Видиш Косе што убаво запримети дека те спуштиле на земја, сега каква домаќинка, кралица си, каде ќе беше да ти шицкаа по улица... едно фала да им кажеш што те ставиле кај што ти е место
Не ми е мотивот да легнам нешто, нели смеам некоја да им кажам дека е убава и средена без никакви задни намери, или само ако имам некакви задни намери тогаш смеам да коментирам?
Тие стегнатите знаат дека се стегнати, направи добро дело, давај комплименти на нестегнати со убави фризури
Еми тоа е, имаме срце јуначко, не за џабе сме дремеле по нивите со мотиката в раце на најголемите жештини.
Некои да ќе помислат, ама јас на овие што им давам комплименти знаат дека немам никакви задни намери!
Не реагирам бурно, само одредени членови го извртеа муабетот дека ако сум давал комплименти сум имал некакви задни намери.
Во теретана барем еднаш седмично се дешава по некоја ваква увала, па дури и подиректни од "стегната". Е сеа некои се одбиени, други не се. Веројатно зависи од тоа дали типот и спаѓа во групата на тие што сака да и го стегнат. Знаев еден лик што личеше на Ian Sommerhalder на факултет. Тогаш па и актуелни беа вампири, волкови и твајлајт тематики... Типот им пристапуваше со: "Убавка си, сакаш да се лапаме?" Со пола генерација се имаше измувано.
Абе има еден начин да се провери дали е на место "комплиментот". Замислете имате сестра или еден ден ќерка и некој ѝ рече уф женска многу си стегната ма машала. Дали би рекле леле миличка каков фин дечко сигурно немал некакви намери, слаткоречив најс момак Или на девојка ви да каже? Што има врска нели не значи дека има намери... Стегната си? Ја у касапница месо на излог ли сум па да коментира здраво жилаво ова она. Тотално си модерна мајке ми е аматер за овие. Едно цвеќе не знаат да купат, нормален комплимент не знаат да дадат... И сѐ поголем број се вакви пациенти. Сѐ убаво си правиш муабет и после ти вика дај слика целосна не само со лице да те видам. Шо ќе видиш крилја имам на крстот и трета нога. Абе иди бегај. Па ако одма не пратиш одма Каспер. Начукал години, четврт коса го напуштила, глупости.