Камо среќа да си праев филмови Па станбен кредит на 30 години и нестабилна работа + мама во приказната нели ти звучи идеално? Да го грабнеш и да бегаш Или само да бегаш
Еј ама стварно паметам како ептен мала со баба ми гледаме шпанска серија и ѝ викам: ,,Абе бабо, глеј го каков е , гарав , испотен, косата несредена уште ѝ се дере и како може она да го сака толку многу што и гаќите му ги пере." Уште не бев ни четврто одделение, пред да се изнасмеете чисто да спомнам. Баба ми на тоа ми даде политички коректен одговор: ,,Кога ќе засакаш некого од срце да видиш како ни тие чорапи и гаќи ќе ти бидат гнасни, ни ќе те стега душата ако само леб и кромид имате на маса." Скоро 30 години подоцна, сѐ уште не сум дошла до таа состојба на слепило. Додуша до софра со леб и кромид имаше дојдено ама да бидам волна да му слугувам, не.
Нас професорка по филозофија ни објаснуваше дека ,,Нозете да му ги миеш и водата да му ја пиеш" е нешто преслатко, кога е љубов во прашање и тоа би го правеле. Ваљда жената имаше некаков foot fetish, друго објаснување немам.
Мене пак една будала ми го има кажано ова требало нозете да му ги мијам и водата да ја пијам.Боже господе и сите светци
Аа, нозе имам миено, додуша купка имам спремено и ги масирав. Инцидентни ситуации беа од оние кога мажите качуваат температура 37.7 и неизвесно е утрето. Водата не ја пиев секако Со овој памет, пак да се вратам не би, оти колку си жртва за маж, толку си земан здраво за готово. Ама во домашни обврски помагаше, да не си пишам грев. Вакви пациенти...со комплекс 'Господ' ми се посебна категорија. Маж вреден за кралски третман, никогаш нема да има потреба да го потенцира истото ин д фрст плејс.
Еве и јас како нова да си ја кажам маката се омажив веќе 1 година сум во брак мажотми вози камион и секс никако дури и кога ќе си дојде со мене седи 1 саат и бега кај мајка му да се наспие и така натаму, што да се прави луѓе мислење ваше
Баба ти добро кажала, само замена на субјект/објект : елем од бебче не се гадиме никоја, сопствено зборувам Мажите и тоа некои неотесани ќе се се гадат, од бебешки каки, а за нивните нозе, чорапи и гаќи, цивилизирани се денешниве, барем мојов : сам си мие нозе, сам си става во машина, па во сушара. Како да не го " обожУвам" после, ( смешен ли лапсус), хм??
Јас сум си на голема мака луѓе маж имам ама како да го немам секс никако незнам што е работата се плашам да не е хомосексуалец а се крие Има ли некој друг ваква мака или само јас сум на светов
Повеќето не го сфаќаат како слугување туку од мерак сакат да учинат и помогнат, ама мислам и тоа дома го гледале или така се воспитани на тој начин да манифестираат љубов. Друго генерациите на баба ти и баба ми живееле во многу поинакви и понестабилни услови од денешницава и бракот бил столб на стабилност во кој многу била битна слогата и хармонијата на партнерите за да опстојат пред се и изгледаат повеќедетно семејство какви што биле во просек тогашните. Денес иако се ни е на достапност и на дланка како да сме изгубиле од основните вредности и стремежи и женскиве и машкиве.
Клај му саат кај шо му брои калории, од седење и возење не верувам многу калории да троши во текот на денот, а ако те изневерува ќе дознаеш.
Јас се чудам како може да не изразува желба за секс до денеска значи никако незнам што да правам вака не се живее
78,9% те изневерува затоа ти викам клај му саат кај шо брои калории барем че знајш на шо си и да преземаш понатамошни дејствија.