чим самиот се посомневал тоа ти дава простор да му ја кажеш вистината полошо ќе беше он веќе да е сигурен дека си ти... Се запознав со еден дечко кој што е стварно срцка, предобар, убав, иде во теретана, малку е опседнат со тоа па ми смета ама што е парадоксот ја не сум во форма периодов а он ми вика дека сум била баш онака како што сакал, дека имам убаво тело... а ја се нервирам ужасно што ја прекршив диетата е сега ми делува како да ме лаже он целиот затегнат само збори за теретани, а јас сум дебела значи дебела, а он ми вика не, не си дебела, топ си ме лаже во очи. Дечково е многу зрел за годините и се ама не знам зошто не е искрен имам грижа на совест што јадам слатки ко крава некоја ми избега и фокусот и дисциплината а идеме на одмор нареден месец нормално ако не ми текне да откажам Што да правам?! Дали да му верувам? Он ми купува слатки, како да сака да ме натови уште повеќе а во исто време он си води здрав живот. Збунета сум.
Па ако сакаш да ја продолжиш комуникацијата мора да му кажеш,подобро порано.Ако те одбие здравје,негово право.
Признај дека не си таа ама сврти го разговорот како пример на шала. Јас баш го пробав новиот филтер за 2030 година и испаднав вака на слика.. И потоа кажи дека е шала, демек си сакала да видиш дали некој тука ќе ти суди по изглед или по муабет. Кажи како ете сега кога сме искрени вистинската сум оваа, без филтри, без фотошоп, ако се почувства како излажан извини, јас само експериментирав.
Тогаш нека ти биди мотивација ова и да се заозбилиш и да го изненадиш уште повеќе. Наместо токсично однесување "леле ме лажи, не е искрен" - нека ти биди мотивација да водиш здрав живот.
Најдобро сега да му кажеш. Тоа што викаш да се зезаш од досада, ќе ти се засвиѓа повеќе, и после ќе биде потешко да му кажеш, а и поголема веројатноста дека ќе те откачи.
Да али он како да не сака да правам диета ми вика ја те сакам ваква каква што си тоа ме нервира малку што он за себе си е топ а за мене како да не му е грижа и колку и да звучи нелогично да не продолжам диета чим вака ме сака ме става во ситуација да не продолжам со диета што ако не ме сака слаба после уствари има логика што знам
Му пишав нешто каоо индиректно може не сум јас и ми пишал ..штета убава девојка ,ми рече до утре да уклучам камера да се видиме или нема веќе да збориме ...тешко мене
мада јас за здравје сакам диета али чисто ме интересира машко мислење дали можда он има фетиш на женски со облини па ако се направам фит можда не би сакал веќе а јас секогаш сум сакала манекенски слаба да бидам тоа уште од мала ја имам таа визија али некогаш го достигнувам тоа али па и на периоди се опуштам со слатки и се паѓа во вода.
@Billy Idol обожава да прави друштво во вакви ситуации, а верувај неколку пати од овде дружел неколку феминки во иста ситуација. Топла препорака
Кажи му уште сега се за тебе, прати му слика, едно нешто ако го излажеш за тебе ќе треба да го влечеш тоа додека тој сам не дознае (а тогаш не се знае како ќе реагира), а и тебе душата нема да ти е мирна. Подобро ако ти се допаѓа сега се кажи му, и ти ќе знаеш на што си. Зошто мислиш дека не е искрен? Можеби си му се допаднала баш таква каква што си. Ако сакаш ти да ослабееш, да спортува слободно, не би му пречело тоа сигурно. Се заљубил дечкото во тебе, а не во тоа како изгледаш..
Затоа што он е опседнат со изгледот, ептен внимава на најмала калорија, а мене ми вели воопшто не сум била дебела не е искрен со мене а никогаш у живот подебела не сум била пошто не бев баш физички најактивна периодов а тоа е задњиве 5 месеци.. а и плус ја лично се свиѓам коа сум слаба али он ваква сакал ме става во чудна ситуација не знам што да правам дали можда он не сака слаби девојки.. а ние не сме нешто многу сериозна врска само што започнавме врска неодамна не знам дали баш љубов е во прашање али у право си едино ако е заљубен па му се помутил видот
Можеш да му кажеш дека не си ставила слика од себе зашто си ја сакаш приватноста или бившиот ти е напорен (обично кажуваат дека се пред развод), многу девојки ги користат овие изговори
Види го кој местач, ејјј. Били уште малку ќе биде со прстен на рака. А, и иначе не беше друштвен на форумов, интроверт, шта чеш. Ама затоа @Realist1 е фин дечко, џентлмен, не остава дама сама без друштво. Отворен е дури и да покрие трошоци. ДМ за повеќе инфо.
Ајде сеа женски јас имам едно прашање. После колку време допишување сметате дека е океј тип да ве викне да искочите? И зашто сметам дека на сите одоговорите ќе ви бидат макс 2 недели, што би мислеле ако зборите со некој поише од два месеци, и ве нема викнато да искочите? Разговорите не се глупи едвај да тече муабет туку баш напротив..
Зависи од многу работи: колку сте далеку, вашата возраст, карактерот на дечкото.. Може е срамежлив или се плаши да не го одбиеш, спомни му ти па ќе видиш според неговото однесување.
Јас мислам по неколку дена ако е навистина заинтересиран. Но да, исто така зависи од обврски и колку сте далеку. Два месеци ми е некако многу освен ако не е тој во друга држава. Сомнително е тука нешто. Можиш директно да разговараш за ова, бидејќи ако сте блиску и нема намера да те викни, не треба да си го губиш времето.