Другар ова не ти е некој аларм???Не ти е знак дека девојкава не сака да е со тебе?Сум имала врска со дечко од друг град.Па и ја идев таму и тој доаѓаше во Скопје.Зошто би го криела ако го сакам и сакам да сум со него?Значи ако некој сака да е со тебе ќе биде.И нема зошто да се крие.Не зборам за запознавање со неговите и нејзините.Ама да не сака да идеш во нејзинот град за да не ве види некој?Нема логика.А тоа дека се родителите строги-тоа и јас сум го кажувала АМА со некој кој не сум го сакала во животот.Сега имам убава врска па немам зошто да го кажувам тоа.Или па да се кријам. Затоа согледај ги работите на време.Пред да се заљубиш па да останеш повреден на крај.
Не ми изгледа на некоја што би одела со двајца, прв сум и по нејзините кажувања, а и по однесувањето е така како прва врска. Многу кратко сме заедно 10-15 дена, а се познаваме неколку месеци. И се познава колку многу е заљубена, дур беше тука дури и кога не бевме во врска истата секунда штом ќе ја викнам излегува. И сега ми враќа 24/7. Кога била со мене сме биле и по цел ден заедно и не користи многу тел, да има друг би му пишувала нели? Ама кога ќе и се јавеше татко и многу паничеше... И незнам дали има друг или само не ми верува мене доволно.. Според нејзиното однесување кон мене не изгледа како да има друг што знам..
Слушај си го инстинктот, не форумските мангупи. Да, кога би имала толку малку години да бидам студент, не би сакала да се запознавам и објаснувам со родители после ,,врска,, од 13 и пол дена.
А не ти е чудно што ја моташ дека ја сакаш додека тука сечеш два месеци вени по бившата? Не еден, тројца нека има, и малце ти е.
Ама 13 и пол дена врска, важи и за тебе. Колку години имаш за толку ,,фатално,, да се ооседнуваш? За толку кратко време не можеш ни да запознаеш човек,ни да се заљубиш, ни да ветуваш брда и долини.
Искрено, ти си поголемо црвено знаме отколку таа. Ја немаш преболено бившата но користиш други девојки само за да заборавиш. Она што тебе ти треба моментално е да побидуваш сам и да се рефлектираш на сѐ, да си дадеш време да ги почувствуваш чувствата, ако треба и помош од психолог да побараш. Не го велам ова со лоша намера, но едноставно се ставам на местото на другата девојка, никој не сака да е искористен за преболување бивши. Иако според ситуацијава што ја опиша со неа, ми изгледа дека и таа крие нешто. Во никој случај не ми изгледа дека ова води некаде.
23год, ама еднаш бев вака изигран па затоа мислам што ако и она е иста.. Знам дека не е со лоша намера, затоа што и сам сум свесен што правам. Мислев дека ако влезам во друга врска ќе направам добро и за себе и за неа. Точно дека непромислено ја донесов таа одлука. Јас не дека немам никакво чувство за неа, имам. Ама незнам ни јас зошто уште бившата ми се врти во глава. Не ми е сеедно и мене што сум ваков, и се трудам околу неа и не би ја разочарал..
A епа тогаш у реду е. Иначе не знам што би можело да биде. А и како можеме ние овде да помогнеме и да погаѓаме што и е исклучиво нејзе во главата, на јавен национален форум, (со анонимни идентитети добро)... Не знам ни у овој случај кое би било најздраворазумно решение, ете можеш да си отвориш чат со бившата/ите и сегашната да подискутирате заедно, исклучиво за твоите чувства и остали трауми кои те довеле до овој стадиум на животот. Или групна терапија/група за подршка на психолог/јатрија па. И Куда иду изгубјене дјевојке (од Цеца) може да пее у позадина добро ете. Или па и Цеца лично да ја викнете на свирка, хеј the possibilities are endless кога подобро ќе размислиш, a и ко шо рече Martin L.King "Дозволено ми е да сањам колку сакам"... или нешто у тој фазон беше, не ми текнува... Е сеа не знам дали ќе сака да ви се придружи викаш не била за појавна експонација ама добро.
Јас не реков да погаѓате што и е нејзе во главата, мислење побарав, ако немаш никакво никој не ти вика дека мораш да одговориш. Навистина? Незнаев дека тоа е решение. Од кај знаеш ти си пробала, па успеало?
Периодов страшно ме мрзи да пишам, ама морав сега. Ако седиш и можиш на една рака да избројш денови кои сте заедно и општо, ако уште бројш во денови колку време си со партнерот - прерано е to read into things. За 10 дена јас не знам дали сакам да ми е некој партнер. За 10 дена јас апсолутно неќам да се објаснувам со помалку блиски луѓе (роднини) и + со фамилијата шо прам на приватно/љубовно поле. Така да дај време нека помини и види како природно ќе течат работите. Таман ќе имаш и ти време да заздравиш оти не знам дали има 10 дена (лол) од кога пишеше срцепарателни работи за бившата. 10 дена се во прашање, it's not that deep. Не мора се да е интензивно, не мора се да е форсирано. Остај природно да течат работите. @_Naumche_
Што би направиле во ваква ситуација... Излегувате со дечко кој е ок, се гледате неколку пати се ок, меѓутоа стига порака на моб.. Што имаш ти со... (неговото име) дечково ми рече случајно дека имал љубоморна поранешна девојка... Иначе, знам дека можеби не требаше, ама вратив на тоа што имаш ти со... Што не! Дали да му кажам, ама па од кај бројот на таа, мој? Што би било најдобро да направам?
Бившата ти пиша порака во врска со тој со кој се гледаш сега и ти ѝ врати? Малку е ... хаотично. Па сакам да видам дали точно разбрав. Какоидае, најдобро решение е секогаш игнор при контакт со љубоморни бивши кои сеуште пробват да влезат во сегашноста на партнерот. Нормално ако се бивши, чим прашва можда и треба да слушаш зошто прашва, не знам. Јас би кажала на партнер за ова и то е максимумот на мојата инволвираност.
Мислам дека треба да кажеш на дечко ти. Бројот може да ти го најде од некој друг, не мора да значи дека дечко ти и го кажал. Може пробала да контактира со него тој ја одбил и пробува преку тебе.
Ќе разговарам со партнерот шо се случило меѓу нив и ако е љубоморна ко шо е речи и " твоите 5 минути завршија ајде чао"
Па искрено арно си и вратила, кратко и јасно. Е сеа кажи му на дотичниот да си ја прибере и да ти сјаше са курца. Ако ти пише пак ,отом потом. Али најбитно е да дознаеш од кај знае за тебе и од кај и твој број... Знам ја пуно вакви што имаат ,, љубоморни ,, бивши, оти они ги провоцираат намерно и отчет им даваат за секој партнер за да им се одмаздат и да ги држат на ланец...