Не знам што е тоа толку магично искуство првиот секс, боли, крв, не ти е ни убаво, и нормално е после прв пат било која жена да се осеќа глупо ако партнерот не е со неа барем некој период после тоа.. Мислела дека ќе биде кој знае што, а испаднало ништо, буквално неколку месеци треба да има редовен секс за да почне да ужива.
Си имал паралелно две девојки или ја нашол таа па рекол чекај зошто барем секс да немам со првата... Не си ти виновна за ништо и нека не ти биде лошо, затоа што ова се случува и на долги врски.. Имав врска 4 години, последните 6 месеци девојката не вртела околу малиот прст и мене и друг, ја снема магично како твојот, и дознавам вака дека се омажила за него.. Ниту знам зошто, ниту знам што направив јас, ништо незнам... И да тешко е, ама не се сите исти, ќе се појави вистинскиот и ќе ти покаже што е љубов, може покрај некој друг ќе разбереш и дека целата претходна врска не ни била тоа што ти си мислела... За сексот нема зошто да ти е лошо, тогаш си осетила дека е вистинското време, може не си видела дека не е со вистинскиот човек и не се обвинувај за тоа. Ништо лошо не си направила, не е убаво од негова страна така што побегнал а знаел дека ти е прв пат... Продолжи си со животот биди среќна што завршило и што си го покажал лицето, подобро сега отколку покасно. Нику тој нешто добил со тоа, ниту ти си изгубила нешто. Нема врска ова со темава, ама ако сопственикот на продавницата е толку побожен прво што има да гледа во жена, второ не треба на никој да се суди Како ги судите луѓето по тоа во што се облечени? Како го истакнува нејзиното тело? Што ако немала друго па морала тоа да го облече? Што треба на 30+ степени во скијачко одело да оди? И да постар може е, ама воопшто не е мудар, оној што намислил да наштети на жена нема да гледа како е облечена ќе ја нападне и да е целата покриена. И мислам дека нема потреба со такви очи да се гледа врз жените, кој што сака нека си облече. Ако тој мисли дека не е океј пред господ, не треба да и суди, нека се моли за неа или нека ја потикне да верува во бога, ама не на ваков начин, тој буквално ја нападнал, ја осудил, ја навредил..
Мислам дека паднав во депресија. 3 дена не сум излезена никаде, ме бараат, ми пишуваат, јас не враќам на никој… никаде не ми се оди, ништо не ми се прави… од вчера откако ја видов сликата тој со неа, ми е многу полошо, тој си имал сето ова време некоја која ја сакал а мене само ме користел и залудно се надевав…Не знам како да излезам од ова.. оставам на времето…
Апсолутно точно. И знам дека понтата ти е таа да прочита и можеби да сфати дека за џабе се надева или да и помогне да продолжи понатаму. Не дека тебе конкретно ти реплицирам, чисто само да се надоврзам. За жал има и шанса таа да си го толкува ова како "Значи можеби уште имам шанса, може ќе ја остави и ќе ме побара пак". Не сум во нејзина глава нормално, не знам како ќе го сфати. Ама мислам дека тука лежеше до некаде поентата на почетниот совет. Многу често членките кои бараат совет овде се заглавени на некакви идеали, кои се повеќе фантазии, а реалноста воопшто не функционира така. Па си трошат време во надеж дека некој ќе се смени, освести, заљуби, ќе доживеат чудо или поим немам што, а во реалноста само си потрошиле време и нерви. Од една стана ми е фасцинантно како толку лесно веруваат некогаш на зборови, ко да лажењето не постои како поим. Од друга страна некогаш ги гледаат делата, како пример љубомора и контрола, ама си го тумачат тоа како љубов. И мислам дека се тоа доаѓа од истиот тој менталитет со кои се растени сите девојчиња кај нас. Во однос на конкретен совет, @Herraa очигледно те повредил. И нормално е да се осеќаш како што се осеќаш сега. Не дека има некоја временска рамка колку долго да си повредена, само нема некоја поента веќе да размислуваш за тоа што мислел или што чувствувал. Што и да е, не е доволно за тебе. Се согласувам со сите совети да го баталиш. Пробај да се фокусираш на себе и што ти можеш да извлечеш од се ова како поука за да продолжиш понатаму.
Можеше да ме тагнеш. Скроз има право да се чувствува така, сите сме се почувствувале тотално повредено или би се почувствувале така во слична ситуација бидејќи некој да те гоустне е тотално незрело ама и покрај тоа пак на крај ние мислиме дека е до нас. Еве испадна дека типот имал друга уствари, што е уште полошо. Не ми беше поентата да речам дека ситуацијава е нешто неважно,туку дека не мора да и' се придодаваат уште епитети како жртва, излажана, наивна и да се оди предалеку. Што е со chatgpt текстов
Истите тие мажи што размислуваат вака се најголеми шофинисти, психопати и сексуално пореметени. Каква е таа облека? Може збори за фармерки. Епа ај ако не ко оние у Авганистан да се забулиме, случајно на некое чиче да не му се надрви. Вакви текстови на женски форум треба да се забранат.
Општо мислев од сите мислења што ги поминав, не конкретно кој што пишал. Нејсе, мојата поента беше дека треба да се соочи со реалноста, и дека нема ништо срамно во тоа да признае дека е излажана и изманипулирана од типот, бидејќи е. Таа се инволвирала емоционално во тоа, а типот тоа си го искористил. Дури и да и било убаво во сексот, сепак емоциите и се искористени. Не мора стриктно само во случај на силување да велиме дека тоа што го направил не е во ред. За жртва не знам, ако сепак активно ја манипулирал и гаслајтнувал цело време, тогаш е жртва. Тоа е сѐ. Се надевам дека ова ќе ѝ е искуство за понатаму, таа не изгубила на вредност ништо.
Pa ne ja manipuliral koga uste od pocetokot i kazal deka ne cuvstvuva nisto za nea. Toa sto taa imala ocekuvanja deka so odnosi ke mu go smeni mislenjeto, ne go pravi nego manipulator. Vo nejzinoto prvo mislenje bese napisano deka vo 2 meseci se imaat videno 3 pati.
А ти го разбра текстот или колку да се пише нешто? Како така - што е вредно на овој свет, Бог го сокрил? Кој одредува дека злато и дијаманти се вредни? За што се вредни, во чија тарифа? Оди јади злато и дијаманти ако не. А фамилијата твоја со кој потпиша професионален договор, да ни ги сервираш твоите скапоцени, да не речам вредни размисли овде?
Која е причината поради која паѓаш во депресија? Затоа што те искористил или затоа што чувствуваш нешто кон него, што не ти е возвратено? Најважно е да извлечеш поука од оваа ситуација, бидејќи не можеш да го промениш тоа што веќе се случило. Луѓето се сурови во денешно време и воопшто не им е грижа за чувствата на другите. Не дозволувај да си ја отежнуваш ситуацијата, туку исполни си го квалитетно времето, не вреди да се затвораш во себе поради личност која не се грижи за твоите чувства и не те почитува.
@Herraa Дај му време на времето, сето ќе помине. Моменталната реакција на твојот мозок не е засекогаш. Но, мораш да се посветиш на тоа да изградиш здрава врска со самата себе. Односно, да се сакаш себеси повеќе, да имаш поголема самодоверба и сопствената вредност да не ја ставаш во туѓи раце. Да не чекаш машко да те "избере" и да не сечеш вени ако те откачи. Твојата вредност не зависи од маж. Почни ти да бираш дали некој вреди или не за твоето време и внимание. По тој и по таквите нема што да жалиш. Едноставно запрашај се, дали навистина-навстина сакаш таков партнер? Некој што те третира лошо и те изневерува? Не, не го сакаш тоа. Во иднина ќе бидеш благодарна што самиот себе се испратил од твојот живот. И да, тебе те изневерил, неа ја изневерува и секоја наредна ќе ја изневерува, тоа нема врска со тебе, неа или трета. Ниедна од вас не сака, also maybe he's gay. Ти ги прочитав останатите мислење, вака од страна сето ме потсети на твитот: Гледаш колку апсурдно изгледа вака составено? A girl has no bussiness begging a guy или да плаче по него, плиз Главата горе, you've got this
Ова воопшто нема врска со тоа ти што си го напишала... Објасни по просто, со свои зборови не од чет гпт..