Бар не е конкретен не коментира фитнес стање. Аура стање му е поважно.А и за оригиналност и безопасност има плус.
Ја немам ќерка сеуште, ама ако имам... Како чика Ники од Ми нисмо анџели 2 ќе се претворам одма. Дури и повеќе заштитнички настроен од него ќе бидам. А за сестра... Мислиш дека ќе те слуша? Знаеш колку пати сум и зборувал на сестра ми за некој лик, и пак си правела по нејзино. Едноставно не можеш никој да го контролираш, сестра, брачеда, ќерка, син... Можеш да советуваш, и да бидеш поддршка, и да делуваш кога тоа од тебе е побарано. Така да, фин, не фин, ваков или онаков секој сам си бира, и сам си ги сноси последиците. Некогаш треба и да се изгориш од млекото, за да дуваш после и на киселото.
@Billy Idol Е тоа и викам сѐ нешто изненадени како претерани реакции а они да се татковци друга песна. За воља на вистината ваквиве ретко синови им се паѓаат.
Здраво, епа вака.. почнав да пишувам со едно дете и по два дена излеговме…но денес цел ден не ме има побарано ни пишано порака…иначе многу го бендисав но изгледа тој мене не… на инстаграм сеуште се следиме, сториња ми гледа, ми срцнува ама не ми пишува и не ме бара…планирам да го избришам после некој ден. Ве молам за некаков совет и мислење.. не знам што да правам дали да го избришам…
Зошто да го бришиш? Не го бриши, не сте се скарале, тоа бришењето е мизерно и да не успее ништо зошто да бришиш некој. Може треба ти да му пишиш нешто рандом да го прашаш како е, што прави итн. Не мора од едно излегување да се сфаќа се толку сериозно
Ти нема вратено на порака, само видено или воопшто нема отворено? Според мене не му пишувај, не го барај ти. Ако се работи за неколку часа ок е да не врати, не висиме сите на телефони, ама ако се во прашање денови, јасно е. Нема што ти да го молиш за нашто. Не си му се допаднала и океј е, ама малку кукавички од него...
Колку и да се заебавате со типов, факт е дека комплимент, макар и второ одделенска фора од привлечен маж скоро секогаш е пожелна и добро прифатена. Дечко, извини, ништо лично. Не е до девојките, до тебе е.
Што кога никогаш љубовта не ми е возвратена,едноставно не ми оди и не мислам дека веќе ќе најдам некој.
Во склоп на муабетот. Чак и да ми каже ,,татко ти да не е терорист зашто си ти бомба", простено ќе му биде. Не сме ние жените вообразени и бичс, мужот не се погодил.