Абе ти џабе прашуваш што да правиш... Како бе луѓе?! Разграничете кои луѓе ќе бидат засекогаш со вас,кои се само пролазни. Еј,ало,веридбата на сестра ти си ја пропуштила заради него. Што толку се спремал ебаго? Мислиш жена.. И плус,не е ова кафе пиење или не знам што,веридба е,а според тоа дека закаснал скоро саат време се видело колку му значела и веридбата,и сестра ти,и ти. Колку пати прави веридба сестра ти? Јас не знам што уопште си го чекала. Не прашувај што да правиш,тури таму пепел и продолжи. Што поголема причина сакаш од тоа дека тој не те испочитувал ни тебе,ни сестра ти на денот на нејзината веридба?! Кога за ваква работа е ваков,да не зборувам за тоа дека уште е во тој свет патријархат во куќата и покажување машкост преку сила.
Не сум ти ги читал другите постови ама машко што касни ко женско, аууууууууу, резил . Прво, не си требало да го чекаш, веридба била, требало после 15 мин (тоа е максимум што се чека некој што не ти јавил дека ќе касни) да си тргнеш сама. Второ типот многу добро знаел дека ќе касни 45 мин а тоа викање ќе дојдам за 5 мин е типично женско понашање ама на вас ви личи (се шминкате, се спремате, навикнати сме да ве чекаме) а на машко не да не му личи тука е срамота а уште по срамота е дека ти си му ѕвонела наместо он да ти се јави да се извини дека ќе касни и да ти рече дека ќе се најдете на веридбата. Ова му е голем минус, се надевам се убил од извинување потоа ама несфатливо ми е вакво понашање од машко.
Многу добро кажано. Се гледа дека дотичниот воопшто не се потрудил околу мн ваќна работа за тебе. Ако нешто за тебе е важно, а си со него, под дифолт мора и тој да ги респектира твоите приоритети во спротивно не гледам каде води сето тоа наречено врска. Ќе си играме господар и потчинета? Па мајка ти не те родила за фрлање и некој нерви да ти кине да си игра со тебе. Ајде тука адио аморе , добар пат и мирно море. Не губи си време, кое со текот на годините ќе сфатиш дека е крајно скапоцено. пс и немој да паѓаш на фори дека нема да се повтори, ќе се поправам-оти нема. НЕ слушај гаталец туку паталец.Се најдобро
Не знам од каде да почнам но знам дека ми е премногу тешко и мислам дека не можам да издржам повеќе.Па вака родителите ми се на работ за развод,постојано се караат мајка ми постојано плачи и нервозна е,татко ми исто така.Ние со сестрами сето тоа го трпиме јас од кога знам за себе од секогаш мајка ми и татко ми се карале но сега мислам дека е навистина крај.Во кавгата мајка ми кажа дека татко ми ја изневерил не знам дали е ова вистина но тој викаше дека нема такво нешто и и викаше на мајка ми да не треси глупости а мајка ми се колнеше во госпот дека ги видела кај што си се смеат и не знам друго што правеле .Тоа мене многу ме повреди кога го слушнав тоа почнав да плачам и да се тресам и чуствувам некоја болка во градиве.Но не е само тоа дека имам куп проблеми дома,тука е и дечко ми тој во последно време се однесува како некое дете на се што и да направам и да згрешам тој одма вика се скаруваме .Јас потоа некако ќе ја смирам ситуацијата и потоа кога ќе го прашам дали навистина се што рекол кога се каравме дали навистина го мислел тој ми вика не и дека никогаш немало да се скараме,а постојано за секоја ситница става крај.А пак од друга страна кога му кажав за проблемите дома ми вика е па ко така собирај си ги алиштата и иди кај мене ќе се земиме и од кај мене можиш училиште да завршиш.Кога сме заедно супер ни е но ако за нешто се скараме и одма крај става,не знам зошто прави така и не ми е јасно неговото однесување.Понекогаш си викам ај можеби јас ја претерувам,а и го притискаат и него родителите и постојано го нервираат ај можеби од тоа да е.Но не можам да издржам и на секоја кавга да ми кажува дека е крај.Му имам кажано дека тоа ми смета но тој абер нема некое време нема така да прави и после пак по старо.А јас не сакам да се скраме го сакам премногу и единствена личност ми е на која можам да се потпрам.Не знам што да правам навистина многу сум збинета и се ми е измешанои во главава и во душава Спојлер И се извинувам ако ја згрешив темава ама барав и не можев да најдам некоја која ќе одговара
Вљубена,дечко ти сака се да е по негово. Затоа кога ќе се скарате,значи дека нешто не си му задоволила,одма вика крај. Или кажи му дека не може се по негово да е,мора да има компромис,или оддалечи се...
Дечко ти според мене си зема преголема слобода, и баш во ваков период треба безусловно и безкомпромисно да е крај тебе, од него треба да ја „црпиш“ онаа инспирација и поддршка за поантаму. Дај му го тоа јасно до знаење, и речи му дека доколку не се придржува до ова „правило“, можеби ти си таа што треба да размисли дали да продолжите. Го сакаш многу, не е лесно, но љубовта НЕ е единствената „состојка“ за успешна врска. Да не почнам да набројувам, има многу... А за со твоите, претешко е да стоиш отстрана и само да набљудуваш, но не ни имаш некоја друга опција во моментов... Кога „грми“ дома затвори се во соба, пушти музика или излези, шетај... Не дозволувај туѓите отровни зборови да ти навлезат во главата, зашто можат опасно да те „пореметат“.
Знаеш зошто става крај кога и да се скарате? Сама си имаш одговорено: Зошто да се расправа со тебе, та бил крив, та не, кога може да ти рече КРАЈ и после си знае дека ти ќе ја средиш ситуацијата. Наредниот пат кога ќе ти рече: Крај, покажи малку заби, направи се како да не ти е гајле и замини си. Види каква ќе биде неговата реакција, нема да беде навистина крај, само треба малку јачина пред него
мила моја жал ми за тебе имаме некоја навидум слична приказна мила тој нема да се промени и што и да му кажеш џабе не вреди или прифати го таков или остави го на тебе е одлуката
Се согласувам со Ким,свртисе и заминиси.Тој во овај период треби да ти е најголема потпора,кажи му све,кажи му како се чуствуваш дека најмногу ти е потребен овај период,дека ако е спремен да биди тука да остане покрај тебе ако не чао речи му.Неможе тој во сите проблеми уште да те нервира,доволно ги имаш,па уште со него
Од домашните проблеми многу многу и не може да се избега, можеш само да се потрудиш да најдеш начин како да не допираат толку многу до тебе...Наоѓај начин да се окупираш со други работи, да не ти е цело време тој проблем во глава... А од дечко-може да се избега. Ако мислиш дека не си сигурна со него, дека е импулсивен и не си сигурна дали следниот момент ќе ти раскине или ќе те викне кај него да живееш, штознам, мене не ми е на арно...Само немој да се излажеш и ради домашни проблеми да избегаш кај него, оти од мал проблем ќе си направиш голем. Ситуацијата со твоите кога тогаш ќе се смири, ќе помине време се ќе се среди... Сега си нервозна, можеби под стрес, но издржи, и немој да избрзуваш...
Абе сонце верувам дека си јако и дека ке издржиш, што се однесува до домашните проблеми неможеш да избегаш, гледај само да се изолираш некако да не те многу засега тоа зашо сепак тоа се проблеми на мајка ти и на татко ти, они се доволно возрасни за да на возрасен начин да ги решат проблемите... И да има и да нема развод тоа е што е , ти мора да продужиш даље, не си ни прва ни последна што ке има разведени родители... На крај краева можи тоа е и најдобар начин .. Ама тоа они си знаат, немам јас многу право да кажувам. Што се однесува за дечкото, дај седни и направи муабет со него, дај му до знаење дека он ти треба и дека немаш потреба од нервози и такви други срања, да те сфати како ти е и да прегледа низ прсти во овој период. Тоа што става крај ( од мое искуство, ја така на бившиот за се и сешто стаавав крај од една причина што стварно сакав крај.) е сега можда он тоа не го посакува, можда сака и он ете некој мир што и да е , седни направи муабет со него и кажи му дека имаш потреба од негова подршка и мир барем кај него да имаш мир. А тоа за идење дома од старт заборави... Уште поголеми проблеми ке си направиш. Ти посакувам мир и среќа и што побрзо да се разрешат срањава. И запомни се е за причина.
Според напишаново како што разбрав, дечко ти е тип што ако нешто не е по негово веднаш се лути и мршти. Мислам дека треба да разговараш со него на оваа тема, ти си во навистина чувствителен период поради твоите родители (го имам доживеано истото), да му кажеш дека треба да има повеќе трпение кон тебе. А тоа за венчавка е глупава идеа. Штом не си сигурна во неговото однесување, почекај да го запознаеш уште подобро. Плус сеуште не си ни довршила училиште и рано ти е, а и на сите проблеми што ги имаат твоите родители уште да си ги спакуваш куферите и да им кажеш се венчам, работите уште повеќе ќе се влошат. Ова сигурно е многу тежок период за тебе, но биди силна ќе го издржиш и ова
vlubena, баш во овој период дечко ти треба да претставува потпора за тебе, да те поддржува и да биде со тебе, а не да се однесува така детинесто. Очигледно дека е променлив, нема стабилизиран карактер, не знаеш што ќе му падне на памет во следниот момент. Обиди се да разговараш со него, направете некој компромис, не може се да биде по негово. И немој да си помислиш да одиш да живееш кај него, од тоа можат само уште поголеми проблеми да настанат. Почекај малку, ќе видиш дека ситуацијата ќе се стабилизира и се ќе биде во ред. Биди силна и издржи.
Мен еме интересира колку години има дечково? Мислам дека и двајцата сте во напоред период, тоа не е оправдание за тоа што се карате за глупости, но под притисок сте. Можеби тој се чувству виновен што не може да ти помогне, зошто реално тоа што ти рекол да се земете не е мала работа. Ако не те сака не би го рекол тоа. Знам дека домашните работи не можат да останат надвор од врската, но верувај од кога почнавме со дечко ми поретко да збориме за дома ние е многу поубаво. Тоа не значи ти ништо да не му кажуваш, но не секоја ситница. Момците се плашат од женските солзи, се чувствуваат беспомошно. Верувам дека кога ти е тешко освен се ќе биде добро, не знае што да ти каже.
Дечко ми има 22 години и знам дека и тој дома има проблеми и е по карактер избувлив но никако не го оправдувам неговото ставање крај за секоја ситница.Ќе се обидам да разговарам и да му ставам до знаење дека едноставно тоа ме повредува и не сакам да се однесува така. Сигурна сум во неговата љубов ми има докажано многу пати но кога вака ќе се однесува како мало дете ме збунува и си помислувам дека можеби навистина сака крај.И фала на сите за советите ми дадовте сила да продолжам.
Imam decko so koj odime 7 meseci.Od razlicni gradovi sme.No toa ne me sprecuva da go sakam i da bidam so nego, no mnogu mi preci negovoto odnesuvanje i izbuvnuvanje za nekoi raboti.Ne sum imala dosega dolga vrska, i ne znam dali e vo red negovoto ponasanje,ili jas treba da se kontroliram. Druzeljubiva sum, pred nego imav mnogu prijateli i postojano izleguvav i se druzev.Sega pocnav da gi odbegnuvam,za da ne pravam problemi.Zosto, ete, koga odam na kafe so drugar toj se luti, jas sum imala neshto so nego i kje mi iznakaze svasta,raboti sto me nerviraat i pravat da se osekjam neubavo.Koga izleguvam (sega deka leto setav povekje)zaso sum bila sekoja vecer izlezena, toa ne bilo pocit sprema nego i sl.Krugot na prijateli mi se namali, za drugari da ne zboruvam, vekje i gi nemam. Ima golema nedoverba. Sekogas, kaj si, so koj si, sto pravis?? Zosto taka, zosto vaka. Nekogas nekoi neshta si gi zamisluva i e ubeden vo toa.Ako na Fb ne mu vratam vednas ete so maski sum si pisuvala, sum imala novi maski prijateli. Mislam strasno. Go nemam iznevereno, ne ni pomisluvam na toa. Mn. pati sme zboruvale za ova, mi kaza deka kje se smeni.Na momenti e mnogu dobar, ama ako napravam neshto sto spored nego e nepocit e togash e strasno.Osekjam deka mnogu me saka ama mislam deka negovata ljubov e posesivna.Ne znam dali da go ostavam, ili da izdrzam vo tekot na negovata promena.(Zasega se trudi)
Begaj od nego podaleku. Vistinska ljubov se sostoi od pocituvanje i doverba. A takov ljubomoren manjak ke ti go zacrni zivotot i eden den ke se svestis deka nemas vise prijateli i se naogas vo zatvor koj toj ti go postavil. Nikoj na nikogo ne smee da mu ja ogranici slobodata na dvizenje. Ako sakas da go izneveris ke go napravis toa i sekoj den da si so nego. Moj sovet ostaj go i najdi si normalen decko. [mod-kirilica:18bbbjvy][/mod-kirilica:18bbbjvy]
Neznam sto da pravam...( Probav da se odalecam, se so cel za da sfati deka ne e ubavo vaka da pravi, ama ne biva. Vednas ti mene ne me sakas, pa kje pocne so toa kolku on mene me sakal i sl. Doagja da me videl, sum mu falela...I tesko mi e, ne mozam tuku daka da go ostavam...A i maka mi e koga go slusam taka koga mi zboruva.(((
Neznam sto da pravam...( Бегај подалеку, трчај, што знаеш прави, само тргни се од него. Немој да ја правиш истата грешка како што јас ја направив, да дозволиш некој да ти го командува животот. Не можеш да сакаш некој кој се однесува така со тебе, ти мислиш дека го сакаш, а уствари е ствар на навика, секојдневие... Никој нема право да ти забрани со кого да се дружиш, тоа го прават само личностите кои имаат самодоверба нула, комплекси еден куп, па сега наоѓа на тебе да ги лечи. Спасувај што можеш од пријателствата, тие ти се најбитни. Ќе се најде нов дечко, ама пријателите ќе ти бидат навредени. Си ги занемарила заради еден идиот, а не вреди, најискрено ти кажувам. Нема зошто да ти биде мака. Те прави ти да се чувствуваш виновна без причина. ТИ имаш право на свој живот, свои другари и другарки и нема што тој да ти забранува. Ако те сака не значи дека треба да останете само ти и тој на светов, немој, ама никако немој да се оддалечуваш од пријателите. Ќе се каеш некој ден, верувај ми. Те сфаќам дека ти е тешко, но ако не пресечеш совреме, ќе ти биде уште потешко.