Може ќе изненади Коцето со некоја слика без маица на форумов, па ќе читаме после плот-твистови во "Со колку членови се знаете од форумот."
Госпожа Арабела, зошто вака "ломиш момачке снове"? Муабетот со "меченце" и "свиња дебела"..е друга категорија, но факт е дека сите гледаме КОЈ го вели нештото.. Комплимент од фризерот е едно, од татко на другарка друго, од професор трето, од тренерот по тенис шесто..( случајни се ликовите).. Плус па и згоден ако е..
Секогаш кога излегувам со некое машко сите мислат само на друго… никој досега не ми понудил озбилна врска… имав само една и таа врска ми беше кога имав 16 години. Сега имам 24 и од тогаш ништо…
Ајдееее не туку очајувајте, само полека и без брзање да не зацапате некое копито, па да ви докажи дека поубо е да сте сами.
8 години откако никогаш веќе не ми тргна во љубовта… Времето лета, а никаде нема надеж. Како да не бидеш разочаран кога најголемиот страв ти е реалност?
Пиши му ти, бар ќе знаеш на што си. Ако сакаш нешто, нема само од небо да ти падне. Некогаш треба и да ризикуваш. Батали тоа дека си женско и треба да чекаш тој да пише. Ако ти се допаѓа, преземи нешто.