Точно, но тоа значи да ја прифатиш реалноста и дека луѓето (мажите во овој случај) можат да се ѓубриња и да те излажат, изманипулираат. И тоа може да влијае на самодоверба, но како што рече Манчи, се учи тоа да си признаеш дека некој бил ѓубре со тебе и дека истовремено не губиш на вредност. Бидејќи да, сите ние сме имале некое лошо искуство, сме биле излажани, нема срам да се признае тоа. Сите некогаш сме мислеле дека некој е тој кој сме го барале, сме се приврзале, но на крај испаднало друго.
Не може никој да ме врти на мал прст ако не му дозволам. Може да ме излаже еднаш, може да не ми одговара негово однесување ама доволно се сакам и ценам себеси за да не се ослонувам на друг.
Како може да биде жртва кога не и направил ништо против нејзина воља? Жртва е зошто не и ги исполнал очекувањата за кои што најверојатно не ни искомуницирале јасно и гласно? Секогаш сум на страната на жртви и не ми ги испрвртувај зборовите те молам. Да не ја правиме со сила девојката жртва зошто не е.
Жртва е малку преголем збор, ај да не го користиме толку лабаво. На крајот на денот можда и самата игнорирала дека он неќе ништо сериозно ама си имала одредени замисли дека ќе биде. Не кажа дали разговарале и што разговарале. Дали е идиотски да некој само почнеш да го игнорираш - ДА(ми се десило и знам колку е лошо чувството), ама не сме жртви. И ова е дел од human experience во дејтинг.
А чувствата? Што си поиграл со нив се небитни? Ај утре на ќерка ваша да и се деси нешо слично, па ќе ве прашам. Кој будала се фати на тоа дека она долна е со самото тоа шо сакала да има.. Сакала, им се препуштила на чувствата, а тој ја искористил, и и' го завртил грбот. Да била причата во врска со секс за една ноќ, фак другарчиња и сл. па да речеме дека нема искористување, но во случајот за жал има, повредени чувства, скршено срце. Дека треба да се срами, секако не треба, срам треба да осеќа единствено само тоа копилето.
Уште не научи дека вакви манипулации не ти палат веќе на форумов, а уште помалце кај мене? Јас знам што пишала членката, знам што пиша ти, знам што јас мислам и што пишувам, и не можеш да ме веслаш како сакаш. Околу неебитисот, ти пиша цитирам ,, СИ патиме,,. Јас не патам, за друиве не знам. Ако ти смета, пријави и ќе бришат. И онака многу сте нежни само вас кога ви чини. Бетер од спешл сноуфлејкс. Нив барем знам све им смета. И да, жртва е на емоционална манипулација. Не ми се верува кој муабет го праам.
Пошто легендата вика дека ако разговараш со некого, обавезно е тоа отворена и искрена комуникација . Обавезно и рекол- ај да се плеснеме еднаш и чао,и она рекла- важи. Тој немал корист оти добил тоа што сака, таа не добила тоа што сака-нема везе.
Никој не рече дека од едно прашање може да знаеш на што си ниту дека он рекол ај да се плеснеме и чао. Зошто обожавате да ги испревртувате работите а толку е просто и едноставно. Сите знаеме како се однесува сериозен дечко и ќе повторам по стоти пат џабе се ако не се ослониме на самите себе и не се цениме доволно, зошто некому да му давам толкава моќ.
Ти што сакаш мисли и пишувај, немаш право мене директно да ме вреѓаш и напаѓаш! Не сум пишал јас дека си патиме од неебитис, ако да, цитирај го да видиме? Јас не сум ниту тема тука на муабет, ниту ништо. Ако имаш личен проблем со мене, се знае кај треба да се обратиш. Ако не, склони ми се. А за бришење секако не те бришат. Да требаше да те бришат по правилата што они си ги ставија ќе требаше одамна да те избришат.
Ок, смири хормони, многу емоционално реагираш. Дури не ни читаш правилно. Еве јавно ти се извинувам оти те спомнав у контекср дека патиш од неебитис. Баш напротив, еве кажувам дека не можеш ни да постигнеш, бетер од лицето Б.Ц. си. ( а ќе помисли чоек дека ќе се увреди оти сум го спомнала у контекст дека манипулира за секс. Али шта чеш, мужи.) Ајт.
Јас кога прв пат одговорив на мислењето, добив еден впечаток, сега како го препрочитувам (и ги читам нејзините други мислења), подруго е. Дефинитивно тоа што и било прв пат менува многу, ај што е шупачки да се оддалечи одма после секс, дури злобно е да го направиш тоа ако знаеш дека и е прв пат (со претпоставка дека знаел). Од друга страна, мислам дека 23 години се веќе доволно за да превземеш одговорност за своите постапки. Ако ти било важно првиот пат да ти е „магичен“, да си со стабилен партнер, глупо е да мислиш дека сте „лудо заљубени“ после 2 месеци... според мене. Исто начинот на кој се девојката изрази во врска со секс, она што ме првично многу збуни: „ ми беше прв пат да имам нешто такво со некој“, хух.... не ми ни падна на памет дека за секс мисли, демек нешто такво срамотно... цепидлачам, ама сепак. 99% од нејзините мислења што ги има напишано на форумов, се во темава Љубовни проблеми и тоа ми одма дава до знаење дека можеби нема најздрави ставови врска со врски, секс и слично. Редно е да прекине да се гледа како жртва, а вие не и помагате во тоа...
И мојот прв секс беше после кратко време ама со типот одев 5ипол години. Така шо, и те како има разлика. Не е баш "заеби, заборави" Е со тие шо сум била за секс, јасно сме знаеле на шо сме. Не сум била искористена оти сме имале иста цел. Да ме остаеше горниов после сексот, исто би реагирала. До членката - Ќе помине за некое време срц. Лошо чувство е ама како да кажам... Се е искуство. Едит: И немој да се враќаш ако случајно те побара само затоа што си го направила тоа со него. Мислам дека можеш лесно да се фатиш на емоции, а така полошо ќе си направиш.
Многу површно гледате ако за искористување сметате само силување и ништо друго. Демек ако си се согласила на секс и си уживала, готово, всичко е добре. А манипулација се јавува на мнооогу начини. Не сте биле со некој тип многу среќни, све убаво и секс ама после дознавате дека нешто криел, ве лажел, ве користел? И пошто вие во моментот претходно сте уживале, испаѓа не сте искористени, ахам. Во моментот кога ќе решиш да се ебаваш со моето драгоцено време, ќе си должиш објаснување. Ако не, ич не ме замарај од старт.
Како си се расфрлате со некои зборови, алал. Има право девојчето да се осеќа повредено и излажано, 2 месеци не се толку малку време да не може чувства да развие. Ете се заљубила, ѝ значел тој, ѝ значел односот со него. Не се нашле вчера па да имале one night stand или слично. Не треба да е обично дејтинг искуство, буквално е лажење и гоустнување, што не е во ред да се прави. Тој е ѓубре, а таа ќе вреди и понатаму, но да си играш со некого никогаш не треба да е нормално.
Ниту еднаш не пишав дали уживала или не. Има разлика помеѓу согласила и уживала. Читај ги работите како што се пишани а не како што ти сакаш да ги протолкуваш.
Многу мудро збориш Луно, како жена од 40. Ама стварно, ај секој еден нека проба да се стави во ситуацијава, па од таа перспектива нека дели совети.Не е толку тешко де, емпатија се вика. Јас ќе допишам после.
Колку е тажно вака генерално шо мразите нешто и фрустрации сте почни и се труе наоколу. Наместо да и се помогне на девојката ја поткопување, сами се однесувате ко да сме 19 век и лелеле господе прв секс нз шо.. Лошо искуство и толку, да знаел да цени копукпт можеби ќе има златна девојка ама тоа е плиток е, сексот го интересира само..