Здраво пишувам за другарка. 1год и 3-4 месеци е во врска со дечко и. У тие година и пол девојчево муки живи мачи со овој нонстоп наоѓа некоја да додаде на фб/инстаграм. Другарка ми се поболе на секое искачање само тоа ми го збори. Беа скарани сега 3 недели и се смирија. За тие 3 недели тој све живо и диво додал на соц мрежи Сега нашол некоја 20 год ппстара од него и ја чува а девојчево ми прочита шо му пишала дека се нервира. Исто и од нашиов град следел една стварно јака типка, му зборела за неа за шо му е, и и кажал братучед нејзин дека и сториња и лајкал. Му пишала дека разбрала за Симона и фраерчинава уште ја следи типкава и мува не го лази. Па ме прашува дали да го блокне? Ја оти не го сакам ради многу причини и реков да. Ајде помош од вас? Една нед скоро маст и вади за типкава и мува не го лази да речее чекај бар да ја отследам/избришам која е таа ја и ти ради неа да се караме. Овој муабет ми го цитира постојано фацата ја смени сирото девојче.
А зошто е со овој искрено? Барем вака карактерно ми делува дека не е ок и е машка курва. Да не бидам многу гнасен на уста, освен ако нема пари многу или qр магичен некој не знам шо е работава.
Ова со лајкнување сториња е малку сомнително, нека седне другарка ти да збори со него одма и да го праша дали имал нешто со тие девојчиња. Ако е само обичен флерт, а нема афера со нив, не се допишува тогаш никому ништо. Затоа сметам дека треба да ја прашаш другарка ти за што се испокарале, сигурно е поради тоа. Не мислам дека директно треба да го блокне, ама треба да биде внимателна. Кога човек е во врска не значи дека и други не треба да ти се допаѓаат Треба другарка ти да му даде до знаење дека не и е пријатно тоа што он го прави и ако не престане, ќе му раскине. Јас сепак сметам дека ако ја сака другарка ти нема да трча упорно по други женски.
Она има 28и пол тој 32. У октомври сега или ноември нез точно 33. Тој има пари ама таа има десет пати повеќе од него Милион пати пуста она досега му има кажано. И ја и имам кажувано и ја мака мачев со еден таков.. Ќе видиме.
@natashaaz.09 Просто и едноставно, тој неа не ја сака. Мува не го лази затоа што другарката ти, со тоа што сè уште не го откачила, јасно му покажува дека океј е и ваквиот третман и океј и е да го трпи таквото понижување. Остави ја сама да сфати, доволно е возрасна. А ќе пресече кога ќе си скисне самата на себе што трпи
@natashaaz.09 Ова што го опишуваш е навистина тешка ситуација за твојата другарка.Ај сега реално.!!!Цела година и нешто тој си прави што сака на социјални мрежи . Додава, лајка, следи, се допишува. Таа се оболува од нервози, а тој си свирка. И кога се скарале 3 недели, уместо да сфати што губи, тој продолжил уште повеќе да лета по други. Се смириле и пак ништо не се сменило. Значи, прашањето не е ,дали да го блокира. Туку: што уште треба да направи за конечно да стави точка? Ако не му е гајле ни кога му кажува што и пречи, ако не сака ни мал гест да направи за да и покаже дека му значи, тогаш — што бара повеке? Гледај на крајот да не се омажи за него,оти тие врски обично така завршуваат. Personal experience
Другаркати ти мазохист е?? Сам кога не се цениш, не можеш да очекуваш некој друг да те цени. По мислењево мислев дека за тинејџери се работи, а не за возрасни индивидуи што треба во животот да размислуваат за сериозни работи, а не да се занимаваат уште, да не речам, ама глупости.
Год. не се секогаш одраз на зрелост, а и да е зрела личноста се случуваат лоши настани кои знаат да те исфрлат од колосек и не резонираш трезвено додека грешиш до немајкаде. Еднава се убедувала преку водење љубов дека ќе ја засака, другава кој знае што си мисли да направи за да го задржи демек прва долга врска. И во двата случаи треба некој убаво да ги протресе за раменици да ги освести за да влезат во светот на реалноста и прво да вложуваат и работат на себе наместо да се впуштаат во нешто што од сам старт е осудено на пропаст. Поточно тоа нешто и кај двете не постои реално, туку е некое умислено сценарио во нивните глави и кој и да им пристапи ист резултат ќе има на крај и личностиве секогаш ќе носат ореол на жртва.
Епа тогаш треба да го остави, не бива тоа такаодма да му раскине Другарка ти не е должна да го трпи само затоа што и е прв. Он не е ни прв ни последен што постапува, за жал има многу такви. Сигурно нешто крие од нејзе чим се испокарале, ова ми го го вклучува црвениот аларм. Тој не ја сака другарка ти, не ја почитува очигледно. Чим таа морала да го моли двеста пати да престане со тоа , а него баш му е гајле Мислам дека другарка ти заслужува подобар од него, а не некој Казанова што ќе трча по други женски и ќе ја понижува.
Лесно може да ја излажат. Машко колку може да глуми тоа е страшно. Најдобро да остави да помине време и самите ќе го покажат правото лице. А за оваа случка само една лекција плус која ќе ја изгради карактерно и утре полесно ќе може да препознае кога некој ја манипулира.
Точно. Ги има и тие кои лажат, ги има и тие кои отворено ќе си кажат за што им е. Во случајов со девојкава, на неговата реченица дека не осеќал ништо спрема неа, јас не би продолжила понатка да се надевам на врска со таков. Тоа ми е доволно јасен знак. Меѓутоа, и тоа е лична перцепција, колку таа тоа го сфатила за сериозно, дали мислела дека ќе му се развијат чувства со тек на време итн.
Дали според вас е проблем доколку личност која е во врска замини на викенд некаде со другарка/и, или доколку е машко замини со другари на 2/3 дена некаде? Ја започнавме оваа тема во друштво и баш ме интересира ваше мислење. Искрено, мојот став е “позитивен”, не би ми пречело доколку партнер сака да оди на мини одмор со другари, би му посакала само убаво да си помини. Не сум љубоморна воопшто ниту пак гледам опасност од изневерување доколку се работи за нормална личност од доверба.
Не ми пречи. Ако сака да ме изневери не му треба ни викенд со другари, ни служебни патувања, ќе најде начин и изговор секако.