Чудно ми е маж да не го тригерни внатре во него нешто да се стабилизира финансиски (стабилизиран и гледам дека доста раскошно троши како што го опишува) и да биди станбено среден. Овој муабет овде може да си нагаѓаме се и сешто, а членката ако влези во брак на ненапраен муабет на тоа како гледа на работите, конкретно еве каде ќе живеете и како менаџира со пари, верувај колку и да е богат, може да е себичен и да си имаш life long term problems.
Јас мислам до 30 години па и не е нешто многу маж, извини ама на 27 има само 2 години како ти созреал мозокот. Оно и на 40 може се друго да му е приоритет, тоа не знаеме, ама тие 27 сега ми се можда и ќе го биде, можда не. На 40 веќе сигурно нема да го биде Не знам како, сум имала дечко и од 25 и од 30 години, и двајцата имале само вода во очи, ама сум можела да проценам од кого што бива. Мислам дека односот кон работата ми биле побитен индикатор (дали е мрза, дали е амбициозен) отколку тоа на какви глупости трошеле свои пари.
Епа јас бев роден барем тој период апла сиромашни сме живееле, и нешто што го осеќав тогаш од моите родители, ми стана битно во животот што и да правам, најпрво да бидам станбено осигуран, да работам да имам редовен приход, заштеда и останато. Можеби скромно делува, ама засега ми оди добро и сум среќен и задоволен.
Се сложувам иако има некои мажи што и порано созреваат. Еве јас и дечко ми сме од прва година заедно, и веќе кога наполнивме 21 година работевме и двајцата и решивме да се преселиме заедно, и он ептен иницираше на таков чекор и јас така согледав со него он каков е, на што троши пари, дали е мрза, дали е амбициозен итн и како гледа на парите, а еве сега веќе и во процес на купување стан сме. Затоа предлагам барем малку живеење заедно за да процени точно каков е дечкото и дали тоа што не ги рационализира парите му доаѓа од поривот дека живее дома или едноставно не знае како најпаметно да ракува со нив, што и тоа може да се реши доколку има помеѓу нив разбирање.
Точно е тоа ама треба да се најде безболно решение,каде ќе се продолжи со нормален живот.Секогаш треба да се донесе правилна одлука за продолжување на нормален живот, разводот е еден од тие механизми, сепак и има друг начин да се најде за одвојување од него и продолжување на самостојно живеење.
Устата му збори сака брак, ама делата му зборат не е спремен. За тоа дека се негови пари, негови се, ама ако навистина и искрено гледа заедништво со тебе би ти спомнал и би те прашал за совет/согласност за трошење на овие суми бидејќи колкава плата и да зема сумите се големи значи земал кредит. Еве остануваш бремена утре другиден тој кредит на заеднички товар и грб би паднал. За овие нешта пред некое време беше активна една тема за кредити во брак, да дигнел за нешто што заеднички би ви користело ајде де да го делите ама за луксузирање... Друго што ти е можеби олеснителна околност, ако сакаш да ја гледаш како таква, штом тој не вложува во куќата можеби со идната сопруга не сака да живее таму, можеби сака во странство. Муабетот ми е тој дел што не сака да вложува во доградба може има некоја намера/план, можеби брат му ќе си ги догледува родителите и си вложува во доизградба на домот и живее таму. Според мене поголем проблем ти е неговата неспособност рационално да менаџира со парите, поточно ако добро претпоставувам што во иден брак би те чекало отпата на кредит за негов луксуз. Зошто и кола и џип и мотор купување истовремено? По тоа што си опишала досега, ако непланирано еве останеш бремена стравовите би ти се обистиниле. По тоа што гледаш што прави како понатаму е твој личен избор во договор и согласност со него откако како вака што си пишала тука ќе му кажеш и него лично што те плаши и ќе испиташ преку дела кои му се идните планови за вас двајцата.