Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Нема врска муабетов до сега без разлика дали сум била веќе во врска или само вака секој истото го праел, просто то ви е нешто “нормално” во денешнотo искривено време.
    Само еден се праеше од ко му реков ќе бриши социјални мрежи не знам шо… циркузи волкот го менува влакното ама крактерот никогаш
    @senjorita-v
     
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.469
    Пол:
    Машки
    Така е, и јас порано мислев дека ако некого го почитуваш и сакаш можеби ќе се промени и слично, ама не е точно. Затоа мислам дека сеуште можеби и ја немаш запознато вистинската личност.

    Али меѓудругото ти кажав контролирачки нагон ти е тоа што ти смета дека лајкува на други, а не сте ни дечко ни девојка, нити пак сериозна ви е врската. :D
     
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.393
    Пол:
    Женски
    A чекај, мора ли по секоја цена да имаш некој и да не ти е по мерак?
     
    На Mumoftwo30 и Crnookata им се допаѓа ова.
  4. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    2.109
    Допаѓања:
    12.516
    Пол:
    Женски
    Не мора ама нели да се биде со некој
     
    На Crnookata и mickey18 им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.393
    Пол:
    Женски
    Подобро сама отколку со било кој.
     
    На Crnookata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    2.109
    Допаѓања:
    12.516
    Пол:
    Женски
    Тоа и јас велам подобро сама
     
    На Crnookata и Anyshka им се допаѓа ова.
  7. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    6.837
    Пол:
    Женски
    Омилена манипулација е непочитувањето на туѓите граници да се дефинира како недостиг на самодоверба. Кажува девојка ми смета да лајкуваш и заследуваш женски што не ги знаеш, одма е нападната дека нема самодоверба. Барање валидација од анонимуси на соц мрежи е поголем знак за недостиг на самодоверба ама ај.

    За врска зборам, да не ме распнете одма дека е контролирање уште пред да се дефинира некаков однос.

    Се надоврзав на твојот коментар затоа што беше во тој контекст.
     
    На Panda00, Gosh, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    1.465
    Пол:
    Женски
    А што кога никогаш немаш среќа со некој што ти е по мерак 26 г.и сваќаш дека годините си одат.
    Едноставно не гледам никој за мене.
     
  9. mickey18

    mickey18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Машки
    26 години имаш, кажуваш како да имаш 126 години, животот е пред тебе, ако не денеска, утре ќе го најдеш пополека, што брзаш, те гони некој па да бидеш со некој што не го сакаш?
     
    На Cutiepie123, Mumoftwo30, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.393
    Пол:
    Женски
    Па не треба по секоја цена да бидеш со било кој.
    26 години се ништо, млада си.
     
    На Cutiepie123, Mumoftwo30, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    2.109
    Допаѓања:
    12.516
    Пол:
    Женски
    Ајде вака ти имаш 26 ама јас сум 35 постара од тебе ама во иста ситуација сум како тебе.Јас треба да речам дека ми минат годините затоа што идам накај 40 ти не .Инаку имам шанса да бидам со еден што не ми се допаѓа воопшто ама нема да бидам само за да сум со некој.Не ти минат годините имаш време ке најдеш некој
     
    На Cutiepie123, Crnookata и mickey18 им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.469
    Пол:
    Машки

    Општо зборував ко нагласував, а членката само еден дејт имала и одма мразам шо чајкува итн, извини ама од прв дејт не припаѓам дека таа е вистинската. :)


    Јас барем лично ако е се океј и,одиме кон сериозна врска и ми, значи сам ќе прекинам допишувам и лајкување други женски.
     
  13. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    1.465
    Пол:
    Женски
    Не знам ми велат ќе го засакаш и ти битно тој да те сака ,јас знам дека е така ама не заслужувам ли и јас обострана љубов ,често знаат да ми кажат што планираш годините ти идат или чувствувам како да ме гледат некој чудно како греота уште нема никој.
    Едноставно не е до мене сум се трудила ама не е .
     
  14. mickey18

    mickey18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Машки
    Еве не мора да влезеш со него одма во врска, првин излегувајте како другари, па ќе видеш дали ќе ти се појават чуства кон Него или не, никој не рече не заслужуваш обострана љубов, нормално дека заслужуваш, да бе ти идат годините да не си си престарела, 26 години имаш не 126, не треба да престанеш да се трудеш, во една поранешна фирма што работев еден колега тогаш на 42 години се ожени, така да никогаш не се знае кога ќе ја сретнеш вистинската личност.
     
    На Crnookata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    63.315
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе ме распните за ова, ама ако тој со кој пишувам лајкува сѐ што е женско, па уште и да следи многу женски профили, мене ми е ред флег. Не, во никој случај не велам дека би контролирала што лајкува додека уште сме во фаза на зборување, нема ниту да спомнам, но дефинитивно би ме направило да сум претпазлива, и ако евентуално дојди работата до врска, тој разговор ќе е неизбежен. Модерни времиња се, но има некоја психологија и позади тоа со лајкување и следење многу женски (не велам апсолутно никакви да нема). Нема да се расправам со него, но тоа ми е граница која не сакам да ја прекрши некој, па ако не се согласува значи дека не сме еден за друг. :)
     
    На Panda00, Cutiepie123, Keiner и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Timbo

    Timbo Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Машки
    • Не испраќајте повеќе мислења едно по друго
    Разбирам зошто ова те замислува—кога некој покажува интерес и има добра комуникација, а потоа го гледаш како лајкува други профили, може да изгледа збунувачки или дури и вознемирувачки.

    Најважно е како ти се чувствуваш во врска со ова. Некои луѓе го сметаат лајкувањето како обична активност без значење, додека други гледаат на тоа како индикатор за интерес или можни намери. Ако ти пречи, нема ништо лошо во тоа—твоите чувства се валидни. Прашањето е: дали тоа влијае на твојата доверба или удобност во врската?

    Можно решение е отворен и искрен разговор. Без обвинувања или претпоставки, можеш да прашаш нешто како:
    "Ја ценам нашата комуникација, но приметив нешто што ме замисли—сакам да разберам како гледаш на лајкувањето на други профили и дали тоа значи нешто за тебе?"

    Ќе добиеш увид во неговиот став и може да ти помогне да решиш дали сакаше да продолжиш со запознавањето или не. Ако одговорот не те задоволи или ако чувствуваш несигурност, тогаш твојата интуиција можеби веќе знае што е најдобро за тебе.

    Ако премногу анализираш и ти е тешко да уживаш во моментите, можеби ќе ти помогне да се потсетиш дека нема совршено сценарио—секогаш ќе има нешто што ќе ти го „боцне“ вниманието, но твојата среќа и мир се најважни.

    Апсолутно те разбирам! Секој има свои граници, и тоа е сосема валидно—не се работи за контрола, туку за тоа како ти се чувствуваш во една динамика.
    Совршено е нормално да приметуваш такви нешта и да им даваш значење, бидејќи тоа кажува нешто за тебе—за твојата перцепција, вредности и што те прави да се чувствуваш сигурно во односите. Некои луѓе се апсолутно опуштени за вакви активности на социјалните мрежи, додека други ги гледаат како знак на интерес кон повеќе опции.
    Најважно е што си свесна за своите граници и си подготвена да ги почитуваш. Тоа не значи дека некој е погрешен ако не се согласува, туку дека едноставно не е компатибилен со твојата визија за врска.
    Ако чувствуваш дека ова ќе биде тема што ќе треба да се разговара доколку работите одат понатаму, тогаш најдобро е да си искрена за твојот став. Како што кажа, без расправии—само јасно поставување на очекувањата.
    Всушност, ова покажува дека си зрела и дека знаеш што бараш. Никој не треба да се чувствува лошо што има стандарди за она што му носи стабилност и мир во врската.
     
    Последна измена од модератор: 7 мај 2025
  17. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Добро е што има некој да објасни и што не мисли како грото мажи- да ми прај сцени ке ми стани одвратна бла бла, какви сцени какви бакрачи друже, по одбивно од лајкување(мањачење) други во врска нема. Како и да е ќе си се дистанцирам, мирна глава. Кога би постапуваче сите жени како мене, животот би бил по убав и вистински.
     
    На Panda00, Emi.123, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    2.109
    Допаѓања:
    12.516
    Пол:
    Женски
    Па тогаш ти си супер дечко бе Старк камоли сите да се како тебе
     
    На Cutiepie123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Timbo

    Timbo Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Машки
    Ке ми биде мило ако мојот совет ке помага
     
  20. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    14.909
    Пол:
    Женски
    Што подразбирате под лајкување на женски? Некои рандом што не ги знае, разголени и сл. или општо лица од женски род?
    Зошто мене машки другари, пријатели, колеги, соработници, сопружници на другарки и братучедки ме лајкуваат, а и јас нив. Пишуваме и разменуваме мислења на стори за местото каде што е сликата, ресторанот, храната или што и да е… и не гледам ништо лошо во тоа.
    Ама ме интересира вашата перцепција.
     
    На christinnn, Mumoftwo30, BlackNight и 4 други им се допаѓа ова.