Немам друго решение некако со години исто тие што ми се по мерак или не ми возвраќат или ништо не испага од некој други причини. Или па воопшто немам среќа јас а годините си врват.
Не. Не си клавај трн во здрава нога. Милион пати е подобро сама него со некој ради реда или со некој што те третира ко ништо.
А што да правам кога со тие што сакам не бива последното најголемо разочарување ми беше пред некој ден.
Не требало да бидете заедно, не сте еден еден за друг. Најдобро да си продолжиш по својот пат, ако си го сакала и тој тебе и ти него, немало да се разделите.
Не, никогаш. Тоа е мачење, а не живот, барем за мене. Не можам да си замислам да ме допре и да ме бакне некој, со кој што нема никаква хемија, а не пак даделам ист кревет со него. Подобро цел живот сама, барем мирно ќе спијам.
Не знам ама јас сум изморена од разочарувања што веќе не ми е ниту гајле ,длабоко од внатре диигнав раце не барам, не очекувам ама баш ништо.
Мене овој ми делува на некој кој само сакал да најде некоја за да има семејство, како после извесен период одма нашол друга и одма дете? Подобро што си се спасила од овој, не ми делува на баш ок, сосема во ред од твоја страна што си му кажала дека не сакаш сега за сега и тој одма друга нашол, сурово малце ама да си му била битна и да бил сериозен како што не е, не би нашол одма друга, одма ли се откажува од некој кој ти значи, јас не знам што е ова веќе, можел да ти даде време, а не одма кај упали, ќе најдеш подобар од овој.
Годините немаат врска, демек некое правило се и 20 и 30 да си голема раб иста сум и јас, ама со некој што не ми се свиѓа не би можела да бидам ама знам такви кои им се свиѓа однесувањето, па некако го прифаќаат и човекот така, сите сме различни карактери, ти ако можеш, биди
Очигледно, типот бил со типкава во периодот кога сте биле вие во комуникација, во спротивно не еможно одма да се запозае, да влезе во врска, да ја забремени, детето да се роди, мислам секое од овие дејствија повлекува време, посебно раѓањето. Веројатно не бил коректен и во бракот, оттаму ќе се разведува или пак мафта, а ќе си остане во брак. Се на се, не ти е потребен.
Излегувате со некој, се океј, ви пишува секој ден (после дејтот), очигледно задоволен, заинтересиран за следен, здрава комуникација. Но одма по ден два лајкувани фотки кај други женски. Дали ви се десило и како понатаму? Мислам јас сум човек што приметува се па не можи да ужива како цел нормален свет. Чаре?
Во која смисла не ти е по мерак? Дали не ти е по мерак во смисла те омаловажува, игнорира, љубоморен е итн? Или не ти е по мерак зашто е висок 168цм (или нешто слично)? Од кај знаеш дека лајкувал? И дали не лајкувал кај братудетки или другарки од детство?