Друже, најискрено да ти кажам, си нашол ретка девојка шо не гледа на материјалното, али ти лажеш сушиш, и си ја изгубил. После немојте да се жалите дека девојките ви се криви, кога не гледате кај ви се грешките.
Досега ниту имам видено ниту сум слушнал од некој дека има во скопје материјалитки, а и да е немам ништо против, секој си има фаворит на нешто што го привлекува. Дали ќе биде емотивни материјално или од друга причина нема никаква разлика. Еве да кажеме која е разликата меѓу: 1. Човек што те привлекува емотивно и е згоден убав... И од еднаш се менува, не те почитува, се дебелее... 2. Човек што има пари па од еднаш банкротира. Истото е само која како го разбира. А би претпочитал да е материјалистка зошто конкуренцијата е помала.
Е за ова и јас прв пат слушам. Јас не верувам дека во денешно време постои и маж што на жена/девојка и' забранува да работи, а не па обратно. Затоа ми е чудно некоја кога ќе пише дека мажот не и' дозволувал да работи. Не знам каде ги наоѓаат таквите мажи. @Stark епа ќе мораш во Скопје да дојдеш, таму имало такви.
Мажи: лажат Мажи кога се фатени во лага: Значи како можи да лажите (во случајов дека не работите), да бидите фатени во та лага и место да си речите: "кој идиот сум лажам и сам си напрајв ова", вие да стигните до заклучок дека не е до вас, туку дека е до природата на лагата (во случајов: чим раскина ко дознала дека си вработен, значи мора да сака само невработени). Да, дефинитивно не е дека ја изневеривте таа рана доверба која почнува да се гради во рана врска. До работата е. Јас не разликвам стари, реинкарнирани акаунти. Така да ова го пишам за сите збунети шо идат во темата и ко ќе добијат совет да се свртат кон себе и да видат шо прат - станват дефанзивни; и за сите најс гајс шо "жими се подобро нема да најди од мене", а уствари е манипулативно ѓубре.
Ова е многу точно, меѓутоа најтрагично од моја перспектива, е ситуацијата каде жена свесно и по своја волја влегува во врска/брак со ваков човек. Тоа толку ми е апсурдно… ама очигледно постојат и такви жени, со слични или идентични размислувања.
Да, да, мажите со адамово јаболко се обележани, а ние Ева ја клеветиме. Според енормниот раст на инцелите, се гледа колку врши работа и колку ви се рацете зафатени откако сте станати идиоти. Цути, толку жени трчаат што амортизација откажува не се стигнува, кој Каза, кој нова. За тие што им треба превод: Напипувам пулс дали ќе упецам некоја што ќе ми го исполни америчкиот сон да јадам женини пари и да одморам дома. П.С. Те молам врати си се на матичниот форум, како што ние вас не ви досаѓаме, оти тебе само дечко може да ти помогне, жени очигледно ти се одбојни.
Тоа не знам, ама жени му се одбивни, тоа е сигурно. Женски форум дефинитивно нема да му помогне. Само уште повеќе ќе го изнервираме.
Боуже Ако пред 3 ипол години се плашев дека ќе умрам сама, сега си викам аман нека умрам сама, само да не нагазам на вакви најс гајс што немаат грам способност да за интроспекција и да видат што кај сами нив не чини. Сè они навредени, повредени, искористени, они сВе од душа даваат и прават за љубовта, ах, љуууубоооовввтааа со взаемна почит и разбирање ама сВе девојкиве не знаат што сакаат, лоши момци сакаат уствари Да бидам искрена, за кежуал дејтинг пре би одбрала бед бој него најс гај, барем нема да ми се лигави, кога сржта на двајцата е иста.