Не е љубовен проблем, и можеби е далеку од темава, но ми лежи на срце, а темава е една од најактивните па сакам да побарам совет. Како се справувате со другарка која цело време сака да се издигне над вас, и со тоа ве прави да се чувствувате бедно? Ме има направено да се осеќам како што и да направам во животов да ми е џабе пошто таа секогаш е над мене. На пример, почнав да излегувам со едно момче, и кога ги запознав ќе го искршеше вратот вртејќи се да видела колку е висок. Не е многу висок, 180цм е, до тој момент тоа никогаш не ми сметало ниту ми паднало на памет, ама ете ќе излажам ако кажам дека нејзината реакција не ме направи да се замислам дали доволно ме привлекува дечкото. Она има висок згоден дечко, и знаете, сите други се помалку од него и предмет за измевање затоа што не биле високи и немале мускули. Друга работа, таа е повисока и далеку позгодна и поубава од мене, цел живот било така буквално и во ниту еден момент не сум осетила некоја љубомора или нешто кон неа, баш напротив. Но, цело време гледа да ме понижи во смисла многу си здебелена, треба да намалиш, јас сум многу убава и каде и да отидам сите во мене гледаат и слични такви муабети. Еднаш се сликавме и 10 пати ја преслика сликата затоа што ми било дебело лицето, ужасни реакции беа. Или на пример, како таа ги положувала сите испити, а јас сум заглавила. Исто и за сите сака да дознава работи и да наоѓа маани кај секој, што ужасно ми смета. Ги има многу, премногу ситуации, но ги кажав овие само колку да имате претстава за што зборувам, а и затоа што се најтазе па мислам дека почнуваат да ја прелеваат чашата. Девојчево многу ми значи, буквално од 5 години сме заедно, сме поминале низ сито и решето, била тука во многу ситуации, но некои работи уназад низ годините ми се насобраа, а периодов откако се фати со совршениот згоден маж од соништата, некако е многу вообразена и премногу почна да ми смета. Се чувствувам лошо за себе, како што и да правам ништо да не е доволно, ниеден мој успех, ниеден дечко ниту работа на изгледов. Пред некој ден доживеав доста голем успех на професионално поле, буквално странци ми честитаа и им беше мило за мене, а таа комплетно ме изигнорира, па после се понашаше као не знаела што било работата, не сфатила (глупости). Се дистанцирам колку можам, но сепак реакциите и вообразеноста се тука.
Срцка бегај од неа не ти треба таква личност во животот нема врска што сте од мали заедно не ти треба некој што ќе те тоне ќе те омаловажува за она да се издигне на тој начин си го дига егото дигната другарка со носот до небо не ти треба што не знае да те подржи кога треба, одалечи се посреќна ќе си.
@Maylin Има една поговорка, која вика вака: И бидејќи ти не си ја знаеш сопствената вредност, not yet, дозволуваш некоја ваква лажна другарка да ти набива комплекси. Плиз, значи, бегај подалеку од такви. Тоа не се другарки, туку потајни непријатели. Сета енергија насочи си ја кон себе, почни повеќе да се сакаш, да имаш повисока самодоверба. Ќе сфатиш дека никогаш не си требало да ја пушташ во твоја близина
Игнорирањето е мајка на знаењето. Многу често се дешава девојка кога ќе фати дечко и мисли светот се врти околу нив и многу се влезени во некој филм. На таквите многу брзо можи да му се сруши филмот и да одат у три лепе. Почни да ја игнорираш,не ја барај за излегување,држи некој контакт колку да се речи. Ако некој ти смета во твоја близина со то шо ќе те вреѓа и ќе ти го паѓа расположението нема потреба да е во твоја близина без разлика колку години да сте другарки,пријатели. Вистинскиот пријател колку и да си ниско ќе те крени на највисоко и никогаш нема да те вреѓа или омаловажува према другите.
Каква сељандура, боже ме опрости. Одма да си најдеш нови другарки, буквално ништо не значат годините што сте ги поминале заедно, па ради атер да седиш. Не напредуваш никако заради неа, а и кога напредуваш она секад ќе те турка надоле, затоа што само така може жива да се осети. Убаво да си провериш дали има расчистено со бившата. Пошто ако нема, џигерот ќе си го изедеш. Ова од искуство ти кажувам. Ако немаат пресечи одма и заштеди си неколку години од животот. Ако имаат нека ја испоблокира од секаде, а тоа направи го и ти. Ама да си провериш, не оставај на случајност.
Совршенава има комплекси до плафон, остави ја по кратка постапка, ќе се спасиш од ваква токсичност. И немој никако назад да ја примаш. Ова е длабоко, несреќна и нереализирана личност, колку и да има, пак е несреќна и сериозно нешто и фали. Која плиткост, ќе мери момчето колку ти е високо. Никогаш, ама никогаш не сум рекла: „Колку сум убава" па и да му тријам некому на нос зошто се здебелил. Вистински убав човеч и надвор и внатре ќе работи на себе и нема да се споредува со друг. Оваа нешто гадно ја дрма, сериозна сум. И батали дружба од пет години, во животот не се знае кој уште ќе сретнеш, а верувам имаш и други помалку токсични пријатели.
На оваа и треба психијатриска помош. Ама најозбилно. Не мора да се дружиш ради реда, едноставно исклучи ја од животот. Ова не е несигурност само по себе, туку несигурност + злоба.
Оо заради вакви другарки порано колку си ја имав уништено самодовербата немаш појма. Среќа па тоа беше многу одамна и се опаметив со какви луѓе (не) треба да се дружам. Џабе сте заедно од 5 години кога очигледно тоа на нејзе не ѝ значи ништо. Си носи тешки комплекси да биде над сите. Едноставно откачи ја одма без објаснување и чао пријатно
И самата си кажа како ти влијае, зошто да ти паѓа самодовербата заради некоја што не е задоволна сама од себе? Личност што се фали и ги навредува другите е искомплексирана личност, незадоволна со себе и со многу проблеми и несигурности кои ти не ги знаеш Не можам да поверувам, се фалела оти била убава и имала висок и убав дечко лелее Јас би кажала дека е љубоморна на тебе затоа не ти честитала, знае таа колкава работа е тоа ама се прави дека не сфатила и дека не е тоа некоја голема работа за неа-мизерија Сум имала и јас порано другарки кои дирекно и индирекно ми кажувале какви маани имам, дека сум била подебела од нив, дека сум имала слаба и ретка коса, дека сум заглавувала со испити и тие да биле на мое место би се откажале од факултетот, дека не сум работела на помали години и како ќе сум се снајдела кога ќе почнам да работам и мноогу други работи, кога дечкото ми се скара и имаше друга девојка ми викаа како сум можела да издржам, тие да биле на мое место ќе се убиеле, не знам што би направиле... Сега сум далеку на подобра позиција од нив, тиа се најдоа на истите и полоши ситуации од тогаш на 20години што бев јас,со повеќето се дружам уште ама со некои немам ни контакт никаков
А за другарка ја сметаш таква? Дај ти се молам. Откачи ја таму,нека си лечи комплекси на други,не на тебе. Не трпи никого во животот.
Јас само да те прашам, што уствари гледаш во неа? Другарка, пријателка, мајка? Според ова што го опиша минута не би ја трпела. Ако сака и од рагање бидете заедно тој идиот од човек исфрли го од својот живот. Како трпите токсични луѓе не знам. Прво мислев за деца се работи, вие веќе над 20 години, оформени личности кои веќе карактер имате изградено. ,, Лепотицата" стави ја во некое ќоше каде што не постои повеќе. Уживај во животот и љубовта.
Оваа ти е латентен непријател. Не е оправдување да ја трпиш само затоа што се знаете од 5 години. Искрено, родена сестра да ми биде ќе пресечам ваква токсичност не па “другарка”.
Што кога некое машко само ве искористува и веќе никогаш не ве бара? Излегувавме и имавме односи… ми беше прв пат да имам нешто такво со некој… и потоа веднаш веќе другиот ден почна да се оддалечува, да не ми пишува… и јас ништо не го прашав само го избришав а тој и понатаму ми отвара на профил, ми гледа стори итн… иначе и двајцата имаме 23 год.. дали е можно само тоа да му била целта да ме искористи… искрено многу лошо се чувствувам…
Можно е.. Зависи како се однесувал и пред да имате односи.. Дали инсистирал? Дали само за тоа ти зборувал?
Зошто го избриша? Треба да правиш муабет и да знаеш на што си, вака ние џабе ти кажуваме и нагаѓаме што мислел и каква намера имал
Плиток е ваљда и крајна дестинација секс за жал. Нема за што да се чувствуваш толку лошо, биднало ете искуство плус на некој начин. Некогаш и на лошите моменти учиме по некоја лекција. Се гледа дека си ок личност, да не му се секираш многу.
Како да правам муабет кога тој почна веќе и да не враќа и да не ми пишува? Значи знаев која му била целта и го избришав. Не… изгледаше како многу добар воопшто не помислив дека ова ќе се случи… ама ете многу ме повреди