таа знае се, знае како се чувствувам, но несака повеќе да ја замарам. ви благодарам за се пријатели. благодарам. ќе продолжам напред
не прочитав што ти пишале другите, може и ќе се повторам, ти се извинувам што ќе бидам идиот со тебе уште од почеток, но може ќе допре ова што ќе ти го кажам.... Прво нешто што треба да напраиш - избриши ја од секаде...ФБ, Скајп, МСН, ТЕЛ !!!!! блокирај ја од секаде за да немаш никаков контакт со неа и да неможеш да гледаш каде се движи, што пишува и со кого...Ова треба да го направиш зашто на тебе ќе ти е подобро...Не е веќе борбата дали те сака или не, туку ти да се вратиш у нормала.... Второ е да звониш на другарите и да излезеш !!! Под никој случај да не си се затворил дома и да се сожалуваш и да паѓаш у депресии...Затоа излези и забавувај се и дај си за задача да се пуштиш барем на 1 девојка и да и земеш број !!!!! Трето - девојкава е НЕСОЗРЕАНА!!!!! Осетила дека ти си заљубен во неа, знае дека може да те врти како што сака и веќе се што чувствувала - го нема !!! Зашто веќе она тебе те има на секаков начин....НЕ СИ И предизвик....Овој не и дозволува се, он и е предизвик....Девојкава едноставно - НЕЗНАЕ ДА ЦЕНИ!!!!!! А таква не ти треба покрај тебе !!!! Како го знам ова? Сум бил у ваква ситуација еднаш, така да верувај дека не тропам ништо од ракав, туку ти кажувам од искуство што да правиш !!!! Најверојатно сега се чувствуваш дека само она постои на свет, дека без неа неможеш да живееш, дека друга неможеш да најдеш, само на неа мислисш, неможеш да спиеш, неможеш да јадеш, слушаш срцепарателни песни и се пронаоѓаш во секоја песна итн итн итн...ЕПА ПРЕСТАНИ СО ТОА!!!!! Зашто ќе се доведеш у депресија !!!!!! Ќе те држи ова чувство малце време а после тоа нема да можеш да ја смислиш девојкава и ќе ти стане подобро...секое чудо за 3 дена Моментално не е никаква опција да се вратиш со неа !!!! НИ ПОД ЗНАК ПРАШАЛНИК !!!! И да дојде да ти рече дека сака да е со тебе - кажи и да не те замара и СЛОБОДНО РЕЧИ И - HAVE A NICE LIFE !!!!!!! Зашто верувај не е само она....има милијарда што ќе се среќни да бидат со тебе !!!!!! А оваа - избриши ја од твојот живот под хитно !!!!!! Помири се со фактот дека не сте заедно и готово.... Звучам како идиот? - Ако.......за брзо време ќе сфатиш дека сум во право....А до тогаш - не подлегнувај на емоциите...Излегувај, забавувај се, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ЕКС ЈУ ПЕСНИ !!!!!!!! пушти си ја "Not afraid od Eminem" , Пушти си ја "Fighter - od Кристина Агилера" Ако треба нешо друго - тука сум.....слободно пиши....Важно нешто што треба да направиш сега е бришење од секаде, помирување со фактот дека не сте заедно, излегување и забавување со другарите и ич да не те боли к.р за целата ситуација !!!!!!!!
Таа те сакала,милион посто. Можеби веќе не те сака, ама тогаш да. Факт е дека девојката била пречуствителна и ништо чудно да имала биполарно однесување. Си имала проблеми со самата себе,психички била слаба и без подршка, ти си и подадел рака и си ја спасил. На неа и тоа и требало. Ама таа не знае што сака, ниту знае што прави. Не дека не знае да цене, ама ете таква е. Абе ајде луѓе сме, никој не сере китки. Погледајте малку подлабоко во проблемот. Мислете ли дека такво девојче може да си игра со некој? Не, таа е само изгубена. Послушај ја и веќе не разговарај со неа. Можеби еден ден ако созрее ќе сфати што изгубила. Пошо нормален човек не го прави тоа. Ама не дека таа сака посебно на тебе да ти наштети, туку таа сака да си наштети на самата себе! Отишла со друг, нејзина одлука. Ти заборави ја. Извади поука од ова и биди среќен понатаму. И да не се каеш што си и помогнал, кругот се врте!
Се препознав во ликот на девојката и јас на времето таква бев. Душевадник, си играв мајтап со тие што ме сакаа и стварно забавно беше. И тогаш и сега не сваќам зошто луѓето кога некој ке им застане на срце не знаат да му удрат една клоца ако не заслужува да стои таму. Сум била заљубена (и баш така ко девојкава се понашав), и кога се свести дечкото дека со години мајтап го играм си најде друга и јас после плачење кубење коси неколку дена ама после се помирив со тоа. Јас така сум се понашала како неа. Сега од аспект на време кога гледам на тоа заклучив дека со таквото понашање само сум сакала да се докажам сама на себе демек види колку сум јака ги вртам како сакам. Јас ти викам да ја заборавиш и да не и се јавуваш повеќе, малку ли девојки има па баш таа. Сите сме биле заљубени сите сме се разочарале бар еднаш, ама што е тоа е, не можеш заради една девојка да си го трошиш најубавиот период од животот. Се што сси имал со неа, па и повеќе ке ти се случи и со некоја друга што ке те заслужува. Офтопик ама добар стил на пишување имаш.
Без секого се може! Тоа е тоа што сега треба постојано да си го повторуваш и да го имаш на ум. Таа те повредила, не вреди да се замараш за неа и да се трудиш. Во никој случај не и пишувај, од никаде. Не ја барај, тргни се што те потсетува на неа. Така само си правиш полошо на себе и си даваш лажна надеж. Едноставно продолжи си со животот, исто како таа што продолжила. Ќе ти биде тешко некое време, ама поминува верувај. Ништо не е вечно. Ова ти го кажувам за да ти биде подобро... А верувај ќе ти биде само ако ти се решиш да заборавиш. Се почнува од тебе. Ако ти цврство си решен да продолжиш без неа, ќе успееш во тоа и дури ќе ти биде чудно колку брзо и лесно си заборавил.
Во врска сум со едно момче веќе 1 месец,уште на почеток од моја страна не беше тоа тоа не осеќам ништо посебно кон него,не можам да возвратам со толку љубов колку што тој ми ја дава и прави работи за само да биде со мене.А сега неможам да ставам крај,незнам како премногу ми е жал за него,се осеќам многу себично поради ова што му го правам...Ве молам за совет.
Себична си кога си со некој а не осеќаш ништо за таа личност . Од друга страна не можеш некоја голема љубов да имаш за толку краток период , ама треба барем да ти се свиѓа
сега се осеќаш себично? а не си себична што не сакаш да ставиш крај туку го лажеш цело време и му даваш надежи а он кутар прави се за тебе? Ако не го сакаш - кажи му, раскини му и готово....уште сте малце во врска, месец дена, така да подобро сега од колку после 6 месеци позз
Не треба само од сожалување да си со некого ! Жал ти е за него не можеш да ставиш крај, а не ти е жал што го лажеш за твоите чувства. Треба едноставно да седнеш со него да му објасниш како се движат работите, да му кажеш дека тој заслужува подобра и да исчезнеш од неговиот живот.
Феминки , во темата Како да го освојам, јас го пишав проблемот и имав совет од Nightwalker на кој/а сум и многу благодарна што одвои време за да пише мислење во врска со мојот проблем.Но би сакала да слушнам и други мислења од повеќето од вас, па повелете девојки благодарам од напред (копирано) Е и јас да прашам.ЗНачи има еден дечко во град кој што ми се свиѓа , е сега незнам дали да му пишам прва на фб, не се знаеме лично . Пред некој ден седнаа со нас на клупа али као што сум и ја и другарките малце недружељубиви ( не сфаќајте погрешно ) и као малце погрубо се однесувавме. Што мислите срамота ли е да му пишам ? Но, има еден проблем . Освен што ми е срам да му пишам некако не сум доволно храбра , другарот со кој се неразделни е многу антипатичен и напернат , неќна кога велам дека седнаа со нас тој само остро не гледаше како со потценување а дечкото што ми се допаѓа разговараше мислим најнормално..незнам стварно , а дали претставува некој проблем што тој е така да кажам "популарен" низ град , а јас онака не се знам со многу, особено не со негово друштво . да не се избрукам нешто ?
Мислам дека ќе биде подобро и за тебе и за него ако ставиш крај. Не е фер ова што го правиш, затоа што му даваш лажна надеж. Што побразо раскинеш толку подобро и побезболно.
Памет за друг пат. Со следниот не се нафаќај на ништо освен ако нема чувства и од твоја страна, а моменталново прекинувај го бидејќи со тек на време дечкото може да се навлече уште повеќе. Не си себична што ги немаш истите чувства како него. Тоа не зависи од тебе. Но, давањето лажна надеж..ноуп ноуп, не оправдуваме.
Се скарав со дечко ми ! Бев многу нервозна и го пратив у п.м! Многу е лут, незнам што да правам. Му ѕвонев првиот пат ми се јави, и бидејки незнаев што да му кажам ми исклучи ,потоа ѕвонев уште неколку пати не сакаше да се јави , му пишав порака, но подоцна тој го исклучи телефонот! Сега незнам каде е и што прави, битно бил нервозен и пред тоа,прочитав од неговиот профил на фејзбук кога пишувал со другар му! Незнам што да правам веќе, му се извинив, но тој сеуште ја нема прочитано пораката на фејзбук. А тој утре си оди во Скопје,бидејки учи таму. Што да правам? Многу ќе ми значи вашиот совет,фала однапред ! :/
Ништо. Има ли уште нешто што може да се направи? Го бараш цело време, па и јас цело време некој да ме бараше, и да знам дека уште ќе ме бара и ќе ме моли, ќе си поиграв малку. Остави го нека олади, нека види дека не го бараш, сам ќе те побара после, а можеби и за саат време.
Остави го вечерва, нека му помине нервозата. Утре сабајле пред да иде за Скопје побарај го, извини му се, објасни му.. Не знам што и колку си му згрешила, ама почекај штом не сака да разговара.
Незнам во колку ќе оди за Скопје, но сеедно нема да га барам. Одлучив и веќе цврсто стојам на таа одлука. Нема да го барам,се додека тој не ме побара мене. Ако му значам толку многу како што вели,ќе му текне на мене, ќе почнам да му фалам и ќе ме побара. До тогаш не планирам да првземам ниту еден чекор,иако знам дека за сето ова сум крива ја. Ви благодарам за советите<3
Па сонце, ако си ти крива, барај го. Едно е да му значиш и да те сака.. ти ако го имаш повредено, не очекувај тој да те бара. Не можам вака од страна да давам совети сепак, ама колку што разбрав од ова што го имаш пишано, ти си згрешила.
Се уморив барајќи го.. Двајцата сме инаетчии и тврдоглави,но последните денови попуштав и тоа прилично многу. Му се извинив,но подоцна сватив дека не сум требала да го направам тоа.. Незнам,се ми е испомешано во главата, и немам ни сила,а ни воља да се трудам повеќе. Ќе го оставам неколку дена на мир, па ќе видиме што ќе се деси после