Oд пред извесно време почнав да се гледам со еден преубав дечко . Jaс него го знаев уште пред 3 години и многу ми се допаѓаше но јас тогаш не излегував многу , не се движев во неговите кругови . Пред 4 месеци ме виде во едно кафуле и на излегување дојде да се зпаознае со мене . Јас бев ептен збунета како одеднаш се сменија работите , но не реагирав изненадено . Ме адна на фејзбук , останавме во контакт. Се имаме договарано многу пати да излезиме и се гледаме . До пред некое време немаше ништо меѓу нас бидејќи јас не сакав да одам пребрзо со него . СО него сум но не сум во врска. Тоа што сакав да прашам беше дали е можно да е сменет?? Пред да ме запознае мене се гледаше со многу други девоји кои и ден денес го пресретнуваат на улица . Тој ме претставува мене како негова девојка иако не му сум во целост и јас сум во целава ситуација ептен збунета. Секогаш кога ќе рече дека ќе се јави се јавува излегуваме и никогаш не касни . Незнам дали да му верувам , веќе ме запозна со сите негови другари , јас го запознав со моите, во план е и со мајка му да ме запознае...дали е можно покрај сите тие да се сменил ?? - мене ми изгледа како премногу добро да биде вистинито , или како привремена заљубеност ..или па сум јас голем песимист што мислите вие девојки?
Секое машко може да се смени за девојка, ако е искрено заљубен. Според твоево кажување, некако ми изгледа дека премногу брза, или така јас разбрав, не знам. Остани блиска со него ако ти се допаѓа, но остани со очите отворени, немој многу да се залетуваш, за некои рабпти прави се дека ти е сеедно, па после скокај дома колку сакаш Биди малку hard to get, ако види дека оди со тебе како подмачкано, можеш и бргу да му се здосадиш.
Ејгидиии типот ја осмислил да ја фура како Јапански воз . Вакви гестови тешко се лажираат. Ако тој наоколу те претставува како девојка, па и пред друштво, па и средба со мамичка, тогаш најверојатно се заљубил до немајкаде. Нешто го фура во глава и како што чувствува, така и прави. Дечкото има доста силни чувства за тебе, но многу ја избрзува работава. Така да, освен ако со мама не ги запознава сите девојки што сака само да ги легне, барем мене ми се чини стабилен. Ќе повторам...TAKE IT SLOW!
После ветар во грб од претходнив е нејќев де што убаво те охрабрија ама ете ја идиот Овака... Се тоа убаво и фино како да ти докажува и се сега уште рози да процветаат АМА - овие брзо плети потези не ми се баш како да кажам редовно завржуваат со високо летање ги допираш облаците светот е твој и после ТРАС на земја. Не не знали дека ова ќе биде не дај Боже ама јас барем кога вака машко форсира ептен ме нервира зошто? Не сте ни во врска . Го немате ни дефинирано вашиот однос ! Зошто не се фатите зошто не те праша ? Да си бидеш начисто , да си знаеш кој ти е во животот . Мајка му ? ! Дај бе за 1 месец значи свадба иде . Прво имаш само 18 веројатно нема план да те жени набрзо . Зошто залет зошто форсирање непотребно . Не се знаете мегу себе , уште странци сте не ви требаат други фаци сега засега ! Од толку мешаници ќе нема време да го осетиш онака пулс кај тргнал . Дека ќе те запознае со мајка му немој да мислиш кој знае што е ... Може има таква навика знам 100 такви. Немој да те убеди сепак во мозочето никој не му е . А и ти не знаеш каков е навистина . Да сум на твое место прво би дефинирала однос. Би му кажала полека ,,,Дека се е ок ама ова ти е ту фаст нема потреба вака да тече ... И што е најважно дај се од себе да ти преовладува разумот немој да вивнеш во облаци стои си на земја . После препушти се ако веќе осетиш дека треба и дека заслужил .
Љубовта не слепа. Не треба да се верува премногу за потоа да не бидеме разочарани. И може да има две причини што тој ги забрзал работиве. Или те сака навистина или сака да те "легне". Биди внимателна со него, постапувај разумно и зборувај со него какви се неговите планови за вас.
Е веќе ми е доста .. Несакам да го изгубам но веќе колку пати разговараме на тема да тој се смени и слично и добивам само едно не се секирај ке биде а ништо не бидува , јас знам згрешив ама за тоа разговаравме се смиривме ми ВРАТИ и што кој ку*ац сака уште ? па и јас имам нерви неможам да трпам толку ЛЕД од негова страна премногу е ладен не сум навикната јас со толку малку внимание .. Дај кажете како да реагирам, како да постапам да бидам ладна за тој да свати дека ме губи па да иреагира пошто сум збунета моментално и не сум во состојба да размислувам ве прашувам вас да ми опишете како да се однесувам ладно Ве молам .. ми треба помош ! Ви благодарам
Кога некого вистински сакаш, ќе го сакаш таков каков што е! Ти кажувам од искуство значи јас постојано му барав на дечко ми да се смени и пред некое време кога сватив дека можам да го изгубам, почнав се поретко да му го барам тоа и сега ми е многу по убаво. Ако сакаш тој да свати дека те губи, едноставно престани да го бараш (знам дека тоа е многу тешко), но потруди се ако сакаш да свати што има покрај себе. Остави го некое време 3-4 дена, па ако тој вистински те сака ќе те побара.
Да ти кажам и јас му реков да не брза многу во врска со мајка му, а тој е упорен . Ние бевме и Битола еднаш на концерт , сега тој таму ќе студира од октомври и ми рече дека тука ќе си доаѓа на секои 2-3 дена и дека ќе се гледаме често . Еве вечерва не излегов 3 пати ми се јави ..не велам дека ми смета тоа , баш ми годи што знам дека има некој до мене заради тоа што сум јас . А за врскава јас не сакам оти до пред извесно време имав дечко и сега сакам да се одморам , онака веза без обавеза. И јас мислам дека е сеуште рано да ми каже дека ме сака , само сакав да знам дали е сменет во вистинска смисла на зборот. После описов мислите дека можам да се справам со сите тие девојки , да покажувам ли малце љубомора или да се праам сеедно дека ми е.. ?? и за тоа ,,хард ту гет ,, размислував и страв ми е со тоа да не го изгубам ..уствари нема да го изгубам затрескан е,, ах колку сум збунета , дури и нервоза ме фаќа од што незнам како да се понашам
Не јавувај му се ти прва.. Остај го,не му пишувај. Не му споменувај видување се додека тој не покаже некаква желба за тоа.. Заборави на некои нешта што си ги ветила. Прави спротивно од се што ќе каже се надевам дека ова ќе помогне
Не е во тоа работава .. за барање ме бара , и тоа што се вика преку 5мин. но кога сме заедно е ладен, не е ко шо беше да дојде да ме гушне,бакне да ми кажи по некој убав збор што ке те крене на небо.. ситуацијава е некако напната , се на сила иде и тоа јас се го прашувам за да се видиме, сега повеке време одделува за другарите одколку за мене а тогаш јас бев единствената што ке биде со него на излегување, за сакање ме сака го знам тоа но не му ја сваќам поентата што се смени така му велам да си избришиме фб пошо секогаш се караме заради него но не сака демек за другарите му било незнам како да се однесувам дали да сум и јас ладна кога сум со него но да не ја влошам ситуацијата пак ? леле нацело полудев
Чек чек чек па нели ти него го свиѓаше само ти се сомневаш во него .... Сега сакаш веза без обавеза ... И што мајка бараш кај мајка му тогаш ? А вака ако не си заинтересирана ќе си му кажеш кој ти е филмот а вака , не знам не успевам да те сфатам најискрено . Значи контактираш имаш дефиниран однос го свиѓаш ама не до толку за да би била во врска туку онака ... Тогаш Рипке редно и хумано е да му кажеш вакви се работиве ти одговара ?! Биди спремна и да го изгубиш .Може не е расположен за истата работа . Прочитај што си пишала НЕМА ДА ГО ИЗГУБАМ ? Заљубен е а како знаеш го стави на полиграф или ? Во тоа никој не е сигурен . Ама по се ти не си начисто со себе вака искрено да ти кажам .... Љумоморна си а сакаш веза без обавеза ? Тоа не е никаква спојка ...
Однесувај се и ти на истиот начин како тој спрема тебе.. И тој ќе почувствува дека нешто фали.. А доколку неможеш така, спреми му некое изненадување,доживеејте нешто ново и поразлично од претходното.. Можеби му здодеало цело време исто, но тоа не е можно ако те сака а и ти си уверена во тоа, и затоа стварно незнам што е проблемот:/
Сигурно има причина што се сменил така наеднаш. Можеби ќе биде подобро да зборуваш со него, да го прашаш која е причината .. а така ако се заинатите и двајцата ништо нема да биде. Зборувај со него и нека ти каже која е причината за неговата промена. Извини што ќе бидам толку искрена, но можеби не те сака веќе како порано. Но сепак ти тоа си го знаеш најдобро, ти си со него секој ден. Прашај го и види што ќе ти одговори.
Па има причина пишав погоре дека јас сум причината дека едвај се смиривме но ете поминаа 4-5 месеци од кога се смиривме и тој демек уште се лути или како да наречам незнам но не се менува а само ветува дека ке се смени .. и кажав дека сме правиле муабет милион пати и ништо .. и сега решив да и јас бидам ладна но незнам како .. и тоа ми беше прашањето, како да се однесувам ?изгледа не ме свативте нешто
Хах да се лути уште за нешто што си направила пред 5 месеци ?! Не знам .. овде нешто ми изгледа матно. Тогаш пробај и ти да бидеш ладна со него па ќе видеш до каде ќе стигнеш.
А бе отворено кажи му дека ти смета таквото понашање. Ако не се смени пак одма почни и ти ладно да се однесуваш. На телефон муабет само кај си шо прајш ко со другар а не кисс4иња, срцинја, цмок4иња, бацувалки... А за ладно понашање како се постапува, еве тој ти е пример примени финта некоја од него само внимавај да не претераш. Секој е различен. Еве јас сум ладна особа, така се однесувам и кога сакам некој многу и ако тој некој исто се однесува спрема мене се расипува работата. За таква ко мене треба некој што ке го разбере моето ’’нечувствително’’ изразување на љубов. Ама заедничко има за сите такви ко мене (и ко дечко ти). Јас кога ке видам дека го губам некој дури тогаш почнувам да се понашам како што треба.
Се согласувам со советот. Мислам дека сеуште имаш време да најдеш некого кој ќе знае што има покрај себе, ќе те цени, ќе те сака на начин што никогаш не си помислувала. Секогаш кога ќе изгубиме некого сваќаме што сме имале покрај себе и колку тоа било вредно, можеби и ТОЈ еден ден ќе свати, ќе проба да те замени со други но никоја нема да е како тебе. Дружи се со луѓе што ти одговараат и што ќе ти помогнат да не мислиш на него .. сите знаеме дека тоа не е лесно сите го имаме поминато тоа .. години врска не е малку, но сигурна сум дека еден ден ќе се смееш на оваа. Поздрав. Fala vi mnogu za sovetot ke se potrudam da go zaboravam i da bide se vo red...mnogu mi e tesko nemozam da ostanam mirna na provokaciite....ziveam vo mal grad i mislam deka potesko ke si najdam nekoj posle tolkava vrska razocarana sum ama se nadevam ke pomine...kako sto slusnav toj mozda i veke bil so druga i zapoznaval drugi na facebook i se...ke smenam nov list se nadevam se ke bide ubavo samo mora ova da pomine ...sepak uste ednas fala vi na sovetite jas sum nova tuka i bas bilo dobro so vas milo mi e
Па смени го малку и ти твојот однос спрема него, биди поладнокрвна и недопирлива. Штом веќе сте разговарале само тоа ти преостанува. Кога сте заедно, однесувај се слично како штп се однесува тој. Од друга страна, тоа што е поладнокрвен немора да значи дека не те сака или слично, едноставно некои луѓе се такви, потешко им оди со искажување на чувствата, нормално е тоа... Не сме сите исти, особено кога станува збор за таква работа.
Вака девојки, ми треба вашето мислење.Пред две недели раскинав со бившиот ми раскина тој зошто не ме сакал и тн...али тоа не е битно.ОК помина тоа, Боже мој, не е ни прв ни последен, но проблемот е ако се смета тоа за проблем што јас кога бев со него со еден колега од работа чисто онака по некој си мал флерт поглед си дофрлавме ништо сериозно.А заприметував како ме гледа и слично, но јас бев зафатена.Е сега, од кога раскинав со бившиот кога дојдов на работа и кафе-муабет со колеги (а воедно и тој беше со нас) и уз муабет ми рекоја нешто колегиве "ајде дечкото вака-онака" и јас им реков немам дечко раскинавме, и тој слушна и ништо не ми рече и само се насмеа.По два дена ми се јави да одиме да пиеме кафе, ок јас појдов значи чисто онака колегијално и ОП после тоа ме бакна и ме праша да не згрешил премногу да не избрзал, јас незнаев што да речам и само му реков да не избрзуваме пополека да си течат работите.И пред два дена вика дека многу му сум се допаѓала, дека сум ви влегла под кожа...али такви слатки муабети не палат кај мене повеќе зошто два пати се изгорев, а трет несакам да има.И ми рече дека сака врска, мислам типот има 28 години и мислам дека според мене не му е до зафрканција, еве веќе 7 месеци сме колеги колку толку се познаваме, али не целосно.Сакам да го запознам со тек на време и несакам пак да избрзам.Убаво ми е со него многу.Тој што ми раскина ми го скрши срцето многу од нигде никаде ми раскина ми рече дека не ме сака после година одење.И после тоа некако како да изладив, сакам да бидам со некој што ќе ме сака, цени и почитува, а со детево (ако може така да го наречам) сакам да бидам убаво ми е.И на некој начин почнавме врска, и сакам да ве прашам дали се впуштив пребрзо во врска од друга во друга.И сакам да не избрзувам со многу работи од типот зближување со неговите, секс и други такви работи, сакам да си тече онака времето пополека, бавно ама сигурно.А на работа односот ни е строго службено зошто и таква ни е работата и мораме.Поздрав девојки