Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.469
    Пол:
    Машки

    Идеализирање е и плус то вака че и поткопа уште повеќе во себе да се јади заради некое копито што џ од џентлмен нема.
     
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    8.241
    Пол:
    Женски
    Ama ako vidite toj uste od pocetokot jasno i kazal deka ne cuvstvuva nisto za nea i ne se videle celi dve nedeli, taka sto ova ne mi lici na manipulacija mene.
     
    На Panda00, Mumoftwo30, Hoss Delgado и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Freedom Fighter

    Freedom Fighter Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2025
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Машки
    Епа ај да се затвори темава ако не. :D
     
    На LiquidLuna и Stark им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.469
    Пол:
    Машки

    Да не се навреди нешто?
     
  5. Eunoia

    Eunoia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2023
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    549
    Пол:
    Женски
    Тој и рекол дека до него не допирало ништо, а таа почнала да чувствува нешто за него, но тој за тоа не знаел ништо.
    Од сам старт немале јасна комуникација.
     
    На Panda00, Mumoftwo30, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.395
    Допаѓања:
    41.475
    Пол:
    Женски
    Agree to disagree :handshake:
    Добра ноќ
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Alexa.dede

    Alexa.dede Нов член

    Се зачлени на:
    21 април 2025
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Една жена пристигна во продавницата облечена во облека што добро го истакнуваше нејзиното тело. Сопственикот на продавницата, како мудар постар човек, добро ја погледна, ја замоли да седне, ја погледна право во очи и рече нешто што никогаш нема да го заборави до крајот на животот.

    „Млада дамо, сè што Бог го направил вредно на овој свет е скриено и тешко е да се види или најде.“

    На пример:

    1. Каде можете да најдете дијаманти?
    Во земја, покриено и заштитено.

    2. Каде се бисерите?
    Длабоко во океанот, покриено и заштитено со прекрасна школка.

    3. Каде може да се најде злато?
    Под земја, покриено со слоеви карпи, а за да стигнете до таму мора напорно да работите и да копате длабоко.

    Тој повторно ја погледна и рече: „Твоето тело е свето и единствено.“
    заради Бога“.

    Ти си многу поскапоцена од златото, дијамантите и бисерите, па затоа и ти мора да бидеш заштитен.

    Потоа додаде: „Ако ги чувате вашите скапоцени минерали како злато, дијаманти и бисери закопани длабоко, „реномирана рударска организација“ со потребната машинерија ќе работи со години за да ги извлече тие скапоцени стоки.“

    * Тие прво ќе контактираат со вашата влада (семејство),

    * Второ, потпишувајте професионални договори (брак),

    * Трето, тие професионално ќе ги извлечат овие добра и нежно ќе ги рафинираат овие скапоцени добра. (брачен живот).

    Но, ако дозволите вашите минерали да бидат на површината на Земјата (изложени на сите), секогаш ќе привлекувате многу нелегални рудари да дојдат, експлоатираат, нелегално и слободно да го земат тоа богатство и
    да те остават без драгоцените добра што ти ги дал Бог!

    ЖЕНИ, ВРЕДИТЕ!!
     
    На sunsetbeach му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Herraa

    Herraa Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2024
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Еве вечерва објавил слика на стори… имал девојка
    Братучеда ми сега ми прати.
    Аххх сега ми е уште полошооо
     
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    8.241
    Пол:
    Женски
    Po ova izgleda deka toj paralelno se gledal i so drugi.
     
  10. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    1.709
    Е арно де. Ќе си најдеш и ти некој постабилен а не некое детиште разгалено. Ако се скаравте незначи дека сеа треба во депресии да паѓаш и оти имал девојка. Шо сака нека прај шо го еб*ш таму нека крши гла. Блокниго од сегде и терајси живото не се замарај кој шопрај.
     
    На Mumoftwo30 и Stark им се допаѓа ова.
  11. Timbo

    Timbo Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Машки
    Ова ситуација еднас во старт такуваш од разлика на друга ситуација секогаш да тагуваш :)
     
  12. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Женски
    Нема за што да ти е полошо сега, реално сега знаеш на што си и ќе го заборавиш
    Тоа е лошо чуство некое време знам, нема некој што не го искусил тоа чуство ама ова е лекција за понатаму и ќе видиш колку позрело и попаметно ќе размислуваш во иднина :l:
    Ако ти треба за разговор тука сме сите, за две недели сигурна сум дека ќе бидеш многуу порасположена, дај си само време малку на себе
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.170
    Допаѓања:
    186.006
    Пол:
    Женски
    tumblr_d96b5f4a4d53604f15e3219128eefd25_ac2b18ed_400.gif
    Во врска со шо е ова?
    __________________

    Две работи можи да бидат вистина во исто време. Апсолутно сексот е нешто шо и жената го сака и го ужива и скроз разбирам колку иритира кога се вели дека е "искористена за секс" како да не можи да донеси одлука за своето тело. Воедно, разбирам чувства и како се чувствува искористено зошто намерите од другата страна не беа транспарентно комуницирани и сексот е под "false pretenses". Девојката ќе најди подобро. Со искуство ќе можиш и полесно да препознаваш кои се тука само за секс, кои се for the long run. Некогаш и вториве заебаваат, ама не сме видовити и ќе бидиме повредени. Ќе биди во ред. Точна одлука е бришење/блок ко ќе сакаш да се оддалечиш и да си дајш простор да закрепниш од то шо те повреди.
     
    На Mumoftwo30, MeowMeow, Just_a_kid и 4 други им се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    14.190
    Пол:
    Женски
    Не знам што е тоа толку магично искуство првиот секс, боли, крв, не ти е ни убаво, и нормално е после прв пат било која жена да се осеќа глупо ако партнерот не е со неа барем некој период после тоа.. Мислела дека ќе биде кој знае што, а испаднало ништо, буквално неколку месеци треба да има редовен секс за да почне да ужива.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.771
    Пол:
    Машки
    Си имал паралелно две девојки или ја нашол таа па рекол чекај зошто барем секс да немам со првата... Не си ти виновна за ништо и нека не ти биде лошо, затоа што ова се случува и на долги врски..
    Имав врска 4 години, последните 6 месеци девојката не вртела околу малиот прст и мене и друг, ја снема магично како твојот, и дознавам вака дека се омажила за него.. Ниту знам зошто, ниту знам што направив јас, ништо незнам...
    И да тешко е, ама не се сите исти, ќе се појави вистинскиот и ќе ти покаже што е љубов, може покрај некој друг ќе разбереш и дека целата претходна врска не ни била тоа што ти си мислела...
    За сексот нема зошто да ти е лошо, тогаш си осетила дека е вистинското време, може не си видела дека не е со вистинскиот човек и не се обвинувај за тоа. Ништо лошо не си направила, не е убаво од негова страна така што побегнал а знаел дека ти е прв пат... Продолжи си со животот биди среќна што завршило и што си го покажал лицето, подобро сега отколку покасно.
    Нику тој нешто добил со тоа, ниту ти си изгубила нешто.

    Нема врска ова со темава, ама ако сопственикот на продавницата е толку побожен прво што има да гледа во жена, второ не треба на никој да се суди |(
    Како ги судите луѓето по тоа во што се облечени? Како го истакнува нејзиното тело? Што ако немала друго па морала тоа да го облече? Што треба на 30+ степени во скијачко одело да оди?
    И да постар може е, ама воопшто не е мудар, оној што намислил да наштети на жена нема да гледа како е облечена ќе ја нападне и да е целата покриена. И мислам дека нема потреба со такви очи да се гледа врз жените, кој што сака нека си облече. Ако тој мисли дека не е океј пред господ, не треба да и суди, нека се моли за неа или нека ја потикне да верува во бога, ама не на ваков начин, тој буквално ја нападнал, ја осудил, ја навредил..
     
    Последна измена: 13 јуни 2025
    На Panda00 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. Herraa

    Herraa Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2024
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Мислам дека паднав во депресија. 3 дена не сум излезена никаде, ме бараат, ми пишуваат, јас не враќам на никој… никаде не ми се оди, ништо не ми се прави… од вчера откако ја видов сликата тој со неа, ми е многу полошо, тој си имал сето ова време некоја која ја сакал а мене само ме користел и залудно се надевав…Не знам како да излезам од ова.. оставам на времето…
     
  17. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    6.837
    Пол:
    Женски
    Ако ја сакал немало да ја вара.
     
    На Panda00, Tam4yy, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.851
    Допаѓања:
    17.791
    Пол:
    Женски
    Апсолутно точно. И знам дека понтата ти е таа да прочита и можеби да сфати дека за џабе се надева или да и помогне да продолжи понатаму.
    Не дека тебе конкретно ти реплицирам, чисто само да се надоврзам. За жал има и шанса таа да си го толкува ова како "Значи можеби уште имам шанса, може ќе ја остави и ќе ме побара пак". Не сум во нејзина глава нормално, не знам како ќе го сфати. Ама мислам дека тука лежеше до некаде поентата на почетниот совет.

    Многу често членките кои бараат совет овде се заглавени на некакви идеали, кои се повеќе фантазии, а реалноста воопшто не функционира така. Па си трошат време во надеж дека некој ќе се смени, освести, заљуби, ќе доживеат чудо или поим немам што, а во реалноста само си потрошиле време и нерви. Од една стана ми е фасцинантно како толку лесно веруваат некогаш на зборови, ко да лажењето не постои како поим. Од друга страна некогаш ги гледаат делата, како пример љубомора и контрола, ама си го тумачат тоа како љубов. И мислам дека се тоа доаѓа од истиот тој менталитет со кои се растени сите девојчиња кај нас.

    Во однос на конкретен совет, @Herraa очигледно те повредил. И нормално е да се осеќаш како што се осеќаш сега. Не дека има некоја временска рамка колку долго да си повредена, само нема некоја поента веќе да размислуваш за тоа што мислел или што чувствувал. Што и да е, не е доволно за тебе. Се согласувам со сите совети да го баталиш. Пробај да се фокусираш на себе и што ти можеш да извлечеш од се ова како поука за да продолжиш понатаму.
     
    На Panda00, DragonFly22, LiquidLuna и 8 други им се допаѓа ова.
  19. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Женски
    Ако тој сакал некоја немало со тебе да дојди, тој не сака никоја
     
    На Panda00 и Tam4yy им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.575
    Допаѓања:
    46.318
    Пол:
    Женски
    Можеше да ме тагнеш.
    Скроз има право да се чувствува така, сите сме се почувствувале тотално повредено или би се почувствувале така во слична ситуација бидејќи некој да те гоустне е тотално незрело ама и покрај тоа пак на крај ние мислиме дека е до нас. Еве испадна дека типот имал друга уствари, што е уште полошо.
    Не ми беше поентата да речам дека ситуацијава е нешто неважно,туку дека не мора да и' се придодаваат уште епитети како жртва, излажана, наивна и да се оди предалеку.

    Што е со chatgpt текстов ;(
     
    На Mumoftwo30, LiquidLuna и theowndemon им се допаѓа ова.