Во врска со двајца рамноправни партнери, никој ништо не треба да трпи, тоа не е љубов. Тоа што си ти добар човек треба да ги искористиш на многу подобар начин отколку да чекаш некој зевзек да се смени, нема да се случи, никад. Ќе преболиш и ќе си најдеш друг. Ако не сакаш, ќе бидеш во врска зашто мораш, во брак зашто мораш, со деца зашто мораш и животот ќе ти поминува во "морање" наместо во "сакање". Ти види си што ти е побитно.
Коменарот ти е на место особено за торта што кажа, брутално но вистинито, на неа е да одлучи што ќе прави!
@Emi.123 Батали го, не очекувај дека одма ќе го заборавиш ама постепено сигурно. Не се плаши да бидеш сама, зошто така ќе си најдеш љубов, љубов што нема врска со ова што си го имала и тогаш ќе сфатиш се.Животот ти дава шанса, ти ги отвара очите, гледај убаво.
Голем пропуст од моја страна. Немам оправдание... Одма го поправам минусот. @Emi.123 ако ти треба некој за Кавос @Realist1 да си го земиш. И за тортата нема да те одбие. И ја не би те одбил, искрено, после она што го прочитав во СДК, и мене ми се отвори апетит за благо, во ниедно време. Ако остане, и репете прифаќам.
Глеј, заслужваш подобро. Секој заслужва подобро. Особено сите заслужваме подобро од маж шо пробва да ти урни самодовербата за да не се осеќаш сигурна да си заминиш и да го остајш. А, зошто има Тиндер в телефон, не е некоја тешка филозофија. Ама разбирам ако не си спремна да го признајш то пред себе.
Знам дека е апликација за допишување со партнери. Освен за тоа за др нешо се користи? Пример како телеграм или нешо такво?
Тиндер се користи за запознавање луѓе, и најчесто културата е околу секс иако некои ја користат и за дејтинг.
Такви мажи стануваат зошто такви барате, во еден момент помислив и јас да почнам така, да дадам отказ да се здебелам и да се понашам како идиот, но после си викам за жена да си го упропастам животот па не фала. Ако не барате такви какви што опиша никој нема да остане таков, ќе види дека со такво однесување никоја нема да му обрне внимание и ќе се промени, но реалноста е што има многу на кој жените им даваат пари, сметки и им купуваат гардероба сеедно им се родители. На многу тоа им годи, спие цел ден дома жената му оди на работа и нема никакви проблеми. Се дружев со еден другар порано, добро дете ама многу мрзлив и му зборев често за тоа да почне да работи и да го земе животот во свој раце а не да позајмува пари од кој стигне. Ми кажа дека девојка му не му дозволува да оди на работа и од тогаш не го имам видено. И разбирам зошто.
Незнам што е чудно ова. Ако прочиташ по форумов колку девојки имаат напишано дека не сакаат партнерот нивни да е вработен ќе разбереш. Станува на мода тоа да жената го издржува мажот, зошто ако он одел на работа ќе ја варал...
5 години сум на форумов, вакво немам прочитано ама ти од денес зачленет одма ги најде Што ти е значи маж-вонземски капацитет
Ова сега намерно го правиш. Не си прочитала дека машките не им плаќале пијачки не купувале поклони не частеле летовање и сл ете зошто ако има ќе плати, купи, части... А не е дека нема напишано некоја за тоа што го наведов, дај поразгледај или тоа што не ти одговара не го читаш. Инаку го следам форумов од доста време денес решив да коментирам
Незнам од кој град си ама во Скопје врие. Ако сакаш ќе ти пратам контакт од бившата. Ја лажев 3 месеца дека сум невработен и 1 ден ми се испушти нешто и толку беше, јако навреди дерење во сред кафич зошто не сум и кажал порано дека сум работел зошто сум и го трошел времето... Така да има другар има колку сакаш.
Која е логиката дека сум ја лажел за нешто што е добро да ме остави, зошто не си отидеше уште на првата средба кога и кажав дека сум невработен и дека немам намера да работам... И да ја натерам она да плати сметка. Можеше уште тогаш ама не. И сега ми викаш вака така. Епа ете што ми се случи. Ххахаха Да бев жена и да ме поканат на кафе и дечкото да нема пари да плати кафето па не го гледам повеќе.