Многу чудно е што си се одлучила за брак со човек со којшто не си била интимна, а притоа претходно си била сексуално активна со други партнери. За жал, многу е веројатно да се прикрива маж ти со браков. Какво минато има тој, врски долги/кратки?
Чудна си ми како после 5 месеци прифаќаш брак, и тоа да не сте имале воопшто односи... Сексот е една од побитните работи во една врска и брак, ако не сега понатаму ќе ти претставува проблем.
Neznam vika deka imal dolga vrska ama so taa se skarale I sega e mazena i si ima i deca Pocnuva da mi stanuva odbiven bidejki nisto ne mi pruza vo zuvotov kaj nema sto da mi pruzi pa i sex nema
Жал ми е... разговарај што е можно побрзо без осудувачки тон на смирен начин дека ти фали нежност ваму таму и види како ќе реагира, дали ќе се издаде дека е педер.
Разговарајте! Сексот е најважната работа во една врска/брак! Дај му време, може он чека ти да го гушнеш и бакнеш некогаш прва! Облечи нешто убаво испровоцирај го! Види дали ќе му текне. Ти треба да имаш маж со тебе а не цимер! И како мисли деца да правите ако се понаша како цимер со тебе?
Дај бе со тоа облечи нешто, провоцирај више преку..ае. Еве не секс, ама ако не му е мерак да ме бакне, да ме фати за рака, нога, гз, цицка и онака без да му е до секс, значи не ме сака, крај. Ај ќе се молиме сеа.
Ај да си бидиме искрени малце барем од машка гледна точка. Ако сум заљубен во девојка ми или сопругата, абе само да ми речи затвори ја вратата или мал поглед, насмевка, јас сум веќе праче напраен и спремен да и ги пружам најдобрите 38 секунди!
Или тоа или некоја друга цел има. Мислам за мене физички допир е love language во врска, не е нешто што треба да го форсираш
Не е само секс во прашање па за да се "олеснува" на друго место, типот ни физички допир не сака, како прегратки и бакнежи, што е многу побитно според мене. А и чудно е како ја поминале целата врска така, па уште со таков човек во брак да стапиш. Според пишаново големи се шансите да е хомосексуалец или некоја друга корист да има, бидејќи ова е сѐ освен љубов.
Зашто да е од корист со тебе? Како успеа да те привлече кога меѓу вас немало никаква ај да речеме хемиска реакција дури ни асално залапување ко шо кажа ? Те освои со нешто ? Го сакаш? И многу брзо некако 5 месеци, мислев трудна си останала.
Абел јас потполно разбирам што кажуваш, не само тоа, никогаш не ми бил јасен и потребен бракот за било што. Во Македонија брак не ти треба за баш ништо, законот си третира исто брачни и вонбрачни парови. Добар дел од моите пријателки кои се моја генерација создадоа семејство без да се мажат, па си функционираат најнормално, ако не знаеш - нема да знаеш дека не се во брак воопшто. За да склучам брак со некого важни ќе ми се законските околности, ако со бракот ми се гарантира нешто што инаку го немам. Не го доживувам како "посериозно" од врска, посериозно е само имањето деца, со или без брак.
Дечки може еден совет. Како да ја исфрлам бившата од главата? Еве 5 месеци поминаа, нема час во денот да не помислам на нејзе. Таа си продолжи со животот, како ништо да не било, јас како ранет волк си останав. Пробав со други девојки за да ја преболам, ама цело време како нејзе да ја гледам во другите. Дури дојдов во ситуација на една девојка по грешка да и се обратам со името на бившата. Одма ме сети дека уште ја сакам. Се навреди многу оваа новата што се гледавме. Пробав и со спортски активности за да се смирам. Фудбал, кошарка, теретана. Ме смирува привремено спортот... Ама само привремено... и кога ќе дојде време за пред спиење пак мислам на нејзе. Како некој манијак да станав. Ужасно. Не сум никаков лудак. Нормален тип, со нормална работа, фамилија и другари. Ама емоционално на љубовен план... Никогаш не мислев дека олку ниско ќе паднам. Пробав 3-4 пати да се смирам со нејзе но таа ми даде до знаење дека е готово и тоа е тоа. Не сум па некој да ја напнува по сто пати... па да ме зборува низ цел град као демек "еве овај ми досадува манијаков". Да ме покажува со прст. Дали ќе ја заборавам и јас некогаш и ќе си продолжам како ништо да не било? Дали 5 месеци се малку и треба да помине повеќе време?
Хахаха само јас не налетувам на такви изгледа. Моиве све модерни за брак да не чујат. Имавме еден другар долго долго идеше со девојка му, конечно решија ќе се земаат и сѐ е тоа океј секој си има свој тајминг и преференци и немам никакви предрасуди околу тоа, ама кога ја кажа причината, престанав да зборам со него, толку веќе ми беше глупо. Еден ( и тој па недозреан, се прашува ли така) вика, „Абе многу брзате што е работа, да не сте направиле беља некоја?“ Овој не ли ќе рече, мртов озбилен: „А бе не, мајка ми се разболе.“ Како се расипа машината дај нова да купиме да рга и трга. Оттогаш многу се истрауматизирав во врска со маживе. @LoganSmith време ќе ти треба, другар. Само голема грешка ти е да се водиш по девизата клин со клин се избива, додека си уште во фаза на преболување. Тие девојчиња не ти се ништо криви, а ќе им заработиш страв од врзување и уште толку немање доверба во машките. @Anna2105 , искрено мене ми е тешко за верување, ама ако не си некој машки член кој сака да се зафркава и трола, седни разговарај отворено да се расчистат причините. Не живеат нашиве мажи у толку потиснато општество што треба да им е незгодно да те гушнат што се вели. Лесна им е. Нешто има тука. Имаше еден така, се зема со една мирна овде за да замаскира пред народ една друга опасна врска и исто она се жалеше не ја погледнува не знам што. После нормално се разведоа.
Јасно, јас коментирав повеќе за Италија (дека вода на своја воденица ) и проблематиката со вонбрачните заедници и нивното регулирање исплива на површина особено за време на ковид кога партнерите кои живеат одвоено поради работа не можеа да патуваат од регион до регион особено во црвена зона затоа што немаш "доказ" дека сте маж и жена. Бегање од брак за нив ете ми е разбирливо со оглед на тоа што имат трауматично минато (тоа се тие трансгенерациски трауми), до седумдести/осумдести години не се добиваше развод дури и во случај на насилни бракови, не смееш да абортираш иако е бременоста плод на силување, во случај на секс пред брак мораш да склопиш брак (ги викаат matrimonio riparatore, брак што служи да ја оправи ситуацијата и да ја спаси "гнасната жена" од оговаранции, укинат е во 1981, па ти види), ама ете во очите на тој што површно ги посматра, тоа се незрели луѓе, а воопшто не е така.
Да ти кажам многу ми ослесна вака што си ја пишав маката. Како да ми падна некој товар. Од денес вртам нова страница. Нека си тера со животот. Повеќе не вреди ни да ја спомнам ниту пак да помислам на нејзе. Искрено оваа песнава Big Sean - I Don't Fuck With You многу ми помогна... Текстот е лудило