Мене па баш ми е нормален и здрав тој однос и често му спомнувам на дечко ми да одат почесто машко друштво и да се дружат. Ако некој е несигурен во врската би му пречело, во спротивно не гледам проблем.
Не ми пречи ако отиде некаде со другарки, нема зошто да сум љубоморен. Некој ако сака да те изневери ќе те изневери колку и блиску да сте, нема потреба да оди некаде.
За мене (не мора да значи и за другите) ова зависи многу од возраста, сериозноста на врската и неговите другари. Такво е моето искуство. Врска 1 18-19 години: бевме заедно 1 година и повеќе беме секој со свието друштво отколку заедно. За викенд бевме по дискотеки во различни градови, на викенди одделно одевме и на одмор. После 1 година сфатив дека врската не ме исполнува бидејќи тој секогаш ги ставаше другарите на 1 место. Бевме тинејџери што и до некаде го оправдува тоа. Во тој момент повеќе ми се лудуваше, отколку да седам со некој дома да гледам филм. Врска 2 на 21 год: траеше само 3 месеци. Јас бев 21 а тој беше 26, врската ни беше доволно лабава за тој преку еден викенд да патува некаде со другари кои беа и постари од него, а им се стоеше до тоа да ебнат било што. Исклучен телефон, враќање на порака после 2-3 дена и сите други сомнителни работи. После 3 месеци сфатив дека се гледаме само за потреби 2-3 пати неделно. А верувај, да сакав некој само за потреби барем ќе одев со некој што има долг и голем алат. Врска 3 од 22 год па уште трае: во градов секој си излегува со свое друштво посебно, но не се случува тоа секој ден или секој викенд. Најчесто излегуваме со негови другари или колеги и нивните девојки/вереници. Посериозен е, не ме изоставува од плановите. На викенд оде со другари ама и јас со него бидејќи секој доаѓа со партнерката. Тој сам се има изјаснато за тоа дека нема желба да оди по дискотеки, викенди и журки бидејќи од една страна ме имал мене и селогаш би одбрал да оде некаде со мене, а како второ работи селој ден, има милион обврски, гради куќа и има финансиски трошоци кои за негова возраст се доста сериозни. Затоа, зависи кој како размислува, колку сериозно те гледа, во какво друштво е и под какво влијание е од друштвото. Со дечко ми сум излегувала и сама со негови другари, но сите со мене се однесуваат преубаво. За разлика од вториот коњ каде другарите освен за ебење и курви други ништо не збореа.
И мене не би ми пречело. Ако си во врска тоа не значи дека партнерот треба да ги врзеш до тебе, да биде 24 саата И во врските мора да се почитуваат потребите и приватноста на другиот.
Не сум љубоморен ама ми се имаат случено глупи работи. Одат на одмор другарки женска ми нормално, а другите слободни и нормално таму си запознаваат луѓе, пошто некој е слободен. Епа мојава се нашла во незгодна ситуација и ми кажа. Крајно глупа ситуација, само тогаш се лутев оти ко од марс падната мојава и не си ги знае другарките.. или пак јас малце наивен, ама било поминало.
Нормална ситуација е ако другарките ѝ се сингл да се запознаат со машки таму, но тоа не значи дека она треба да направи нешто. Доколку културно каже дека има дечко нема да има проблем никаков. Сум била и во двете ситуации и со добра комуникација немало недоразбирање.
Зависи од карактерот на партнерот/ката и што муабети вртат или им е приоритетно во тоа друштво, значи зависи и од друштвото. Спомна погоре членка си поминувала топ со другари на дечко, додека со другари на друг дечко вртеле само бедни и глупи муабети од такви што да се очекува кога би оделе со нејзиниот дечко на неколку дена на викенд освен аморал?
Да, овој не се грижи за тебе воопшто и е веројатно нервозен тип. Али вака ако му се враќаш уште неколку пати ќе бидиш и ти токсична а и тој, и пак ништо нема да напрјате.
Здраво. Ми треба мислење а и сакам да се искажам некаде. Во врска сум веќе 1 година и дечко ми секогаш кога треба да идам некаде е лут. Да образложам, имам две другарки од детство и понекогаш се случува да сакаме да шетнеме до некаде. На пример Охрид, Крушево, Матка и сл. Тоа е обично за викенд сабота или недела. Инаку да кажам и двете си имаат дечковци исто и одиме сами чистп на прошетка и да си минеме убаво, женско друштво. Тоа не е секој викенд ама знае да се случи еднаш месечно или еднаш во два месеци. И секогаш кога треба да идам некаде така, дечко ми е лут. Секогаш е тоа проследено со лутење, карање, ги навредува другарките демек дечковците нивни не ги сакале, па ги оставале да си одат кај сакат и да си прават што сакат. Наводно тој мене ме сакал, имал сериозни намери со мене, ме требало толку да шетам и сл. А инаку не сум глупа свесна сум дека сето ова е манипулација. И искрено веќе ми здосади милион пати му реков ете така да отидеме некаде заедно барем на 2 дена како пар, вработени сме имаме сретства, не барам никаков луксуз, сметам дека е убаво човек понекогаш да излезе пд дома и секогаш ми вика ќе одиме но тоа е само на збор и ветување, ништо повеќе. За оваа година само 2 пати имаме излезено на кафе и еднаш ма вечера и толку. Мислев дека не е лош човек и дека има некоја љубов меѓу нас но исто така мислам дека и врската е токсична. Секое мое излегување од дома проследено со молење, карање, лутење не знам веќе што да правам.
Плативме одмор сега за во август за одмор. Не сакам да ми пропаднат парите а и немам со кој друг да идам на одмор. Мислев да помине одморот и ќе му кажам толку.
Абе бегај батали и пари и се прежали ги, овој сака да те контролира и да зависиш само од него. Па да му еам мајката дотолку и да немаш другарки?? Ајде мрш таму.
@m.m12345 Е и тоа одмор ли би бил? Вака ако размислуваш, сега е одмор, па утре ќе биде на некоја свадба сте поканети, па ај и нечиј роденден да помине, па празници идат И така сето во круг. Ти најдобро си знаеш сепак
Дечко ти е болно љубоморен и тоа со тек на време ќе станува само полошо. Несигурен е во себе, или едноставно сака да те контролира. Можеби на него му е доволно во животот да работи и да е со некој, не му треба да се дружи, да шета (т.е да живее). Има и такви луѓе ама тоа ми стои битна разлика меѓу вас. Јас би ти рекла од овие две причини (љубомора што е потенцијално опасна ако заглавиш со него, и различен животен стил) дека не сте баш добар пар и би можела да си најдеш личност што повеќе би ти одговарала. За одморот не знам, јас мислам за себе, ако сум веќе решена дека нема да сум со него, ќе се поштедам од понатамошно "глумење" дека сакам да сум со него. А инаку муабетот со "сериозните планови" е сосема глуп, немаат врска неговите планови со твоето дружење и шетање. Тоа му е начин да те заплаши, демек ќе го изгубиш, си дава вредност, се обидува да те уценува. Не знам колкава си, ама сигурно звучиш доволно паметна за да се ослободиш од овој непотребен терет во животот.
Уффф многу ми е познато ова, бившиот мој дечко беше таков... се му сметаше, во се се сомневаше, не му се допаѓаше никој од моите другарки а ОСОБЕНО другари, на сите маани им наоѓаше (пошто он најпаметен од сите беше и никој со него не можеше) а уствари беше болно љубоморен, тотално конзервативен и премногу несигурен во себе. Проблем се правеше ако до центар излезам на кафе или отидам кај некој на гости, а не па да идам негде на викенд не дај боже. Манипулатори тешки се таквите, не вреди да си го губиш времето затоа што знаат точно што треба, кога треба и како треба да кажат и да направат. Ништо не треба да се трпи само заради тоа што го сакаш, а и сама си веќе свесна дека тоа е така. Пресечи на време и продолжи со животот, ќе осетиш олеснување и слобода.
Не ми е јасен моментот со одморот, веќе ако раскинуваш врска, која е поентата да одите заедно на одмор, а потоа да му раскинеш. Би била со некој само за да имаш со кој да отидеш на одмор иако знаеш дека не е тоа, тоа, значи и ти се служиш со манипулација, искористување.
@m.m12345 Толку љубомора е претерано, сака да те контролира и за се да бараш дозвола, тој да одлучува за тебе. Ако уште сега е таков замисли каков ќе биде после во брак, ако ви е за сериозно. Секој треба да има слобода, не дозволувај никој така да те контролира. Ако веќе планираш да му раскинеш не го манипулирај и ти кажи дека така не можеш да продолжиш, а за одмор секако и да не одиш и ако одиш со него ти се пропаднати тие пари. Верувај со таков нема убаво да си поминеш, само ќе има љубоморни испади, се нешто ќе му смета..