Една жена ти е пола мозок а кога ќе се соберат две или повеќе жени, тоа е цел мозок. Еден маж ти е пола мозок а кога ќе се соберат повеќе, тоа ти се едвај две мозочни клетки. Па ти сега рачунај како ќе ги натераш нив да косат и да цепат . Ќе неможеш на пиво да ги напоеш.
Манипулатори бе Пробале да ме манипулираат само за евентуално се сексаме, што ми е ултра про макс смешно пошто не сме деца, ако ми се секса со некого ќе се сексам и без трескање од земја Не се чувствувам изманипулирана од било кого искрено, многу рано сечам кај што гледам такви обиди. Ама да, смешно ми е кога се упорни со финоќата, која е обидот за манипулација - чим е одбиен брзо гледаш колку е уствари фин и разбран
Мене уште штом ме видат знаат дека ги читам ко буквар, имам "вграден чип" за булш.т и психопати и социопати и манипулатори, па не ни пробуваат, евентуално ќе се исколиме ако некако се споиме.. Најубав да е психопатот или социопатот мене грозен и грд ми изгледа и одма се ладам, и пошто не ги гледам занесено као бог и батина да се, не сум интересна. Знаат дека знам
Јас порано многу пазев да сум посуптилна, да не повредам некого, пошто не ми е тоа целта секако. Сега веќе... уморна сум. Како сакаат нека ме сфатат, секако сум лоша оти сум жена де
Ма какви... Искрено гадење осеќам. Не се сите мажи исти, како што и сите жени не се исти. Најарно што ќе добијат од мене може да биде игнорирање или потајно превртување очи. Нема да објаснувам, секако не разбираат што и да кажеш, или не делува, или ќе се адаптираат. Едноставно гадни ми се, па таман ко Бред Пит да се убави, за непривлечни конвенционално ич да не збориме. Се чудам од каде ми е детекторот, не сум имала искуства со такви поблиски, туку само знам некако одвнатре какви стоки се, од одма имам одбивност, без свесно да размислам за некого. И за женски е исто, ама мажи посебно. За жени не може да сум привлечена, но манипулантки и змии на повраќање ме тераат. Нељубовта е взаемна углавном.
Кога збориме за детектори за манипулатори и булшит, морам да кажам дека со текот на времето и јас го добив, ама остај тоа , добив и натприродна моќ да им ги копирам манипулациите и да ги свртам против нив и најубаво од се ми е шо можам да ги изнервирам до степен да одлепат и да си го покажат вистинското лице пред сите. (Емоџи шо лакира нокти).
И јас мислев дека сум неспособен за со девојки до моментот кога отидов на по 1 викенд во солун и софија, каде што е задоволство да се пушташ на девојки, секоја една ти обрнува внимание има култура не те пцуе и не паничи зошто си и кажал дека убаво изгледа. Додека во скопје на сред бел ден да и приидеш на девојка е голема грешка прво ќе те отера у пм или ќе почне да вришти на цел глас бегааај и тоа со самото здраво што сум и кажал. Ако незнаев како со девојки истото ќе ми се случеше и во софија и солун. Моментално се гледам со девојка од солун по често отколку да беше девојка од скопје.
Ем сакате оупн мајндед ем испишувате гејшини мемоари и морални судии сте ако се сликала со деколте. Македонец Македонка нејќе признајте натака оди муабетов. Односно со други зборови, хронично не го цени она што го има, само некое напразно бркање ветерници што врши работа на кладилнициве и казинава што ги има кај нас ко полжави после дожд што многу говори за тоа со што мажи си имаме работа во сѐ поголем број со чест на исклучоци. @Cutiepie1 да такви се еу, еве една колешка Холанѓанка се разведе откако почна повисока плата да зема од него. Друга Итаљанка за којашто говедото остави 2 и пол години врска со златно девојче, го шутна штом забремени ѝ требало само убав и здрав маж за дете да има природно нејќеше за мажење да чуе а другите последици само мисли ги. Опн мајндед девојки сакаат дечкото или мажот да ги однесе со кола чат пат на некој дејт со некого ако бендиса. Арни ви се.
Не е open minded ако ти посвети внимани на даден комплимент, просто е култура каде што во скопје ја нема. Другар најде женски новчаник јас бев со него, ја најде девојката на фб и пиша дека го има нејзиниот новчаник она го блокира. Значи културата е сведена на 0 , а и зошто да се пцуе некој кој сака да ти даде комплимент и да шири позитивна енергија. Еве пример што се случува кога ќе и приидеш на девојка и и дадеш копмлимент без да бараш ништо: Јас: здраво, прекрасно изгледаш Она: иди у пм ѓубре едно Ова е 100% од случаите има и по гадни но во главно е вака.
Као- како ништо не бараш? Кој почнува со давање комплименти без ништо да бара? Кој почнува воопшто муабет без мотив?Освен ако не си баба во автобус, ама па и таа има мотив, сака да си раскаже нешто јер нема кој инаку да ја слуша Мислам- основи на комуникација-нула.
Што ако дадеш на некој комплимент дека изгледа убаво има скриени намери, што нели треба некој да се пофали дека изгледа убаво без да се има некакви намери?
Најчесто ако и пишиш на некоја или и дадеш комплимент очекуваш да припадни, да смени одма гаќички и да ти обрни внимание, не знаеш за НЕ. Тука е разликата што ја кажав вчера. Ако некоја ти рекла не, не мора да се жалиме едноставно тоа е, исто ко лавот ко че лови антилопи, 5 му избегале ама на крајо на дено фатил, и не е зијан. Трпение треба и малце првин да се искалиш, да те корпосаат.
Како мислиш без мотив, епа да, кога ќе дадеш 10-20 денари на некој што проси тоа е со намера да им земеш нешто или што? Ако не си запозната со тоа каква енергија даваш и ти се враќа без разлика дали ќе ти изреагира лошо, јас се осеќам подобро зошто сум пробал да ширам добра енергија
Апсолутно не очекувам на некоја кога ќе и дадам комплимент дека изгледа убаво дека ќе ги соблече гаќите, некој ако го мисле тоа, не значи дека сите го очекуваат тоа!