Според мене еден чекор понапред си со тоа што веќе си свесна дека човекот пробува да те манипулира и да не ти дозволува да одиш на прошетки со другарки. Според мене една здрава врска не функционира така. Баш некогаш ти требаат другарките и издувен вентил да си напраите муабет да се посмеете па и да се ижуркате ако сакате и тоа не треба да го спречува дечко. Он баш треба да е среќен за тебе, си имаш социјален живот башка ти си исто така личност надвор од вашата врска и треба да си ги негуваш другарствата во животот и на тој начин за да не се изгубат. Според мене совет е да поразговараш со него уште два три пати максимум, ако не разбира и не сака да се потруди за некаков напредок.....well you know what to do
@m.m12345 види, јас ќе ти кажам едно нешто. Партнерот секогаш треба да има доверба во тебе, а и обратно. Ова е многу важно, би рекла и најважно од сето друго во врска. Познавање обострано како карактери не го ни спомнувам, зашто ако прво не се познавате нема ни што да барате во врска. Одење во друг град по работа/настан/прошетка/стави што сакаш тука е многу голем тест за врската, од друга страна па е безобразно да се ускратува слободата како човечко битие (па еве нека е и во истиот град). Тоа врзување до тебе и не дај боже да не ти текне да излезеш некаде не ти треба, прво зашто тоа е и те како одлика на слабите и контролирачки мажи. Често „проблемот“ е од нигде-негде зашто мислам дека женската страна не дискутира за ова од сам старт и се става во исчекување на (некаква) дозвола(?). Еве никогаш сум немала проблем за ова, оти ако сум имала х настан во некој град само известувам и тоа е тоа. Ама јас и претходно сум имала вакви настани, дружења и не сум осеќала потреба да си го менувам текот (ова е и те како битно да се потенцира). И сум си кажувала најнормално во стилот „еј одам на х дата таму и таму, имам тоа и тоа“. Сум имала поддршка, сум имала и присуство (толку колку што се можело), се знаело зошто одам. Памтам баш, на моја многу добра пријателка ѝ се запали станот и буквално од денес за утре се нацртав во нејзиниот град (и сето друго остана во втор план).
Имам јас другарки, всушност тие две девојчиња што се дружам со нив ми се другарки од детство. Беа три ама едната е бремена и се омажи. Другите две си имаат дечковци, долги врски ама нив не им прават вакви проблеми за идење било каде, а си шетаат и со дечковците. За празниците отидоа тие двете за Будимпешта, јас дремев дома како мисирка зошто тој ми постави ултиматум ако отидам со нив, да заборавам на него, не сакав да се карам и попуштив. А и свесна сум дека еден ден и тие двете ќе си се омажат, за тоа не сакав предност да им давам толку и на нив, ама мислев дека можеме да одржиме една нормална врска. Што се однесува на одморот, целата сума е платена, и тоа е место кај што одсекогаш сакав да идам а и немам со кој друг, така да би го истрпела уште 7 дена, ништо страшно. На почетокот не беше така, ми ветуваше брда и долини ама со тек на време сфатив дека се тоа само празни ветувања. Точно е дека е љубоморен, несигурен, скржав, примитивен. И да сака да го контролира секој мој чекор и тој да доминира,а јас како и да постапам секако сум виновната. И дома кога седам, имаме проблем зошто не сум му се јавела, пишела и сл. Пак ќе кажам не барам јас никаков луксуз, работиме и двајцата имаме солидни примања не гледам ништо лошо во тоа повремено да се прошета до некаде. Не барам да идеме во Дубаи или на Малдивите ама не знам зошто проблем би бил викенд до Берово на пример. Не е проблем довербата, јас не сум направила ништо погрешно тој нема проблем со мене, има проблем самиот со себе затоа и на 34 години е сам така да кажам.
Таму каде многу ветуваат, мала торба понеси. Јас би го баталила и одморот, ако мене ме прашуваш. Не ги гледај другарките (тие денес се тука, утре со други ќе се задружиш што се вика), гледај твоето да е право (како што треба и да биде). За останатото пак е твоја одлука, независно од тоа што ние ќе кажеме.
Кога некој има проблем со довербата, во случајов он, тоа нема врска со другата страна скоро воопшто. Има врска со неговото чувство за себе и односите кои ги гради, а ти може и од дома да не мрдаш, и пак да нема доверба. Јас би ти рекла бегај додека е време, а ако сепак решиш да одиш со него на одмор имам само еден совет- контрацепција!!! Тој ќе гледа да те " закотви" што поскоро in my humble opinion Или раскини му, па иди на одмор без него, он можеби разочаран ќе си остане дома, секако не е по шетањето. И друг пат овој или друг мисир ако ти постави ултиматум, одма раскини му! Да не си ти нешто помалку од него,па да те условува некој абдал? Имај повеќе самопочит од тоа, а такви не ти требаат во животот, верувај!
A што се однесува на одморот заборавив да пишам, не знам ете мислев да идеме кога е веќе платено а и одамна ми е желба да идам на тоа место. Знам дека ќе има испади и кавги ама некако ќе издржам. Знам дека не сум исправна ама зимскиот одмор си го преседов дома поради него, а сега немам со кој друг да идам.
Jас искрено на твое место би отишла сама затоа што што одмор е тоа на убаво место што сакаш оддамна да го посетиш со човек што сите дена ќе се расправаш, и ќе бидеш повеќе нервозна отколку опуштена.
Девојче сама иди ако треба. Не е "одмор" ако издржуваш. Издржував и јас еден со години (сосема друга проблематика беше, не љубомора) поентата ми е, во животот треба да се ужива, не да се издржува. Батали го и иди си сама до некаде, има тури, има патувања , ич да не ти чуе .. а што е твое ќе си дојде
Скроз се сложувам. Башка во денешно време, времето и одморот се луксуз и не треба да си ги трошиш со некој што прво нит те почитува нит те сака очигледно по однесувањево само за да отидеш на таа дестинација.
Да ни се пофалиш дека се скара најискрено ти велам. Вакво дијание како можи да има женска, шо гледате??
Ма мене и повеќе од јасно ми е дека овие шо стално бараат совети истите не ги перцепираат ни 2% и кога ќе затворат форум, ќе си праат како ќе им чуе, без разлика колку ние кршеле прсти на тастатура, освен ако не тролаат нели, тогаш си ги ладат зад екран, дур ние праиме психолошка анализа на измислени ликови. Ама кога веќе се разви дискусија, да си го кажам и јас своето. Ми нема смисла да отидам со некој на одмор, само колку да не пропаднат пари. Пари се печалат и трошат, а на веќе платена пара, уште да трпам гњаважа, не фала. Грешки се прават, ама тешкото е кога не се учи од нив. Инаку ако тие сериозни намери дојдат до брак, тешко неа.
Не си го уништувај местото на кое толку сакаш да отидеш. Ќе има прилики, ќе одиш. Ќе одиш со некој со кој ќе уживаш. Сум била со погрешен човек на одмор, нема полошо. Замисли да отидеш таму и единствено во ум да ти е само да се вратиш и да заврши. Поарно да отидеш сама, одколку со друштво а да се осеќаш сама.
На место каде што долго време сонуваш да отидеш се оди со ДОБРО друштво, дали другарки, фамилија, партнер, небитно. А на крајот на краиштата и сама се оди, зависи каков тип на човек си. Не гледам зошто би одела со него кога знаеш дека нема да си поминеш убаво, налет парите. Подобро прежали ги или отиди сама, баш добро може да ти дојде да си поминеш време сама со себе. Замисли, толку време и толкава желба имаш за да го видиш и доживееш тоа место, и да си го упропастиш целиот доживљај и спомени од таму одејќи со некој што знаеш дека ќе те напиња цело време. Секогаш ќе си го поврзуваш местото со него и со тоа колку ужасно си поминала, место да ти биде нешто што ќе го памтиш цел живот, ама по убаво. После некој ден ќе зажалиш што воопшто си отишла таму. На крајот, одлуката е твоја. Размисли добро и не мисли толку на другите, нека не те кочи стравот.
Женска, да не речам бев во многу слична ситуација, не за дечкото, мојот беше скроз нормален друго испадна проблем кај нас. И јас откажав шетање низ Европа за време Божиќ со се уплатно. Парите ми пропаднаа, ама барем знам дека нема да дозволам некој да си игра со мене и мојата гордост. Пари се прават, за шетање цел живот е пред нас. Размисли си убаво пред било што да направиш, во секој случај најдобро ја знаеш ти ситуацијата.
@m.m12345 Дечкото е токсичен и тоа е факт, но ако ти е толку голема желба да го посетиш местото на кое имате уплатено за одмор и притоа сметаш дека би поминала ок со него, тогаш оди. Многу лесно е да се каже прежали ги парите кога не се твои. Не знаеме, можеби месеци тргала настрана за ова патување за на крај да и пропадни. Во никој случај не сакам да ја поттикнам да продолжи врска која не и одговара, ама исто така сметам дека не е се така црно-бело како што звучи. Не е дека секој ден ќе се караат или ќе и врши тортура. Сепак таа најдобро знае со кој прифаќа да оди и како би си поминала. И јас би ти предложила да одиш сама доколку постои таква можност. Разбирам дека парите се даени и не ти е сеедно, сигурно станува збор и за поголема сума. Сама би била најдобрата варијанта, но ако сметаш дека можеш да одиш со него и дека нема одморот да ти го уништи, тогаш оди.
На шала се регистрирав на сајт за запознавање ставив без врска слика, не моја ,мислев да се зезам, ама почна да ми пишува еден дечко, не е нешто wow , ама понашањето ми се свиѓа , па како за инат вика не верувам на никој па не верувам на никој , разменивме вибер затоа што рече морам да те слушнам барем да знам дека си женско , се мислев и за тоа ама си викам ај број ко број мада не треаше ни број да дадам плус без моја слика , ај зборевме демек го убедив , сега запнал слика па слика мну реков не сакам баш да се сликам , вика тогаш на камера да те видам 5 минути му викам не можам сега...и на крај ми пиша , добро, претстави се која си , дали си ти на сликата ,не му вратив ништо и после ми пишал , ќе се покажеш која си конечно и да си и да не си......луѓе не знам што да правам , ми се свиѓа понашањето на дечково до сега што зборевме ама се зезнав со профилов ,ми пишал сомнителна си сигурно не си ти на сликата, сега не знам дали да се претставам..и ако ми рече не си ти таа што да кажам ми бара камера да уклучам , не знам некако во тесно сум , па да се покажам ќе рече оваа лажно се претставува...не знам како ќе реагира
Кажи ја вистина. Ако нешто ти се допаѓа кај него, и сакаш да продолжиш со комуникација, не можеш лажно да се претставуваш. Уствари можеш, ама до кога?
Па искрено мислев да се зезам да пишувам од досада..мене ми е како ќе реагира кога ќе види дека не сум таа хаха
во најлош случај ќе ја прекине комуникацијата.во најдобар можеби ќе му се допаднеш повеќе ти,отколку фејк фотографијата.и на крај краева сте пишувале само,не мора мн да му се правдаш