Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Just_a_kid

    Just_a_kid Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Црвеното знаменце во приказнава си ти, затоа што ти пречат луѓето од околината на дечко ти. Денес ти пречат другарките утре и другарите ќе ти пречат затоа што имаат тие девојки, па потоа колешките, комшиките.. Мислам дека ова е претерана љубомора.
    Сосема нормално е денес да имаш и машки и женски пријатели. А и како што кажа погоре 15години се пријатели не е премногу близок со некоја од вчера.
    И се зависи и од човекот,можеби си е таков дружељубив, лесно се вклопува со сите, а ако ти мислиш дека би ти пречело да бидеш со таков човек тогаш немој.
     
    На Mumoftwo30, Малечка Малинка, NPN и 3 други им се допаѓа ова.
  2. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    11.160
    Пол:
    Женски
    Секој втор ден читаме за вакви ситуации каде што жената е деградирана и понижувана.
    Па добро бе што мужи ќе бевте, егото преку омаловажување на друг човек ли ќе си го полните... секоја чест на исклучоци ама ќе си помисли човек дека еден нормален не останал...
    Мислев дека времињата се смениле и дека не е како порано, но очигледно и ден денеска мажите се стаени у филм дека жената треба да им се клања и да им биде подредена.

    Многу ми е жал што поминуваш низ ова, но по муабетов гледам дека си свесна за тоа како стојат работите и дека знаеш кој е следниот чекор што треба да го направиш.
    Последната твоја реченица е сосема оправдана, очигледно се работи за нестабилен човек без кој животот ќе ти биде поубав. Не си должна ни ти, а ни било кој друг да трпи некој искомплексиран, исфрустриран и недозреан лик кој не знае ништо друго освен да плука таму каде што треба да рече фала!
     
    На DEFNEDEFO, felisitas, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Лејди Гага

    Лејди Гага Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2025
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    1.418
    Пол:
    Женски
    Твојот бивши дефинитивно има нарцисоидно пореметување. Многу ми е жал низ каков пекол поминуваш;(не си заслужила такво нешто. Тргни се од него дур' не ти го уништил животот! Оди кај пријатели, роднини, кажи им се што он ти прави и прекини секаков контакт со него. Мене и за детето ми е жал што мора да трпи такви неконтролирани испади
     
    На Mumoftwo30, DEFNEDEFO и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  4. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.143
    Пол:
    Женски
    Како би му кажале на некој дека не сакате да живеете на село и дека не гледате иднина таму се да не биде навредливо и слично на тоа ?
    Лошо ли е да се каже на машко дека не сакаш село? При тоа да не испаднам како некоја материјалистка итн ?
     
  5. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.342
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Не не лошо,и тоа нема врска со матријалност.Има и во села луѓе кои живеат комотно и удобно,некои и луксузно.Тоа е твоја лична желба,сигурно имаш некој причина зошто не сакаш да живееш во село.ќе му кажеш отворено од која причина и можеби ќе те разбере.
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, Ta-mara и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    5.959
    Пол:
    Машки
    Отворено кажи му дека не сакаш да живееш на село, нема ништо лошо во тоа.
    Можеш да му кажеш дека може тој да оди слободно неколку пати месечно таму ако е тоа местото што го смирува, ама дека не сакаш да живееш таму.
     
    На SummerGirl, Ta-mara, Лејди Гага и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.143
    Пол:
    Женски
    Му кажав ,ми рече дека не било убаво од моја страна така да навредувам, не знам што беше навреда ..он живее 3км далеку од град, ми вика ја со кола за 5мим стигнувам до град каде што има се и сешто ок тоа ,ама јас на пример не возам а тој самиот еднаш рече не сакал да иде со бус бидејќи биле на 4саати се пешки е 40мин да се оди ако некогаш нешто ти затреба,јас не возам и не сакам во иднина да возам ,стварно не гледам решение ,а дечково ок ми делува стварно ама ова ме кочи
     
    На SummerGirl, Gosh и _Vera_ им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.817
    Допаѓања:
    24.468
    Пол:
    Машки
    Круцијално прашање е каде ќе се живее, не се натегај ако не најдите заеднички договор. :) Од искуство ти зборувам.. барем не се измачувај колку подолго толку полошо.
     
    На SummerGirl, BlackNight, Малечка Малинка и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Nana1156

    Nana1156 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2023
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Женски
    Луѓето на месечината се качија, а за некој е чудно што не сакаш у село да живееш… За у иднина стварно може да ви биде проблем местото на живеење и различниот поглед на живот во село/град. Ретко која девојка од град сака да живее на село. Ако мислиш дека нема да го смениш ни ти твојот став, а ниту пак он, не се впуштај у врска воопшто..
     
    На SummerGirl, Mumoftwo30, Малечка Малинка и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.686
    Допаѓања:
    42.378
    Пол:
    Машки
    Нема што тука да се вреѓа некој или не. Живеалиштето е најбитно за иднината, ако, веќе, се гледате во таква, долга врска.

    Добро е на старт да се споделат ваквите ставови и да се види дали се поклопуваат, дали може да се најде нзс или секој си има зацртано каде, и што сака во животот.
    Тогаш, подобро на време да се пресече отколку да се влечете во долга врска па на крај некој да биде разочаран оти мора да попушти.
     
    На SummerGirl, Малечка Малинка и Ta-mara им се допаѓа ова.
  11. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.143
    Пол:
    Женски
    Делам мислење, а испаднав дека сум некоја материјалистка и не сум давала шанси ,одма сум одбивала некој ,јас стварно сакам некако да дадам шанса ама овде не гледам решение ,лошо е село без кола се пешки да ти треба 40мин ,ајде од дечково ама и од другарки добив совет ,сум претерувала сум требала прво да го запознаам убаво па тек тогаш да сум мислела
     
    На SummerGirl и Nana1156 им се допаѓа ова.
  12. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Не ми е јасно, вие сеуште се запознавате, а тој сепак толку рано те поканил да живееш кај/со него?!
     
  13. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.143
    Пол:
    Женски
    Не , ама што да се запознаваме ако не ми одг село на пример ?знам дека може премногу размислувам ама ете
     
    На SummerGirl, Nana1156 и Gosh им се допаѓа ова.
  14. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Па тој не те поканил да живееш со него! Може со тек на време или ти ќе се премислиш или тој ќе се премисли.

    Инаку не должиш никому објаснувања дали ќе решиш да се запознаваш со некој или не. Ниту нему, ниту другарките
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nana1156

    Nana1156 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2023
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Женски
    Не се работи тука дали дечкото ја поканил да живее кај него или не, туку дека има став дека утре ако живеат заедно ке живеат на село кај него..веројатно и има така некако кажано..
    Секој има право на своја замисла како ке живее у иднина, така и девојката не се гледа себеси у село.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.104
    Здраво
    Чувствувам дека треба да дадам апдејт за ситуацијата што ја напишав.

    Накратко, сеуште комуницираме околу станот и малечкиот.
    Сега тој ми пишува почесто кога забележа дека не го тинтрам, не му зборувам и не сум дома често. Разговорите се неосновани, ми праќа видеа народски кажано ми пушта вода. Го саботирав со текст во кој му кажав дека комуникацијата ни е маскирана за да не почувствува нешто детето па кога ќе си кај мајка му да кажува ситуации кои се лични,а не дека сакам нешто со него, воопшто не би го погледнала и после сѐ, не знам, како има лице да ми пише.
    Асоцираше на тоа дека ќе се смириме, да бидеме интимни на што му потенцирав дека не постојат шанси за такво нешто и дека може слободно да си бара нова партнерка.

    Почнав да излегувам, тука сум сама, почнсв да правам работи кои си ги имав запоставено и така. Секој своја соба си има,свој живот и така ќе остане до прва прилика за повторно иселување.
     
    На Dentina, BubamaraM, rainbowec и 5 други им се допаѓа ова.
  17. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    11.160
    Пол:
    Женски
    Нема ли никакви шанси да се иселиш порано? До кога треба да седиш таму?
     
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.505
    Допаѓања:
    19.099
    Пол:
    Женски
    Депозитот го чека сигурно.
     
    На DEFNEDEFO му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DEFNEDEFO

    DEFNEDEFO Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2025
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.104
    За жал не.
     
  20. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.255
    Допаѓања:
    17.935
    Пол:
    Женски
    Ти биди среќна што ти кажал, многу мажи премолчуваат за вакви битни работи. И еве да не е село, па и во град да си пак да е некој што не мисли за локација на живеење ќе си дреме до последно. Ќе си кажеш најотворено и тоа е тоа.

    Еве јас и во град не би живеела сегде, посебно не ако треба да создавам семејство, врска нема со к**чот. Не би живеела негде ако немам барем малку покултурни соседи кои се двојат од обичната толпа. И не се сложувам дека треба само партнерот да е погоден, туку не претпочитам да трпам фрустрирана комшивка на пример, што само вика и пцуе по децата. Тука не правам компромиси, без разлика на сè.

    И бори се за тоа што ти го сакаш и ти одговара, не ти чини - не ти чини.
     
    На Ta-mara, Ѕвездена и senjorita-v им се допаѓа ова.