Вака најискрено да ти кажам, од сама нема поарно. Колку врски има, па никогаш не знаеш која поосамено се чувствува. Дали таа во врска или ти. Ама да, машко (скоро никогаш) нема капацитет да даде емоции во онаа мера што ти мислиш дека може. И секоја што помислила обратно, се излажала. Себичноста и машкоста одат рака под рака.
Избриши го, блокирај го и пријави го во полиција за нешто таму. Ова е многу лоша политика, зошто мислиш дека машките треба во раце да те носат без разлика. Си помислила ли некогаш дали заслужуваш некој да те сака и почитува. Штом некој лошо ти се испонашал не значи дека е дебил. Има една изрека : Денес треба да се бориш 3 пати повеќе за жена што е 10 пати по лоша од баба или мајка. Многу ми е смешно кога од девојка ќе прочиташ немала надеж, па отвори си го инстаграмот имаш на секој саат по 100 пораки, додека го пишуваш текстов веќе 20 души ти имаат пишано, и покрај се пак немала надеж, ако ниту еден од тие не ти чини кај што помеѓу нив има и инженери, пилоти, менаџери... Ти се жалиш. Хахахах
Абе Коце, од тие 20 души 19 сакаат само да и го стегнат. И нормално дека на 20тиот нема ни да му врати, кутриот ќе отиде колатерална штета на сметка на менаџерчето што менаџира со уште 20 девојки а тој може ќе ја жени ама јебига. А добар си со реченицава? Зарем не сите заслужуваме да не сакаат и почитуваат? И најгомно од човек да си, треба да си најдеш исто такво гомно што ќе те сака и почитува, во овој случај затоа што сте исти гомна
Хаха, не сум сингл веќе, се гледам со девојка од солун која моментално е до мене и готви некој грчки специјалитет. И е полугола хахаха
Ве молам намалете со оф топик муабети. Скроз се губи поентата, ете има и нова членка со нов проблем - не мора пак да се прај осврт на муабети од претходни страни во чат форма. Во најмала рака се губат мислења на кои вистина треба да се посвети внимание.
@Herraa @Crnookata Да се вратиме на муабетот. 26 и 24 години сте бе женски. Што ви е? Како така очај уште на овие години? Земете таму превртете кафичите, дискотеките, патувајте со другарки, со роднини, запознајте го светот. Живејте прво. Клише муабет Што е ваше, ќе си дојде Нема да имате потреба да го бркате, и подобро е сингл да бидете отколку со погрешниот да се зацапате па тек тогаш да дојдете во темава со ненормални проблеми. Е да ви споделам искуство од 40годишната ми тетка. По секоја цена пустата желна за љубов зема еден ненормален. Сфати дека е ненормален, го остави и рече ЈАС СИНГЛ ЌЕ УМРАМ, ДРУГ НЕ ЗИМАМ. Oh well, на 39 години женава се омажи и Е НАЈСРЕЌНА НА ЦЕЛ СВЕТ.
Искрено ако ти е тешко без да му пишеш, бриши го. Ако така ти е полесно да не одговориш и помалку ќе мислиш, што ти е гајле. Неговото игнорирање е повеќе срамота. Сите околу мене као се трескаат од земја некој дека ги избришал. Брат во живо ако едно здраво веќе не кажуваш , еден роденден или празник не честиташ, за тебе во таа листа на пријатели нема место. Не си ти рехабилитационен центар за нечија неурамнотеженост, прај како ти е полесно. Инаку, сечија стратегија и мислење поштувам, ама никогаш не сум се покајала што никогаш во чет не сум дозволила да пишам 2 пати едно по друго иако изигнорирана. Ако последната порака е твоја, тоа е тоа. Не велам дека секогаш машко треба првпат да пише, ама сите знаеме како здраво машко се однесува кога е заинтересирано. Тоа е само одраз на твоето лично мислење за себе си. Што зрачиш то провлачиш. Дали кон самата себе си се однесуваш како некој којшто заслужува најубава врска и љубов и сѐ? Не постои маана или табиет што за сите ќе те направи некоја што не може да биде сакана. Отфрли ја таа наизуст научена девиза за самата себе си, затоа што не е вистинита. Не е само вештина да си сакан и допадлив, туку и да сакаш е вештина. Не може да е само и само до твој недостаток работата. Мене па ми е женствено и одбивно машко толку да се голездри и покажува. Ама за секоја роба муштерија има, тоа е убавината на светов. Who's gonna tell her... За брак, младешка заљубеност е многу ризичен темел ако не е поткрепен со нешто друго. Со овој памет, прво ќе изберев некој што го сака Господ што се вели, ама вистински. Оти тој што недволично го сака Бог, ќе си ја сака и чува и фамилијата. Ова мене ми е битно дека сум верник. Сега ако си атеист или не ти е важно, ова сакање Господ, замени го со карактерни особини, начин на однесување во различни ситуации, навики и слично. Ах бе злато не ни почнало твоето... Сакаш ли да ти кажам што е поголем страв? Во едно село ова пред 5 години. Затуцано бајаги. Заљубен момакот ќе се фрла ако не му ја дадат. Кратко после тоа, почнува со пиење, насилен, по жени одење ова она. Развод не доаѓа во предвид. А сака да си ја донесе и новава мома дома харем да си прајт. Оти фино ја измачил и изнатепал нормално првава , милиот на мајка мора да најде ново моме за пулење. Женава нормално сака развод и да си оди со детево. Мажов ѝ вика добро, ама нема да те убијам, но саката ќе бидеш. И ѝ пука во екстремитети. Едвај го измолила да ѝ остави барем една рака бебето да може да си го гледа. Ега љубовта таква, кусо нека е. Човек да е, а ако е, нема да ти оди со дебилни предлози иако знае дека не си за тоа. И мене ова ми го викале и тогаш не верував, ама верувајте вака е. Или ко шо викаше баба ми покојна ,,Ако ти не улепша дан, не мора ни да га буде." Глејте ги нашиве мажи стандарди критериуми ѓомити лордој мајку му, малку и ние гордост и self love.
Коце месечар. Кој има бројче нека го буди, по грешка некој одмор на Бали ќе резервира по интернетов после куку мене. Дај банирајте тролоиве, а матичниот форум нека си ја собере вересијата.
Мене еден ме запроси на нова година ама пошо знам што карактер е си реков батали ако прифатам ке си го зезнам животот па поарно сама ке останам отколку со него и нормално одбив.Ама откако одбив уште толку ми се качи на глава
не е нова теленовела само сакам да кажам подобро сама отколку со било кој или според тебе требаше да прифатам па ке си ги кажував проблемите тука? вака не прифатив и немам проблеми никогаш не ми било подобро