Не, не, нема потреба да вртиш како сакаш. Збор како "понижена", па и "изманипулирана" и "излажана" како поблага форма ништо добро не и носат на девојката што побара совет. Што фајде има она да слушне зборови као: "Те изманипулирал, излажал, искористил"? Убаво и пиша Срцката, дека не треба да се чувствува дека е понижена, навредена, искористена физички и емоционално. Не направила ништо долно, грешно или неморално или не знам какво за да слуша такви зборови. Тоа што имала секс не ја прави сега помалку вредна, ниту она "дала" нешто, а ниту тој "земал". И секоја индивидуа треба така да размислува, со тој мајндсет, а не "ме искористи, ме излажа, ме понижи". Ама секако, како и секогаш муабетот ќе се изврти за некој да си задоволи сопствени каприци и такви работи. Ништо ново на форумов.
Како е исто да кажиш дека ако некој е изманипулиран, излажан, искористен, ватевр, исто со тоа да кажиш дека сега има помала вредност? Како би кажале подруго еве? Двајцата сте возрасни и ти си го бирала, взаемно сте имале секс, сега трпи ги последиците? Не мора на сѐ sugarcoating да правиме, и другарка да ми беше ќе го потврдев тоа дека е излажана и изманипулирана (бидејќи е факт), што во никој случај не значи дека помалку вреди. И јас сум била излажана и изманипулирана, многу пати тоа сме го зборувале со другарки општо за сите, но никогаш не било во смисла дека помалку вредиме, баш напротив. На грешки се учи, и понатаму вакви ѓубриња од подалеку ќе ги фаќаш на радар, и нема да имаат можност ни да те допрат. Нивна загуба е буквално, тие се оние кои ништо не вредат.
Никој не рече трпи ги последиците ти си крива. Не бараме кривец и нема не знам какви последици. Скоро секоја од нас поминала низ нешто вакво или нешто слично само треба да сме малку по реални и да имаме поголеми очекувања од самите себе а не од другите.
Па она не направила, ОН направил, ја изманипулирал. Она е жртва, сфаќаш? Не е кривата. Она не вреди помалку што имала секс ама факт е дека испаднала жртва на манипулатор за овој да добие секс.
Па кој вика дека она не е жртва? Сфаќаш? Не зборуваме за тоа. Зборуваме за како понатаму треба да постапи девојката и каков мајндсет да има. Да не се чувствува виновно и искористено. Туку да продолжи со главата горе, оти ниту е понижена ниту пак помалку вредна што имала секс.
Океј шефе. Не сфаќаш. Зборуваме дека не треба да се чувствува искористено, оти така само си набива грижа на совест поради постапката што ја донела тогаш да има секс. Ниту изгубила нешто, ниту тој добил нешто. Ја мислам од ова појасно не може, и тука прекинувам оти се вртиме во круг.
Треба да спознае дека неговото однесување е манипулација. А можеш истовремено да се осеќаш искористено ама и да сфаќаш дека вредноста ти е иста. И јас сум била искористена, не на истиот начин и од дечко, ама сум била. Сум била излажана, манипулирана, навредена. Не се осеќав јас крива. Се учи како да разграничиш меѓу двете. . Оти ако речам не бев искористена, испаѓа сама сум се согласила, тој од другата страна не бил крив. А бил. Тој добил, апсолутно. Корист имал.
Тој не добил и немал корист зошто и двајцата сакале и се согласиле на секс. Тој сакал секс, таа сакала секс. Таа сака врска, тој не. Не искомуницирале, не разговарале на таа тема дали се во врска или не или пак тој излажал скроз неважно.
Таа сакала секс под услови кои тој не ги исполнил. Ако си со некој за ебење само , зашто одма не кажеш?
Девојката не пиша во темава дека разговарале дали се во врска, кон што води нивното гледање. Очекувања без разговор се празни очекувања. Дечкото е неискрен ако има едни намери а се однесува поинаку ама ако не ни разговарале тогаш не ја ни излажал. Ајде да престанеме да имаме огромни очекувања од другите и повеќе да очекуваме од самите себе.
Океј Кој како сака нека нѐ врти на мал прст, нека не лаже, битно е дека ние во моментот кога не сме знаеле што ни се прави зад грб, сме биле согласни на кажаното и направеното и целта е после да пукнеме со рацете и да продужиме без да окривиме некој.
Точно, но тоа значи да ја прифатиш реалноста и дека луѓето (мажите во овој случај) можат да се ѓубриња и да те излажат, изманипулираат. И тоа може да влијае на самодоверба, но како што рече Манчи, се учи тоа да си признаеш дека некој бил ѓубре со тебе и дека истовремено не губиш на вредност. Бидејќи да, сите ние сме имале некое лошо искуство, сме биле излажани, нема срам да се признае тоа. Сите некогаш сме мислеле дека некој е тој кој сме го барале, сме се приврзале, но на крај испаднало друго.
Не може никој да ме врти на мал прст ако не му дозволам. Може да ме излаже еднаш, може да не ми одговара негово однесување ама доволно се сакам и ценам себеси за да не се ослонувам на друг.
Како може да биде жртва кога не и направил ништо против нејзина воља? Жртва е зошто не и ги исполнал очекувањата за кои што најверојатно не ни искомуницирале јасно и гласно? Секогаш сум на страната на жртви и не ми ги испрвртувај зборовите те молам. Да не ја правиме со сила девојката жртва зошто не е.
Жртва е малку преголем збор, ај да не го користиме толку лабаво. На крајот на денот можда и самата игнорирала дека он неќе ништо сериозно ама си имала одредени замисли дека ќе биде. Не кажа дали разговарале и што разговарале. Дали е идиотски да некој само почнеш да го игнорираш - ДА(ми се десило и знам колку е лошо чувството), ама не сме жртви. И ова е дел од human experience во дејтинг.
А чувствата? Што си поиграл со нив се небитни? Ај утре на ќерка ваша да и се деси нешо слично, па ќе ве прашам. Кој будала се фати на тоа дека она долна е со самото тоа шо сакала да има.. Сакала, им се препуштила на чувствата, а тој ја искористил, и и' го завртил грбот. Да била причата во врска со секс за една ноќ, фак другарчиња и сл. па да речеме дека нема искористување, но во случајот за жал има, повредени чувства, скршено срце. Дека треба да се срами, секако не треба, срам треба да осеќа единствено само тоа копилето.