Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Nana1156

    Nana1156 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2023
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Женски
    Како воопшто можеш да помислиш дека треба да му се вратиш на “вереникот”? Со кој памет? Спремна ли си да си го зацрниш целиот живот??? Алоо
    Вака ке му кажеш -дека може да збори шо сака за тебе дека не ти е гајле, дека ке почнеш да измислуваш се и сешто за него! Неговиот збор против твојот и крај. Точка
     
    На Mumoftwo30, Aschenputtel, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.418
    Пол:
    Женски
    Бегај што подалеку од него, тој тебе не те сака, само те искористува. :@Лицемер изопачен!
    Те молам веднаш да прекинеш контакт со него што сака нека збори за тебе. Те боли уво! Сака само внимание од другите (facepalm)бидејќи е несреќен
     
    На Малечка Малинка и Alien_ им се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.818
    Допаѓања:
    24.469
    Пол:
    Машки
    ??

    Замини си од Првиот, а вториот остај го оти мислам само го користиш на некој начин. Нема искри на љубов.
     
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.814
    Допаѓања:
    13.320
    Пол:
    Женски
    Ова реално е генијално решение. Алал како ти текна.

    И ако дојде и почне нешто физички да ти се заканува, нон стоп одма во полиција одење. Преувеличувај дека те малтретира, те следи и сл.
    Блокирање од секое можно место. Телефон. Социјални мрежи. Мејл. Да не може да стигне до тебе.
    Да видиш после една посета од полиција, како веќе никогаш нема да му текне да ти се доближи.
    Мислам само слабак се служи со такви уцени. И што утре ќе биде, ако не го сториш ова, ќе ти направам она. Мислам со кој ум здрава нога во трн да згазиш.
     
    На felisitas, Gosh и Freedom Fighter им се допаѓа ова.
  5. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    11.160
    Пол:
    Женски
    Во кратки црти, дечкото не знае што сака ама за секој случај за да не те изгуби користи класични техники на манипулација и закани за да те задржи (веќе видено и лично искусено). Тоа не е љубов, тоа е себичност затоа што он само на себе мисли.
    Он си мисли дека ја има моќта и контролата врз тебе и си вика ќе и се заканам ќе ја зборам па ќе видиме кај ќе бега, нема шанси после ова да ме остави. Ама се заебал гадно зашто ти си попаметна од тоа!
    Не е работата само да го смениш дечкото и да почнеш нешто ново со некој друг, мислам дека не е време за тоа.
    Сега е време да расчистиш и да прекинеш со сегашниот, а за тоа дали и што ќе збори за тебе ич да не се секираш. Луѓето и онака си сакаат да си зборат, поготово кај нас во МК. Побитно ти е мислењето на другите или што ти мислиш за себе? Дајте девојки, ти и сите други што се соочувате со вакви дилеми и проблеми наметнати од вашите партнери, освестете се за својата вредност и моќ и оставете го тоа што не функционира позади себе.

    Btw, поздрав до @Gosh зашто ти даде брилијантна идеја за да му ја затнеш муцката, има да квичи!
     
    На Лејди Гага, boo3, Малечка Малинка и 3 други им се допаѓа ова.
  6. devojkata1234

    devojkata1234 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2024
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Некој за лп?
     
    На Timbo и Nana1156 им се допаѓа ова.
  7. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    2.353
    Пол:
    Женски

    Па тоа е негов срам ако зборува за такви интимни работи пред други.И еве да те озборуваат,(нормални луѓе не ги интересира интимата на пар)ќе заборават за 3 дена.Подобро да те озборуваат ќе преживееш,отколку цел живот овај да го трпиш.А нема да сакаш да го трпиш,по некое време ќе сакаш да се разведеш.И пак ќе зборуваат тие што сакаат да зборуваат.А и не знам што се замараш,твој живот како сакаш така ќе живееш,на никој не му си наштетила со абортусот,освен сама на себе.Размисли дали вреди за други да си ги упропастиш животот со овај.
     
    На Panda00, Stark, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    872
    Не знам дали има тема и да не отварам друга сакам овде да слушнам мислења од луѓе (и машки и женски) на возраст од 25-29 години кои се во врска или сами (немажени и неженети).

    Дали во одреден период се чувствувате како да доцнете со некои работи во животот? Дали понекогаш кога ваш другар, пријателка, другарка и сл се ожени/омажи, има деца, си одат секаде заедно, ти кажува како дома си реновирале, си купиле куќа, слават родендени за децата се чувствувате осамено? Или доколку сте во врска малку чувствувате како да си го губете времето?

    Мојата врска е во ред и сум среќна немам ниту една замерка. Само се почесто се чувствувам осамено бидејќи 80% од познаниците се во брак и со деца. Се чувствувам како да „доцнам“ некаде, притисок и нешто што не зависи само од мене. Не е дедка не сме разговарале за тоа, отприлика сме на иста бранова линија во животот и навистина го посакувам тоа, но не знам кога ќе биде. Отсекогаш посакував да бидам млада мајка на 24 години, но за жал тоа веќе не е така одамна. Вработени, исправени во животот и двајцата, но ете се влечиме со години во врска. Се почесто ме фаќа страв дека сум заглавена, иако ми е убаво во врска, но не ми е целта цел живот во врска да сум. Сакам фамилија, сакам мое гнездо, сакам мои деца и дом.

    Од една страна ме влечи душата да го прошетам светот, од друга страна се прашувам каде ми се парите од тоа што не пушам цигари би требало веќе Ферари а имам, сакам фамилија, сакам се, немам време за ништо. Тотално изгубена сум. Знам дека треба да оставам на времето да не бидам тешка према себе, но дали барем некој друг некогаш е изгубен самиот со себе?
     
  9. Timbo

    Timbo Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    196
    Пол:
    Машки
    • Пишувај кирилица
    Moe mislenje . Site ovie mislenia doagat po sto gubis doverba u sebe mislam deka treba da si po silna i da pocnis da si veruvas vo sebe
     
    На Nana1156 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.686
    Допаѓања:
    42.379
    Пол:
    Машки
    Се ќе си дојде на свое место во право време.

    Секој има свој пат во животот по кој се движи, си има свои, посебни зацртани цели. И, споредување со другите не носи ништо добро. Колку и да звучи клише.

    А, денес, каде и да се свртиш само се муабети за тоа. Кој стан купил, кој на одмор бил на Малдивите. Друг отворил сопствена фирма. Магистрирал, докторирал, зборувал на ТедТалк.
    Фамилија, едно дете, второ дете, куче, маче, зајче и 2 златни рипки. Хепи лајф. :)

    Мене највеќе ми помога кога ќе се споредам со самиот себе си, пред 5 години каде сум бил, каде сум денес.
    И дека тој Били во минатото мечтаел за нештата што денес ги имам.
    Тогаш сфаќам дека треба да застанам малку, да се преиспитам себе си колку сум среќен, и треба да бидам задоволен со тоа каде сум денес.
    Во права насока се движам, па колку и тоа споро да ми изгледа. :)

    Don't wait for the end, enjoy the journey.
     
    Последна измена: 21 јули 2025
    На Panda00, M&M, bookslover и 12 други им се допаѓа ова.
  11. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.745
    Допаѓања:
    6.837
    Пол:
    Женски
    Перспективи се во прашање. Фамилија, брак, деца за мене е рано пред 30 и воопшто не се чувствувам назад. Имам стабилна врска ама и двајцата сѐ уште се градиме во зрели личности. Сакам да кажам, имам други работи на коишто целам и тоа ми дава некакво чувство на сигурност дека сепак имам смер во животот.

    Не се споредувај со другите и не потпаѓај на општествен притисок ако ти е дилемата најмногу произлезена од таму. Нема правило кога и како треба. Индивидуално е.

    Јас би ти рекла да размислуваш повеќе зошто се чувствуваш така. Таму лежи одговорот.
     
    На Panda00, Малечка Малинка и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    4.055
    Допаѓања:
    51.057
    @Јас таа, од ова што го кажуваш не сметам дека паѓаш под притисок од околината, туку дека не ти е јасно до каде си во врската со партнерот.

    Малце небулозно да сте на иста бранова должина, ти да посакуваш брак и деца, да имате зборено на темата ама сепак да не знаеш кога би се случило тоа и да се осеќаш ко да се влечеш во врската...

    Знам многу парови све им е супер, само едниот, најчесто мажот све нешто одолговлекува за брак, иако наизглед све им е совршено - и работа, и стан и си шетаат.

    Така многу и се влечеле со години, и на крај ќе се остават и за пола година ги гледаш трудни се мажат, женат со рандом особи, а предходно биле по 10 години у врска.

    Мене лично ми нема смисла влечење сто години у врска, едино ако и двајцата се договориле дека не сакаат брак.

    Јас те разбирам и сметам дека треба да збориш со дечко ти сериозно и да му кажеш што сакаш од животот и да го прашаш он што сака, па понатака да видите како ќе ја терате.
     
    На злоба, Luna91, Angie1432 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.817
    Допаѓања:
    63.313
    Пол:
    Женски
    Немам голем круг на пријатели, но од тие што ги имам има и мажени, и во врска, и сингл. И јас сум сингл (во фамилијата само јас и малите братучеди сме :D), но кога другите ми раскажуваат што планираат, каде ќе одат со партнерот и слично, пред сѐ ми е мило за нив. Среќна сум што им се погодиле коцките, на некои порано на некои подоцна. Мажената другарка од тинејџерка е со нејзината љубов, и буквално се пар снова. Ако ме праша некој каква љубов сакам, тоа е како нивната (знам дека секој пар се соочува со некакви пречки, но се познава кога го знаеш некого цел живот дали е несреќен генерално со партнерот :)).

    Секако дека дел од мене исто посакува да го има она што тие го имаат, имам моменти на осаменост.. кој не би сакал да е среќен? И за мене среќа претставува да си имам до мене некој што ме сака искрено и заедно го живееме животот. Но ете можеби моето време не е дојдено уште. Секој си има различен пат во животот. Едноставно тоа треба да го прифатиме. Знам дека не е лесно да се гледаат свадби, патувања, куќи, деца и сл. по Инстаграми, но не секогаш е сѐ така совршено како што изгледа. Колку случаеви има, ќе ја постира жена му или девојка му на одмор на преубаво место, а ваму им пишува на други..

    Во денешно време не е лесно да најдиш некој асален. И мнооогу е полесно да си сам/а отколку да имаш стресови ради партнер. Не вредиш помалку од оние во врска/брак само затоа што уште си сингл. Можиш пак да уживаш во животот, да шеташ, да ги правиш работите кои ги сакаш и како сингл. Можиш и да запознаваш луѓе колку ти душа сака, немаш обврски кон никој. :D Моментално планирам да лупнам пари без да се стегам многу за концерт на омилениот бенд, ако имав семејство можеби ќе требаше тоа да ми е приоритет и да ги пропуштев нив. :?:

    Секако дека сакам да имам и семејство, но тоа само со вистински човек, нема никогаш мирот да го заменам за ништо помалку од што заслужувам. :)

    Сѐ е до перспектива некогаш.. но за секого има надеж. Млади сме уште, ќе запознаваме уште луѓе. Најбитно е да си ја знаеш сопствената вредност и што сакаш во некого.
     
    На Panda00, Амаја, TrueToMyself и 2 други им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.170
    Допаѓања:
    186.005
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да кажам нешто шо не е опфатено веќе. Можам само да кажам/дополнам дека никогаш не сме сакале кога родители не споредуваа со други деца од класот или роднини на блиска возраст. Зошто сега сами да се споредваме? Секој се движи во свое време и правец. Прашање е само дали сакаш нешто или не, и дали сметаш дека ако долго се задржиш во истата положба - е време кое е изгубено и не можиш да го вратиш.
     
    На Panda00, _Vera_, Eunoia и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Nana1156

    Nana1156 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2023
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Женски
    Мислам дека кај тебе е проблемот што не си сигурна дека она за што мечтаеш ти е истото што го сака и он..
    На секого различно му се движи животот, така да не треба да се споредуваш со никој. Твојата желба за дом и семејство треба да ја разговараш со дечко ти.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    872
    Имаме разговарано многу на оваа тема и јасно има кажано дека сака со мене и брак и деца. Моментално неговите се во процес на селење во нова куќа, а оваа ќе почне со реновирање. Вчера ми кажа да одиме да бираме плочки. Не е дека сум многу залетана за тоа да се мажам под итно и да раѓам, некој спомна споредба од фамилијата. Цел живот сум била споредувана, која била поуспешна, која учела повеќе, секогаш другите беа подобри од мене. Но, тоа не е тема сега иако има де во сето ова како траума...
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.028
    Сите сме некогаш изгубени сами со себе, пример и сакам нова работа и нејќам во моментов. Ама не се споредувам со никого, па не си мерам кариера, плата, достигнувања. Единствено ти можеш да решиш што уствари сакаш а)во моментов, б) по 2-3 години...итн. Само исклучи се од социјални притисоци и размисли за сама себе. Замисли, утре дечко ти предложи брак. И, што ќе биде твојата реакција?
    Светот е инаку преценет, ништо нема за шетање и за гледање:D. А бракот и децата се одговорност за која треба да си спремна. За ферарито не знам што да кажам, да пушеше барем немаше да ти биде криво.:wasntme: Јбг, скупе су паре деновиве, и уште поскапи ќе бидат:|
     
    На marsilia, Realist1, _Vera_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.257
    Допаѓања:
    17.936
    Пол:
    Женски
    Јас имам сфатено дека тој што стварно те сака, нема да те влече (а сè се постигнува, ако се има обострана свесност и труд. Башка двајца подалеку стигаат, ама не на секое машко му сече).

    Не сакам да ти расипувам еуфорија, ама нема што некој да те влечка и за бирање плочки. И може е најдобро сама со себе да си решиш, осаменоста е многу тесно поврзана со партнерот. Не со самата себе. Подолгата врска секогаш води кон фрустрации, осаменост, себеомаловажување оти несвесно преминуваш во улогата жена/домаќинка без притоа да е официјализирано. Ти игнорирај колку сакаш, ама исто тоа значи дека партнерот не те вреднува никако. Тука не зборувам за брзање. Инаку тој муабет за деца и брак апсолутно ништо не значи.
     
    На TrueToMyself му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.254
    Допаѓања:
    205.028
    Ај сега, колку години сте во врска и што е муабетот со куќата?Претпоставувам не живеете заедно?
    Сите не споредувале како деца, ама дел од созревањето е да не си го правиш тоа сам на себе, што знам. Мене ми е најбитно јас да сум ок со себе, не не прават среќни сите истите работи.
     
    На Panda00 и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  20. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    872
    4 години сме заедно. Не, не живееме заедно. Тој живееше со неговите, но одлучи дека е време да живее сам. Неговите се селат во стара куќа, а тој за овде се што купи беше заедно со мене и по мој вкус.

    Не се разбравме убаво изгледа. Пртнерот ми е погоден, се си е супер со него. Знаеш што значи некој 4 години по ред секој ден да ти покажува и докажува дека те сака, ниту за момент да не ти предизвика сомневање и љубомора? Не знам колку години си, но денес тоа е реткост.

    Јас понекогаш се чувствувам осамено не поради мојата врска што патем е супер, туку што не знам што самата со себе. Внатре во себе сакам да сум мајка и сопруга, но мечтаам да го шетам светот и патувам. Последно размислував да запишам постдипломски студии. Не сум сигурна самата во себе, не знам што сакам. Се фаќам како константно се споредувам со други и како ништо да немам постигнато во животот. Некој ден си велам фала Богу што еве денес не сум мажена немам деца и ќе си одморам, утре дента си правам притисок како годините ме газат, третиот ден се фаќам како размислувам дека треба да барам подобра работа и сл.

    Затоа ме интересираше дали има и други во овие години што не знаат што со себе. Дали кариера, пативање, студирање, фамилија што и да е. Сакаш се, а не правиш ништо, е така баш излегува.