Можеш да му кажеш дека не си ставила слика од себе зашто си ја сакаш приватноста или бившиот ти е напорен (обично кажуваат дека се пред развод), многу девојки ги користат овие изговори
Види го кој местач, ејјј. Били уште малку ќе биде со прстен на рака. А, и иначе не беше друштвен на форумов, интроверт, шта чеш. Ама затоа @Realist1 е фин дечко, џентлмен, не остава дама сама без друштво. Отворен е дури и да покрие трошоци. ДМ за повеќе инфо.
Ајде сеа женски јас имам едно прашање. После колку време допишување сметате дека е океј тип да ве викне да искочите? И зашто сметам дека на сите одоговорите ќе ви бидат макс 2 недели, што би мислеле ако зборите со некој поише од два месеци, и ве нема викнато да искочите? Разговорите не се глупи едвај да тече муабет туку баш напротив..
Зависи од многу работи: колку сте далеку, вашата возраст, карактерот на дечкото.. Може е срамежлив или се плаши да не го одбиеш, спомни му ти па ќе видиш според неговото однесување.
Јас мислам по неколку дена ако е навистина заинтересиран. Но да, исто така зависи од обврски и колку сте далеку. Два месеци ми е некако многу освен ако не е тој во друга држава. Сомнително е тука нешто. Можиш директно да разговараш за ова, бидејќи ако сте блиску и нема намера да те викни, не треба да си го губиш времето.
блиску, поблиску амин, 28 возраст, и јас истото го помислив да не има некоја, ама па нели не е логично да зборите толку и ваљда да имал некоја ќе глеа побрзо да заврши работа??? во секое време од денот си чатаме
Се согласувам со се што е напишано до сега. И до некаде сум сама виновна зошто знам каков е и избрзав платив одмор. Но сепак не се малку пари во прашање за така да ми пропаднат, а искрено немам со кој друг да идам. Зимниот одмор така со го седев дома. Искрено се надевам дека ќе биде океј таму зошто сепак ќе сме двајцата. А после тоа во прва прилика ќе го баталам зошто ми здосади врската искрено. Сум пробала многу пати да разговарам знае дека не е во право но еве нема промени.
Како ќе ви биде ок, независно што си пишала ќе бидете двајцата само, демек нема други за да замерува, кога вие карактерно сте небо-земја, а тој па и мрчало значи пак ќе ти најде некоја замерка? Те сфаќам си платила, сакаш да го посетиш местото, ете зимски одмор ти пропаднал, ама грешиш, многу грешиш. Познавам луѓе кои ете да не е толку детално и јавно опишано во огласи ставаат оглас заради здравствени причини не можеме да искористиме уплатен одмор, го продаваме престојот за некоја помала сума од платената и други се нафаќаат да им го купат. Значи начини има и се може, сега дали се сака е прашањето. Немој да ми замериш читнав дека имаш еден пропаднат брак зад себе, многу жени се во таква ситуација, ама најбитно е и покрај тоа да се цениш, сакаш себеси и си ја знаеш сопствената вредност и да не прифаќаш секого и секакви понатаму во животот. На грешките се учи и ако мудро се учи се сфаќа дека животот е прекраток да се помине во недоразбирања со било кого, дали пријатели, тековен партнер итн. такви луѓе не ти требаат да ти го реметат раатот. Биди мудра правилно изиграј, ама ако си толку решена да одиш со него убави совети ти дадоа послушај бар еден од нив, особено оној за контрацепцијата и со среќа.
Хм... од каде да почнам, не сме во врска тоа морам да го напоменам на почетокот. Но , се гледаме , и не знам како да се насочам. Јас со него се запознав бидејќи работам во негова фирма. И на почетокот се беше океј, како изминуваше времето јас и он почнавме да се гледаме поинаку, и искрено не знам од каде тоа потикна, секогаш сум го гледала само како газда. И прв пат му побарав една услуга , и ми ја заврши и истата таа ден останавме до доцни часови, и си поминав преубаво, после тоа на работа по инаку се однесувавме . После отидовме заедно на едно место каде бевме со негови пријатели и беше исто така прекрасно искуство, и таа ден останавме многу долго заедно, скоро пола ден. Па секако на крајот од вечерта се случи нешто. Што е проблемот, тој е постар од мене 11 години, и тој не е женет а мислам дека и му е многу времето за женење ,но тој покажува некако интерес за мене, и не можам да разберам дали го води односот со мене само од желбата за да биде со помлада девојка и да го иживее моментот или пак можеби ме гледа како нешто сериозно. Кога бев на работа , знам дека нешто не ми беше во ред, бев малку растревожена, па тој настојуваше да знае што ми е бидејќи ќе го мачело и ќе ме мислел, исто така една вечер кога бевме заедно го прашав како се осеќа со мене и ми кажа слатки зборови што се невообичајни, но... сега ми подари невообичаен подарок , нож? и не знам зошто и каква симболика има, можеби размислувам премногу, и мислам само дека сака са ми пренесе дека сум јака и се тоа, но малку е чудно. Дојде до кај мене и рече дека сака да ми подари нешто и ми го даде тоа со чоколадце. Што размислување имате за сето ова што ви го кажав?
Сакам само да надополнам дека тие имаат цел да те изолираат од надворешниот свет, да те имаат само за себе. Таквите луѓе се многу егоистични, не ти даваат никаква слобода, те гушат
Yup, те работат и манипулираат и толку се добри во тоа што на крајот ќе те убедат дека ти си виновен за се. Ти ја рушат самодовербата со цел за да имаат контрола врз тебе, те изолираат од луѓето што ги сакаш и на тој начин ти се затвараш во себе, буквално се исклучуваш. Тоа е се додека дозволуваш. Е КОГА ЌЕ СЕ ОСВЕСТИШ И ЌЕ ПОЧНЕШ ДА КАЖУВАШ НЕ, тогаш веќе не чиниш и ти си крив за се.