Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.810
    Пол:
    Женски
    Ха, ете, ти сама си си одговорила овде, ние нема многу што да додадеме на ова по мое. Решението ти стои во оваа реченица.

    Најголемата грешка што ја правиме ние жените како помлади во 20тите е ова трпење и чекање.
    Со време човек сфаќа дека не вреди да чекаш машко да се поправи, затоа што машко коешто те сака, помислата да ти згреши и потенцијално изгуби го вади од памет. И ако згреши а ако те сака ќе се труди од петни жили да се поправи и ниедно игнорирање и марширање не му е важно.

    Машко коешто сака не е толку комотно во ситуации кадешто си повредена. Затоа, со трпење и чекање апсолутно ништо не добиваш, само губиш. Губиш време во врска кадешто венееш оти психата и емоциите ти претрпуваат сериозен атак. Самата си свесна дека овој не само што не те сака, можеби не е ни способен да сака, а тоа што ти се враќа и те одблокира само зборува за неговата нестабилност и фактот дека на долги стази такво говедо, извини на израз никој друг не би трпел.

    Јас ако нешто научив е дека за жена најголема грешка е ако не го крене гардот на првата грешка. Машко мора да биде свесно дека не е толку лесно и безопасно да те понижи, навреди и да ти згреши. Еден вид деца се.

    Не им е важна добрината на маживе. Ич. Не сум чула некој да каже останав со неа затоа што има многу добра душа. Гајле му е, се води по инстинкти мнозинството. „Многу е добра, многу е верна, затоа ја сакам“ не сум слушнала досега. Затоа што маживе, за разлика од дел од нас имаат поголема самопочит и овие особини се нешто нормално, особено верноста, воопшто не е ни критериум. Ако го извараш на кој било начин, нема ни да те погледне.
    Сигурно не е за домашно физика. Одговорот на ова прашање и самата го знаеш.


    Ова е само крик на неговата потсвесна мисла дека е неспособен, нема никаква врска со тебе. И мене ми било речено од човек 7 и пол години што сум го гледала како крал и на којшто сум му го напишала мотивационото писмо за директор. На способниот. Сега јас сум на друг крај на свет, градам кариера, каква, таква, тој ако има среќа уште кмиши на местото кадешто јас му помогнав да остане.

    Мене ми падна жал за тебе. И тебе треба да ти падне жал за себе си, греота е 4 години ваков третман, болест се закачува од ова, хронична несреќа мајку му.

    Биди среќна вака ако се заврши. Можело да биде заглавена со деца со тежок табиет за развод, ехее, не дај Боже во болница можеше да заврши.

    Те молам не ми се лути што сум вака поостра во одговорите, ама верувај многу ми е тешко кога гледам дека маживе сѐ уште се мајмуни неопеани што се понашаат како стока кон девојки што не го заслужуваат тоа. Сите да се договориме да кренеме гард и да не толерираме од прва грешка, па да видиме како се менуваат.
     
    На Mumoftwo30, Rozevata, јolene и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Emi.123

    Emi.123 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Баш така драга, хронична болест се закачува… Се оболе мајка ми здравје и земав фати притисок, јас исто. Иначе имам 27год тој за 5 дена 32. Ми е чудно само како вака да заврши се преку пораки и со блок. 4 и пол год врска. А како да предосеќав неколку дена пред овоа се мислам викам ќе искочи ли дека трудов цел ќе ми се исплати, толкави жртви, се надевав оти последниве 5 месеци се беше ок. Стварно кога сме заедно е златен човек со мене у очи ми гледа шо се вика у уста си плукаме. Не знам како ќе се помирам понатаму скоро 5 год како ми пропаднаа…
     
    На Mumoftwo30, tessie, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    18.523
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, нема да заврши, те остава малку да патиш, па пак ќе те побара кога ќе му здосади и се така до недоглед.
     
    На Малечка Малинка, Mumoftwo30, Rozevata и 5 други им се допаѓа ова.
  4. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    6.837
    Пол:
    Женски
    Не ти се пропаднати годините, искуствово ќе те научи многу работи. Собери сила и тргни се од него, ќе помине време ќе велиш будала бев што го трпев.
     
    На Panda00, Mumoftwo30, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Emi.123

    Emi.123 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Ама ја веќе се исклучив и го блокнав му реков да не ме бара да брка работа да ужива. Освен на смс ако ме нема веќе и он блокирано. Нејсе небитно и да не ме побара може тешко ќе ми е ама и вака тешко ми беше.
     
    На Mumoftwo30 и tessie им се допаѓа ова.
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.376
    Допаѓања:
    10.781
    Пол:
    Машки
    Премногу негативни работи за толку краток период последните месеци, многу црвени знаменца кои треба да ти ствараат одбивност и да ти дадат јасен знак дека е време за крај.
    Не вреди да си го трошиш времето на нервози и проблеми кои подоцна или порано некогаш ќе ти се одразат на психо-физичкото здравје, секогаш да бидиш приоритет самата себе, да се ставаш "ти" на прво место а потоа другите, твоето здравје, твоите чуства и емоции. Замисли да имаш секојдневно вакво однесување за банални причини, постојано да си под нервоза и стрес, па тоа го намалува животот за минимум 2 години..

    И многу несериозно од негова страна, за годините посебно. Блок, па одблок, па пак блок, добро, ако размислиш логички нели е мачно тоа а и притоа премногу несериозно? Заследувањето на други, пишувања, бивша, па и тоа Снепчет (оганчиња ќе збира човекот демек а е во сериозни години) е преголем индикатор дека не е нешто во ред. Како има време да праќа Снепови а нема време за тебе, нели ти е малце "нон-сенс" целово ова?

    Бидејќи е тој виновен во ситуацијава, логично е и совесно ако му значиш, да побара и иницира да се соочите лице во лице, не преку пораки, туку лице во лице да разговарате за да изнајдете решение за проблемите, за да ја забележиш неговата реакција и израз на лицето, а не блок, па unblock, па смс демек сори, итн. Лесно е да ја префрлиш кривицата на друг а знаејќи свесно дека проблемот лежи во него.

    Можеби 5 години сте имале успешна врска, сте се бореле и сте верувале дека ако љубовта е вистинска и планина ќе поместите, ама сепак мал чекор фали за таа планина не да биде поместена, туку биде срушена.

    Ако гледаш дека и со разговор не би го решиле ова и продолжи со истиот однос, меѓутоа според сето ова и сега треба да ти биде јасно како ден дека време е да ставиш точка на реченицата. Можда ќе те боли, ама еден ден сонцето пак ќе изгрее на исток.
     
    Последна измена: 17 април 2025
    На Panda00, Mumoftwo30, _Naumche_ и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.028
    Епа рачунај, 4,5 години, само за викенд сте се гледале, ко у нормална врска да сте се гледале вкупно цела година. Сте се виделе 200, 300 пати. Си имала 23, си била млада и зелена, си давала шанси, си мислела така треба. Епа не треба. Не знам шо сакаш за труд да се исплати, кога е врската во ред, нема труд, просто оди како подмачкано. Ако не оди, батали, не губи време. Си научила како не треба, сега знаеш како треба. Помири се дека секое школо се плаќа, ова е школо од какви да бегаш. Ќе потрпиш малку ради растурени илузии, и ќе продолжиш напред, силна и слободна. Завршило, речи фала му на бога.
     
    На Panda00, Mumoftwo30, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  8. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Леле девојко со самото читање нервите ми се кренаа а не навистина ова да ми се случи... Под хитно да си запознаела некој нов и да го заборавиш овој. Верувај дека ќе го заборавиш како да не постоел, ама и во новиот не се затрескувај и постави јасни граници. При најмал сомнеж батали го.
    Како си се загрижила мислиш венчана си за него, па и венчана да си нема што да трпиш вакви одвратни работи.
    Никој не е толку зафатен, само не си приоритет.
    Секогаш гледај тебе што не ти прија, ако му кажеш и пак продолжи, марш у пм и не си ги троши живците.
    Подобро 10 дена да се исплачеш отколку да си ја трескаш главата од ѕид со години.
     
    На Gosh, Amellie13, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Romina

    Romina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    262
    Сѐ уште си премногу млада и имаш уште многу пред себе. Не жали за изгубеното време, нека ти биде лекција за тоа како не треба. Подобро сега некое време да ти биде тешко додека да ја преболиш разделбата и потоа да продолжиш напред, отколку да заглавиш со некој што не те почитува и да патиш цел живот. На крај одлуката е твоја, но мислам дека веќе си дала премногу шанси.
     
    На Panda00 и Emi.123 им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.687
    Допаѓања:
    42.380
    Пол:
    Машки
    Не гледај така негативно на работите. Тие години не ти се пропаднати.
    Во нив имало и добри, и лоши моменти. Тоа што вторите доминираат, значи само едно - дека треба одлука да донесеш и да ја промениш иднината.

    Да се вратиш назад во минатото не е можно, а и да е, таква промена би значело дека нема да бидеш она што си денес, туку некоја друга верзија на тебе, непозната.

    Првиот чекор кој (ќе) треба да го направиш е да се прифатиш себе си, да го отфрлиш емоционалниот багаж, и да се ставиш на прво место. :)
     
    На Panda00, TrueToMyself, Melissa_39 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Emi.123

    Emi.123 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Тоа е.. За у Јуни уплативме за на Кавос 650€ ги платив јас ама можам мислам да го прекинам букирањето… Сите очекуваа кај и да е и да ме бара и ја тоа го очекував. Или сега пред Мајов за негивиот род негде да идеме али шо е тоа е. Само нез зашо сум вака рамнодушна, а до пред 2 месеци умирав кога ке раскинеме… Си мислам дека никој др нема да ме сака, нема да имам др дечко не вредам, нема да најдам друг…
     
    На Mumoftwo30, Billy Idol и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.819
    Допаѓања:
    63.320
    Пол:
    Женски
    Те разбирам сосема, и разбирам дека се чувствуваш како да си изгубила време. Тука некаде сме со годините, јас 28 имам, и многу од 20тите ги "потрошив" на луѓе што сега не се покрај мене. Ама верувај it's for the best. Ако се враќаме назад и ја бришиме секоја грешка, ќе се избришиме самите. Сѐ низ кое поминуваме нѐ прави она што сме денес.
    Те молам само немој повеќе да трошиш време на идиотов. Ако ти кажам што све имам направено за машко за да успееме, појдено до другиот крај на светот (буквално), спремна сѐ да променам од корен за него и пак на крај ме шутна кукавички пред сѐ да се случи. Можи да си најубавата, најпаметната, најгрижливата, најдобрата на свет, ама стоката е стока и тоа нема да го промени. И иако звучи бумерски, навистина можи да е полошо, како на пример во брак со деца со таква стока. Блокирај го и терај си со животот, ќе се најди некој кој ќе знае да те цени.

    Појди си со роднина или со другарка на патување и ич да не ти е гајле.

    Само бидејќи тој идиот не те третирал како што заслужуваш, не значи дека си unlovable. Искрено и јас понекогаш се чувствувам така, нормално е после сѐ низ кое сме поминале. Но има луѓе на светов што би те сакале како и ти нив. Само овој пат треба да сме попаметни и да не толерираме сѐ.
    Многу добро напиша @tessie погоре.
    Ќе биди подобро. :hug:
     
    На Panda00, theowndemon, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    13.553
    @Emi.123
    Врати му се и одведи го господинот на Кавос.

    Врати му се и ако сакаш и за Париз плати му за роденден.

    Врати му се онолку пати колку што ти е потребно за да целосно ти се згади, ако ова не ти е доволно.
     
    На Panda00, Малечка Малинка, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.194
    Допаѓања:
    40.172
    Пол:
    Женски
    Знаев дека ќе пишеш. Мислам дека ти со твоето богато искуство си компетентен да одговориш во темава.

    Како така без односи влегуваат во брак? :?:
     
    На Cutiepie1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.687
    Допаѓања:
    42.380
    Пол:
    Машки
    Веќе и @Amellie13 ти одговорила на ова на прекрасен начин.

    Јас само ќе додадам дека ако вака сакаш да најдеш некој да те сака и почитува, не, ни треба да најдеш, оти не ти треба таков да те измачува и прави несреќна. Не заслужуваш. Никој не заслужува.

    Врската не треба да е тешка, да се разочаруваш, преиспитуваш секој ден дали и што прави, каде е, со кого е, и зошто нема време за тебе... Да бараш од партнерот да те приоретизира, да те сака и почитува... Тоа се добива по дифолт. Raise your standards.

    Кога ќе најдеш таква врска во иднина, а секако ќе најдеш, ќе сфатиш колку оваа ти била лоша и не вредела.
     
    На Panda00, Purpleheart, LiquidLuna и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.470
    Пол:
    Машки

    Изглеа многу романтичен сум јас и сакам скокотливи работи.


    А и можно целибат да прават до брак, не знам, чоек на се че помисли. :?:
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.194
    Допаѓања:
    40.172
    Пол:
    Женски
    На мене ми е чудно да не се интимни пред брак. Тоа е многу важен чекор за понатаму. Ако не ти е убаво чоколадото нема да го јадеш пак :lol:
     
    На Mumoftwo30, LiquidLuna, Outlook и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.470
    Пол:
    Машки
    И мене затоа и пишав, сега малце се шегував...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.194
    Допаѓања:
    40.172
    Пол:
    Женски
    И прв да ти е партнерот, треба да се дегустира пред брак :lol:

    Ако не те задоволува, џабе е љубовта.
     
    На Mumoftwo30, Adidas888, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.470
    Пол:
    Машки

    Не ми е пресуден сексот искрено, ама ако го нема е проблем како во случај со членката шо пиша. Дури и ред флег р што не и ни покажува никаква љубов ни допир..
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.