Ии ? Шојма проблем тука. Неможи човек во живото да нема пријатели,пријателки. Ако дечкото не бил заинтересиран немаше да те бара
А доколку ти имаш другари со кои комуницираш и пишуваш на него теба да му смета и доколку му смета како би реагирала би престанала да се гледаш со него? Мислам 21 век сме што повеќе имаш другари другарки или пријатели толку си побогат, нема потреба тоа зошто да те кочи доколку имаш доверба во него. Нормално е да има љубомора но во граници на нормала
Замисли, како може да има дури три другарки..да се изолира ако не во еден кафез и давај ти пропусница со кој смее да комуницира. Си правиш филмови и проблеми непотребно, да има простор за сомнеж или удварање од нивна страна ќе те разберам но само фактот дека му се другарки е смешен.
Се знае како функционира денешницава , машко женско пријателство мене ми е чудно малце ,не знам што муабет треба да се има помеѓу машко и женско кога како ќе дојде до нешто повеќе ,дури и тој самиот рече ,сега не би имал другарка ,со овие се дружам дека ми се од детството...сите се чудиме ама почудно е утре ден кога ќе се дознае дека некој некого изневерил и баш од тие пријателства...
Како функционира баш објасни ми да ми се разјасни…машко и женско смеат и треба да се во контакт само во такви околности?
Леле извини ама мене такво размислување ми е скроз безврска, не е тоа причина за грижа, ја имам машки другари и верувам у машко женско пријателство има многу теми на муабет..нормално ако не се ограничени машките само на спорт и женските на шминки.
Не завземам страна но ова е со сила правење проблеми и беспотребно конфузии во главата, значи не треба да имаме ние другарки да се изолираме скроз …..
Како имате доверба ,знаете ли само колку врски баш почнуваат од тоа ми беше другарка ..колку сте опуштени ви завидувам
Ако немаш доверба у него поарно не почнувај ништо. И забрани за дружење не се на арно. Сама викаш добар е и фин, а сепак имаш сомнеж.
Мене па црвено знаме ми е да нема партнер пријатели од спротивен пол. Имање зрели пријателства од секој пол ми е многу важно и вистински квалитет и знак дека е потенцијално добар избор. Следно, ако партнер има другарки знам дека е способен да гледа жена како индивидуа, а не само низ призма на сексуалност. Накратко, партнер кој нема другарки ми е ick.
Ти никогаш си немала другари?? Искрено поглупаво нешто одамна немам прочитано, во кој свет живеете, врзето го партнерот само за вас и кога ќе шетате само право нека гледа, никако нека не врти поглед ни лево, ни десно. Штом немаш доверба во тебе е проблемот, а не во дечкото, може нема да биде тој, може друг ќе биде, ќе има пријателки, колешки од работа, не треба ли да прозбори со женско. Работи на самодовербата и реши си го проблемот со себе. Тој што решил да те изневери, што и да правиш, ќе најде начин да те изневери.
Ѕвезде, јас мислам ти да го оставиш дечково. Ќе си најде некоја што нема да му љубомори за другарките што ги има 15 години. Ќе му направиш услуга.
Ова навистина многу зависи од каква личност е самиот тој. Бидејќи let's face it, има и такви што еден куп другарки имаат, дури повеќе другарки отколку другари, па нема тука никакво подлабоко значење и призми, освен тоа што тој е community dick @Zvezda5 Не мора воопшто да значи дека е црвено знаменце твојот партнер. Зависи каков е тој како личност, каков е неговиот однос со нив, дали ова ти е траума од претходен партнер, од кога вака се чувствуваш и сл. Биди си искрена со себе, но и секако слушај си ја и интуицијата
Како некој со најдобар другар од 20+ години и кое пријателство ќе премине во „ородување" со тоа што ќе му бидам кума, вакви ставови ми создаваат револт. Среќа, досегашните негови партнерки биле разумни и немало никакви љубомори, сомнежи или префрлувања и секоја од нив ми била драга, зашто има ли нешто понормално од тоа да (во најмала рака) почитуваш некој со кого твој близок е среќен. May this love never find me, да ме труе партнер со „како така ти имаш машки пријатели", ew.
Sure. Не негирам дека има луѓе шо се дружат ради атракција. Ама исто така сметам дека е провидно и лесно се идентификува.
Мојот едвај машки има, 2 пати во година ако се видат, а не па женски. Порано додека бил студент имал. Мислам дека нема врска црвено, зелено знаменце, едноставно секоја доба од животот е различна.
Навистина има покварени машки кои имаат "другарки" само бидејќи чекаат шанса за нешто повеќе, заглавени во френдзоун.. но неговиот случај ми личи како воопшто да не е таков. Бидејќи: 1. Се пријатели од детството 2. Мажени се сите 3. Те запознал со нив, не те крие, отворен е со намерите Да требало нешто да се случи меѓу него и некоја од нив, одамна ќе се случело. Ти ја разбирам претпазливоста, но не е секогаш црвено знаме пријатели од спротивниот пол. Многу зависи каков е нивниот однос, но јас овде гледам сосема нормално пријателство меѓу нив. Кажа дека е добар и вреден и двајцата си се свиѓате.. Не наоѓај проблеми онаму каде што ги нема, терај си со дечкото. Многу посесивност и љубомора кога нема потреба само тебе ти штети. Од ова што опиша, дечково ми е зелено знаме.
За мене има. Пошто јас сега дејтам. Апсолутно е точно дека секоја доба си носи своето, ама сакам да вервам дека уште сум во "цутот на младоста" и имаме време за дружење. Ако партнер не можи да задржи женско другарство, па и машко, за мене е алармантно. За мене е важно да има засебен живот од мене партнерот, и под засебен мислам пријатели и интереси кои не ни се испреплетени, а и такви кои ни се. Неќам утре да излезам на кафе со другар јер има проблем (па и да нема, другари сме), и партнерот да е навреден дека не го викнав зошто мОрА или да се осеќа несигурно околу мене зошто сум на кафе со другар кој го имам 15 години. Па чак и овие поскорешните другари од пред 2-3 години кои веќе ги гледам како браќа, а тие ме штитат како помала сестра. Истото ова го барам, и истото ова го нудам. Имам мои пријатели и имам мои интереси. Сакам да имам можност за слобода, и истото му го давам него. Ако реши да ме изневери - дали има или нема другарки нема да го спречи. Ама према некоја моја логика, имање другарки дава знак на некоја емоционална зрелост, а не гледање на жени низ призма на секс. Како ќе знајш како гледа? Па колку често менва другарки. Ако е за секс, моментот ко ќе сфати дека нема да добие то шо сака - то другарство ќе преќини и ќе почни ново. Ова грубо кажано, нормално. Покомплексно е, ама за мене едноставно се препознава. Вреднување личност, а не гледање (на жени) само низ призма на секс. И јас вакви луѓе имам запознаено, впрочем имам на поќе пати кажано дека најголем % од пријателствата ми се мажи. Зато и не ми е јасно како е то се шо прета да е потенцијален секс "објект". What happened to hello?