Прашај го што ќе беше ако ти беше таа што планира да оди во друга држава со друштво. Одговорот ќе ти каже како и што понатаму. Јас мислам дека ако беше обратно, тој немаше да ти дозволи да одиш воопшто. Така што, иднина со типов немаш. Ако тој нема доверба во тебе, не е цвеќе за мирисање. Се плаши да не го правиш она што тој го прави. Таков не ти треба.
Не преувеличуваш, иако не сте долго заедно, сепак доколку врската ви е сериозна сметам дека треба да се кажуваат однапред испланирани викенди, патувања со други особи, не за да си браните, туку мене тоа ми е едноставно показател за степен на блискост со партнерот. Тоа што сам си испланирал и пред веќе кога се средил за да оди многу кажува за него, за каква личност се работи, од друга страна нема право да се расправа со тебе со кого и каде ќе излегуваш, ниту да ти брани.
Не преувеличуваш. Мене ми делува и да се буниш него нема да му е гајле туку ќе си измислува милион изговори и оправданија како со летот кога му е што те мафтал. Едноставно дечко ти е себична, самодоволна личност, дури и да му раскинеш мислам сеедно ќе му е, ако си најде некоја на која нема да и пречат неговиве карактеристики супер, ако не пак супер.
Ако треба да кажувам кај сум и со кој сум зошто сум, искрено нема ни да ми се оди нема ни да отидам пошто ќе ми биде блам да дремам цел ден на телефон и да се објаснувам. За џабе си го губиш времето со овој девојче. Најди си понормален. Не е работата што ќе оди во друга држава работата е што ти трие сол над главата, те праи глупа со сила. За ова патување знаел најмалку две недели унапред како што кажа сама.
Здраво, долго време се мислам дали да пишав овде, но еве дојде моментот. Со дечко ми сме заедно 5 години и двсјцата имаме 27 години. Работиме, земаме ок плати. Тој има брат помал и сестра поголема која е мажена. Со мене се однесува одлично, толку многу внимание, почит, љубов. Се што може да се замисли во еден маж. Плус не пие, не пуши, не се коцка. Е сега друго ме мачи мене. Цело време ми зборува за брак за деца (што е океј според мене на 27 год после 5 год врска) но тој сеуште живее во детска соба со мајка му и татко му. Е сега некој ќе каже колку може толку, но тука доаѓа друг момент. Плата зема 1000-1500€ месечно, се луксузира во смисол кола од 8000€, џип 12000€ и последно 7500€ мотор. Во ред е, негови пари. Но, ме мачи што понатаму? Човекот живее во газ место со неговите, нема план да направи нешто за себе, ниту вц на спрат да си го среди. Куќата нема ни фасада, дворот е раскопан, нема ограда, кровот тече а парите ги дава за други работи. Знам дека не е моја работа да се мешам, јас го сакам и со малку и со многу, си имам мои пари и не ми се потребни неговите. Но се плашам од тоа дека да останам денес бремена и да мора по брза постапка да се земеме ние нема каде да живееме, се плашам од тоа дека цел живот со мојата плата ќе гледам фамилија додека тој неговата ја дава на непотребни работи според мене.
Тој кога почнува разговор за иднината прашај го и ти каде ќе живеете, дали сака да си купите стан, што планира за понатаму.
Штом се поставува прашањето за брак, се наметнува и темата што понатаму, како и каде би жевееле како би се организирале, кога деца. На оваа тема се разговара пред брак, отворено кој што мисли и какви очекувања има, а не потоа. Разјасни си ги сите дилеми што ги имаш по ова прашање, не е само да се земеме, па после како ќе даде бог.
Види како гледа на тие работи, станбено прашање, како ќе распределувате пари, плаќање сметки итн.. ова се разговара баш сега и ќе видиш каков човек е.
Ја искрено ќе ти кажам дека си губиш само време со типот. Возрасен е и треба да си ги знае приоритетите. Да, негови пари ама тоа што морал братот да има и кола и џип и мотор, а живее со неговите кажува дека е незрел и не е спремен ни за врска, не па за брак. Ај да немал, да спремал лека полека, друго е. Ама типов ИМА пари, ама бира да се расфрла. Утре ќе те читаме во снаи и свекрви како те убедувал дека е подобро мама негова да ви ги чува децата место да давате за кирија. Ама битно е многу нежен и мил и пружа пажња. Затоа или кажи му да се смени или тргни се од него.
A kako ce bidi da sednish na masa so nego i da mu kazhish toa shto nas ovde ni kazhuvas? " Ajde be da naprajme dete, ama kade, kako i so kogo mislish da zhiveeme?" Pa vidi shto ce ti odgovori i ostani cvrsta do krajot na muabetot!
Мој совет да разговараш со него најубаво, тука најлесно е да ти кажат сите раскини и крај ко чекајте луѓе ако има љубов ќе најдат заеднички јазик, ќе се договорите што планирате понатаму тоа што си купил си купил за него од мерак, обично луѓе купуваат работи што ги немале ко мали, материјални работи се тоа денес ги има утре ќе му текне ќе ги продаде ќе му пројде мерак, куќата ако е на неговите нема што да се замараш дали течело капело или немало фасада, па кај нас балканците пола куќи се без фасади а внатре луксузи, може несака да вложува таму за да си купите свое место понатака, како и да е треба да разговарате меѓу себе ти можеш да му дадеш совет да го научиш да чува пари предложи му заедно да си направите нешто заеднички за понатака.
Како прв чекор почнете да зборите за живеење под кирија (ако немате сопствени станови) за да видите како ќе функционирате во заедница. Мислам дека тогаш најдобро ќе го видиш човекот, на тој муабет и како понатака би размислувале да си купите стан итн. Можеби не ги гледа рационално парите моментално затоа што живее дома (не го правдам) само гледам и од некоја негова точка. За човек да може да ја сфати вредноста на парите и она што го заработува мислам дека треба да се осамостои и да живее одделено од неговите. Пак прво напрајте муабет и види го неговото мислење, бидејќи и веќе возрасни сте.
Напрај си муабет. Мада, што знам еден муабет колку е реален показател. Реално е дека работите сега, веројатно не премногу долго време и сега ако не си купи ,,бесови,, кога од никој не зависи и никој не зависи од него, па кога? Појма немам дали сите мажи имаат такви потреби, појма немам мажот ми како трошел пари пред да почнеме да живееме заедно, знам дека ништо битно немаше заштедено (немав ни јас ). Можда мажи не знаат што да праат со пари, и тоа е можно. Ама што спомнаа, живеење пред брак заедно е многу потребен чекор пред да се влезе во брак. Да не влезеш, па да се чудиш кој е овој човек.
Чудно ми е маж да не го тригерни внатре во него нешто да се стабилизира финансиски (стабилизиран и гледам дека доста раскошно троши како што го опишува) и да биди станбено среден. Овој муабет овде може да си нагаѓаме се и сешто, а членката ако влези во брак на ненапраен муабет на тоа како гледа на работите, конкретно еве каде ќе живеете и како менаџира со пари, верувај колку и да е богат, може да е себичен и да си имаш life long term problems.
Јас мислам до 30 години па и не е нешто многу маж, извини ама на 27 има само 2 години како ти созреал мозокот. Оно и на 40 може се друго да му е приоритет, тоа не знаеме, ама тие 27 сега ми се можда и ќе го биде, можда не. На 40 веќе сигурно нема да го биде Не знам како, сум имала дечко и од 25 и од 30 години, и двајцата имале само вода во очи, ама сум можела да проценам од кого што бива. Мислам дека односот кон работата ми биле побитен индикатор (дали е мрза, дали е амбициозен) отколку тоа на какви глупости трошеле свои пари.
Епа јас бев роден барем тој период апла сиромашни сме живееле, и нешто што го осеќав тогаш од моите родители, ми стана битно во животот што и да правам, најпрво да бидам станбено осигуран, да работам да имам редовен приход, заштеда и останато. Можеби скромно делува, ама засега ми оди добро и сум среќен и задоволен.
Се сложувам иако има некои мажи што и порано созреваат. Еве јас и дечко ми сме од прва година заедно, и веќе кога наполнивме 21 година работевме и двајцата и решивме да се преселиме заедно, и он ептен иницираше на таков чекор и јас така согледав со него он каков е, на што троши пари, дали е мрза, дали е амбициозен итн и како гледа на парите, а еве сега веќе и во процес на купување стан сме. Затоа предлагам барем малку живеење заедно за да процени точно каков е дечкото и дали тоа што не ги рационализира парите му доаѓа од поривот дека живее дома или едноставно не знае како најпаметно да ракува со нив, што и тоа може да се реши доколку има помеѓу нив разбирање.