Еве не мора да влезеш со него одма во врска, првин излегувајте како другари, па ќе видеш дали ќе ти се појават чуства кон Него или не, никој не рече не заслужуваш обострана љубов, нормално дека заслужуваш, да бе ти идат годините да не си си престарела, 26 години имаш не 126, не треба да престанеш да се трудеш, во една поранешна фирма што работев еден колега тогаш на 42 години се ожени, така да никогаш не се знае кога ќе ја сретнеш вистинската личност.
Можеби ќе ме распните за ова, ама ако тој со кој пишувам лајкува сѐ што е женско, па уште и да следи многу женски профили, мене ми е ред флег. Не, во никој случај не велам дека би контролирала што лајкува додека уште сме во фаза на зборување, нема ниту да спомнам, но дефинитивно би ме направило да сум претпазлива, и ако евентуално дојди работата до врска, тој разговор ќе е неизбежен. Модерни времиња се, но има некоја психологија и позади тоа со лајкување и следење многу женски (не велам апсолутно никакви да нема). Нема да се расправам со него, но тоа ми е граница која не сакам да ја прекрши некој, па ако не се согласува значи дека не сме еден за друг.