Не бе, онака реков..дека е слично со тоа горе П.С. не пишивај две пораки едно по друго, ќе има казни од @theowndemon
Биди реалистична малку, пример кажи за нова година итаљанец без маица мешаше сос за шпагети, пример. Нормално вака дека машкиве на форумов ќе ти кажат теленовела, они од измислици вистината си ја забораваат, па мислат сите се како нив. Јас одбив еден оти имаше многу женски што не ги знае на инста. Мене ми смета едноставно. Не само за женските туку дека ни хоби страница ни филм ни никаков друг интерес немаше во фолоуд . Што ќе ми го. За жениве има едно правило, колку помалу си толерантен и држиш до стандарди, толку подобро за тебе, а тој што вреди ќе се покаже пак. Во спротивно, ќе се изгубиш себеси одржувајќи врска со некој чиишто постапки не ти годат. Гејмериве како се радуваат кога ќе поминат тешко ниво многу повеќе отколку кога ќе поминат лесно. Ете тоа е тоа. Порано за жени златници собирале куќи граделе они ќе викаат денешните жени не чинат да донесат закон за воен рок фул ќе цвикаат
Си имам јас таква теленова напраено бившиот како ми готви чили кон карне полугол .Штета само што не го убедив
Сега нема жена што не се жртвува повеќе, тек па и по две работи држи само и само да обезбеди по дома (ако има деца). Ова од блиски што ги гледам како се мачат, а мажот по дома како вол леже и сè нешто го боли. Ама една моја пријателка, влезена во втор брак фино-лепо му ја шутна клоцата и си замина во државата од која патем и дојде. Поддршка имаше од децата, плус и од таткото (човекот тогаш имаше околу 85 години). Си ја викна ќерката, не се стискаше и не трпеше ништо од татко. Се среди отом-потом и отплаќаше некои долгови на бившиот, па за развод ја влечкаше итн. Жената што не виде, ама мирна и кротка, наоружена со трпение - и од тоа се спаси.
Токму таквите меѓу нас ги создадоа млаковиќиве. Не дај Боже војна да пукне, ќе треба ние со пушките да излегуваме.
Решението е да се охрабрат, а тоа оди преку мала поддршка од дома. Тука менталитетот е таков, одма етикетираат. Срамно е жена да се разведе, па полесно е да се трпи. Пс.можам да ги сфатам и жените, но трпењето мора да има граница, а не да премине во мазохистички третман.
Маживе многу често на жениве во мк знаат да кажат ,,Не биди дете" , на ова ми текна кога видов еден рилс на Инстаграм. ,,Ако жената во врска се однесува како дете, значи тој до нејзе е вистински маж и е доволно заштитена за да си дозволи да биде и нежна и ранлива, а ако се однесува како мајка, значи дека партнерот ѝ е недозреан, како дете."
Значи еднаш сте излегле и ти си мислиш дека он не е заинтересиран шо не ти пишал наредниот ден одма... А што ако он се прашува истото за тебе дали он тебе ти се допаднал и зашо не му пишуваш. Некогаш премногу брзо донесуваме заклучоци, а можеби нема благе везе. И шо е тоа одма да го избришеш зашто? Со ваков став во животот не се фаќа дечко. Можеш да испиташ терен пред да донесеш заклучок, и можеш ти прва да му пишеш и да дознаеш и ќе ти се разјасни. А не тука да умираш и да паѓаш во очај.
Денеска се комплицира повеќе од што е потребно. Се треба да биде со нагаѓање, натегање, мислење и премислување, топло - ладно, глумење лудила и останати телевиза презенти Па после чуди се на што и како си. Се знае како треба. Ќе и кажиш на крај на состанокот да се чува и да стигне дома сигурно. Ако не ти пиши кога ќе стигне, ти ќе и пишиш да ја прашаш дали стигнала и ќе го продолжите/разврзете муабетот. Толку лесно се продолжува муабет кежуал и ненападно од двете страни што воопшто ова не треба да биде прашање. Како страв да постои да пишиш некому. Ако нејќете да продолжите да сте у контакт, или нешто повеќе, пак ќе си кажете дека нема ништо од тоа, и фала, чао, пријатно. Просто е.
Женски едно прашање пожелно би било искрени одговори… Дали рандом мажи на инста ви бараат да им пратите фотки? (Знајте на какви мислам)