Јас имам прочитано дека латинките биле домаќинки, ако нешто не ти удоволува на мајка е да се пожалиш..
Хахахаха не ми се верува дека ова може да е озбилен муабет. Сигурно е заебанција, нели? Што и понудил типот за возврат?
И нема кај нив трте мрте, види ја Шакира, со рецки на тегла со џем го фатила дека ја вара. За Македонец Македонка најубо и обратно, ама никакви сме, читај по социјални мрежи за жени што се пишува. Од сите малцинства други треба да учат, за жал. И затоа ќе нѐ снема а и заслужуваме искрено. Машко женските односи ни се повраќаница во мало. За наши жени по фејсбук најпогани коментари. Јас сум многу згрозена и разочарана. Голема штета, сѐ ни земаа и име и бутур, едни гени останаа ама и тие ќе се измешаат и претопат оти на маминото македонско синче ништо не му чини
Камо среќа да си праев филмови Па станбен кредит на 30 години и нестабилна работа + мама во приказната нели ти звучи идеално? Да го грабнеш и да бегаш Или само да бегаш
Еј ама стварно паметам како ептен мала со баба ми гледаме шпанска серија и ѝ викам: ,,Абе бабо, глеј го каков е , гарав , испотен, косата несредена уште ѝ се дере и како може она да го сака толку многу што и гаќите му ги пере." Уште не бев ни четврто одделение, пред да се изнасмеете чисто да спомнам. Баба ми на тоа ми даде политички коректен одговор: ,,Кога ќе засакаш некого од срце да видиш како ни тие чорапи и гаќи ќе ти бидат гнасни, ни ќе те стега душата ако само леб и кромид имате на маса." Скоро 30 години подоцна, сѐ уште не сум дошла до таа состојба на слепило. Додуша до софра со леб и кромид имаше дојдено ама да бидам волна да му слугувам, не.
Нас професорка по филозофија ни објаснуваше дека ,,Нозете да му ги миеш и водата да му ја пиеш" е нешто преслатко, кога е љубов во прашање и тоа би го правеле. Ваљда жената имаше некаков foot fetish, друго објаснување немам.