде стар ерген. Па и да и' најдат одменица, ама се зафркнале со тоа, денешниве снајки не трпат ништо.
Да ви кажам искрено, барем отсекогаш сум се стремел кон нешто сериозно, вистинско и да вреди.. Ако се гледам во наредниот период/години со таа личност тоа е со сериозна намера. Сакам врска каде што создаваме моменти на радости, ќе си бидите поддршка еден на друг, и секогаш да се чувствуваш како дома, во смисла со кого да си зборниш, споделиш тага радост и слично. Додуша и дома што сум ги запознал што сум имал сериозно нешто, никогаш не биле третирани било како освен како да се дел од фамилијата. Ако сум компактибилен и слично во текот на извесен период еве викам година,две,три и ако двајцата веќе се стремиме за да продолжиме во брак, ако сме доволно зрели и свесни дека бракот носи уште повеќе одговорности... Мене лично сериозна врска и брак ми се речиси исто, разликата е само документот, а суштината е љубовта, почитта, лојалноста и желбата да сме заедно во текот на цел живот, да остариме заедно..
Еве јас да ти одговорам. Затоа што темата брак е уште многу актуелна "у наши краишта", во Италија на пример не е така. Луѓето поминуваат децении и децении како партнери, прават деца, живеат живот, остаруваат заедно, без воопшто да помислат на брак, меѓу кои и јас со маж ми, се потпишавме од сосема десетти причини, после четири деца и деценија ипол заедно. Едноставно бракот не е логичен след на работите, не е доказ за "сериозна врска", не е гаранција за ништо, исто како што отсуство на брак не е доказ дека врската не ти е добра или стабилна. Повеќето соработници, пријатели, фамилија на маж ми, све се пеесгодишњаци и јаче, сериозни, стабилни, исполнети луѓе, финансиски и емотивно, а повеќето од нив не се во брак, во италијнсскиот јазик си има и посебен збор кој ги обележува ваквите врски, мислам дека има и промени во законите за правата на партнерите кои живеат во вакви "вонбрачни" врски, едноставно не ти се менува среќата ако си во брак. Од друга страна, кај нив врло битен чекор е живеењето заедно и тоа е чекор на кој партнерите многу брзо се одлучуваат (чак и после неколку месеци), па заклучувам дека без разлика на тоа што партнерите не се во брак подобро се познаваат од оние што се во брак (кај нас на пример), кои делеле заеднички простор само две недели годишно на одмор. Дали кај Италијанците е остаток од трауматичните разводи и воопшто забраната за развод, или законот кој е доста строг кон мажите при развод, или нешто трето. Ама ако треба да направам статистика, познавам повеќе среќни парови кои не се во брак, искрено.
Se slozuvam so se, megjutoa brakot ne e institucija za potcenuvanje, ne e nevazna rabota. Brak e golemo vetuvanje do koe bracnite partneri treba da se drzat, odnosno toa da im e kompas osnoven na koj kje se nadograduvaat. E,sega se sto se izmesti e vekje dr tema. Kaj nas, a verojatno i posiroko vekje pogolema e opasnost za zenata iako e izmislen za da se zauzda maskiot promiskuitet i napravi dete, koja ragjala taa gledala. Zatoa sto pa, denes kje se ozeni se ocekuva taa da nosi i da trpi se. Ako zena moze se sama i pokraj maz , toj maz ne i treba. I ete razvod.
Дали некој разбра што пишав? Дали може елементарните правила на форумов да ги почитувате, макар на кирилица да пишувате? Никаде не пишав дека бракот е неважна работа, но човек што има компас, нема потреба од брак да го "зауздува", а уште помалку му треба хартија на која ќе се потпише за да си го држи зборот и ветувањето, а човек што нема компас и у подрум држи го врзан, пак нема од него човек да биде. Јас само направив паралела меѓу двата света кои ми се мене познати, и за мене е пострашно да се омужиш со некој со кој не си живеел ни три дена заедно, отколку да не се омужиш со некој со кој си десет години во врска, ама делите живот, и сѐ што тој живот подразбира (куќа, финансии, храна, сметки, деца, патувања, планови, болести).
Има една песна вели "Еве мајко решив да се женам ,да ти најдам заменичка" Епа на денешно време уште има синови кој ја бараат мајкаму во секоја девојка. Имаме и таков колега на работа на секое вели да се оженам да ги израдувам домашните. Да и се олесни на мајка. Немом да го слушам поќе.