Форумџика на годината

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Neznam sto da pravam...:((

    Ист случај бев како тебе.. И ќе ти кажам веднаш да го оставиш !!!!!! Немој да бидеш наивна и да си ги губиш пријателите заради некој што си нема свој живот, па сака да командува со твојот. Тоа е твој живот ти одлучуваш како ќе живееш, со кого, зашто, кога и слично! Ти после него ќе најдеш многу други, ќе најдеш некој што ќе те почитува и цени пред се друго! Кој ќе ти верува кога ќе му кажеш дека ќе искочиш. Јас од овој мојов се криев, несвесно почнав да лажам дека искчам, плачев по дома, за кого ?!.. Не вредеше, кога решив да ставам крај, тој почна да ми збори гајче ми е ова она, ставив крај!. Ми беше многу тешко, но фала му на Бога се уште ги имав најдобрите другарки да ме тргнат од тие мисли, стоев цврсто на земја и реков дека нема да му простам. Почна да ме моли, да ми збори разни глупости, плачеше, но реков НЕ и со дигната глава заминав. Не ме заслужи, верувај ни ти не го заслужуваш, Живеј го животот по твои правила дури можеш, дури не е предоцна!
     
  2. beautiful-liar

    beautiful-liar Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Neznam sto da pravam...:((

    Fala vi mnogu.....Tesko e...Toj mi zbori taka li ti sakas seriozna vrska, treba da se naucis da zrtvuvas, demek druzi se ama se so granici... jas sum vo haos tolku zbuneta, sto duri si mislam mozebi e vo pravo, gledam mn. devojki sto porano povekje setale se druzele, sega se samo so svoite deckovci, no ete nie ne mozeme sekoj den da sme zaedno. Se nadevam kje uspeam da go napravam vistinskoto neshto.....
     
  3. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Neznam sto da pravam...:((

    Знам дека не знаеш што да правиш, а вака кога сите ти пишуваме негативно (скарај му се веднаш) ти станува уште потешко, свесна си дека повеќе се чувствуваш несреќна отколку среќна и ти доаѓа веднаш да кренеш слушалка и да му раскинеш.. ја имам твојата ситуација, изгубив машки другари, а женските не знаеа асолно да ме посоветуваат па ме напуштија скрос под изговор дека само моја е кривицата и крај. Сега имам нови другарки и ми е навистина убаво, но полека пробувам да не се замарам ако дечко ми се лути за секое излегување. Можеби ќе сфати еден ден дека нема потреба да си прави филмови, а ако не сфати.. јбг.. јас не сакам повеќе да си се запоставувам самата себе. Да бев попаметна и поцврста - одамна ќе пресечев и ќе раскинев, па ако сакаше да продолжи со мене, тој ќе ме бараше мене. Вака сега можам само полека да ја исправам грешката..

    Затоа совет - седни го и сакал слушал, сакал не, ти напрви му сериозен муабет и кажи си ги твоите желби и потреби. Ако не сака, нека најде друга што ќе му дозволи да ја држи затворена (а таквите се надевам се се поретки сега). Или пак ќе најди некоја што од почеток ќе му го дотера умот и ќе се чуди што го снашло..
     
    На beautiful-liar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    леле се ежам кога слушам за вакви случаи затоа што исто и јас имав таква врска.. сите другари и сите машки што ги знаев ми се пуштаа (божем јас бев единствената девојка) па дури и да биле помали од мене 3 години. Све изгубив заради него... Тој е псиохопат извини што ке речам ама ако од почеток вака ги поставил работите не очекувај дека ке се подобри..

    И од лично искуство он не те сака он е опседнат со тебе..
     
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Какво трудење, какви совети бараш како воопшто да е дилема. Тој има да те прати во психијатриска болница 10 пати пред да промени било што кај него. РАС-КИ-НУ-ВАЈ!
    Раскинувај и почни да си го составуваш животот повторно пред да изгубиш некои луѓе засекогаш!
    Еве во твоја и само твоја чест го сменив аватарот за да видиш која ми беше реакцијата на твојот пост ->
     
    На sesilija и Doozy им се допаѓа ова.
  6. beautiful-liar

    beautiful-liar Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ми треба повеќе храброст, не ми е едноставно. Последниве две недели се обидувам малку да се оддалечам, ама тешко ми оди. Се слушаме цело време.Сепак, фала ви на сите за советите се надевам ќе се средам за брзо.
     
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Можеш и да пробаш друга тактика. Сега он ја контролира врската и ти поставува тебе црвени линии. Направи да биде обратно.

    Седни го на муабет и кажи му:

    „Јас неам намера да губам другари и другарки ради тебе. Тие што ги знам со години планирам да си ги задржам. Ако јас и ти еден ден раскинеме не сакам да останам без ниеден близок човек.

    Ако ме сакаш ќе ја прифатиш мојата слобода и нема да ми правиш проблеми каде и со кого излегувам а јас секако за битни работи и сама ќе ти кажам.

    Ако продолжиш да ме контролираш и да не ми веруваш што мене ме навредува јас тебе ќе ти раскинам.“

    Кажи му го ова и види како ќе реагира и ако продолжи исто, раскини му па после ако си му толку битна нека те моли за назад.

    Мене ми личи дека е или страшно посесивен или страшно несамоуверен како машко а сопствената слабост ја маскира со контрола и посесивност за тебе да не ти текне.
     
    На WildCherry, mysterious, Queen-Nefertiti и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Gerberce

    Gerberce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    67
    Има еден дечко...

    Епа вака. Има еден дечко што ми се мота низ глава. А и јас му се мотам се надевам. Ама и да му се мотам има една бариера.
    Значи дечково ми е некаков роднина ама не сме во крвно сродство.
    Го имам видено како дете (така ми кажа мајка ми, ја не го памтам) и од тогаш не сме се сретнале никаде.
    Во саботата братучетка ми праеше свадба. И знаете како е кога ќе се зашмекате со некој што стварно ви се свиѓа, пеперутки... вибрации во стомакот, крадење погледи... итн итн симпатии важно има дефинитивно и од негова страна особено зашто он па особено претера со вртење по мене. Ја дури и го снимав дали зјапа по други девојки ама испадна доследен цела свадба и ме гледаше само мене :D
    Нормално ја сеа немам појма дали он ме меркал на свадбава за да си напраи интересно да му биде или и нему му се врткам низ глава сеуште као он на мене.

    Ја прашав мајка ми кој е дечкото и ми кажа кој е. Значи татко и на невестата и мајка ми се брат и сестра. А мајка и на невестата и татко му на дечково се сестра и брат. Значи крвно сродство не постои. Ама бариера сепак постои.

    Го најдов на фејсбук, статус му е сингл, ама немам храброст да го аднам. Ќе го видам пак... којзнае кога, веројатно на мекици дури (трудна е братучетка ми). А и тогаш ќе биде вака ко на свадбава само погледи...

    Добро, прашањето ми е дозволена ли е ваква врска? Да стискам заби да го аднам на фејсбук или да го заборавам?

    Мислам, дечково е стварно топ. Висок, со црна густа коса малце така пуштенка, фацка топ, оделцето струкирано како му стоеше... кога го соблече сакото тоа газето во панталони кога му го видов...

    Хелп
     
  9. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ако си сигурна дека те свиѓа, треба да го аднеш и после да видиш како ќе се понаша.Како што сфатив нема крвно сродство, што значи нема никаков проблем.Само опуштено, немој многу да форсираш, чекај да се видите уште еднаш... ;)
     
  10. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    па што чекаш девојко.. адни го на фб
    мене па ко помала ме зафркаваа за еден од страната на стрина ми... ко мали ренде не правеа демек аааа ******** и ****** !! абе смешки и јас од тогаш викав абе братучед ми е .. и сите ми се смееа каков братучед бе? и ден денес кога ке дојде кај нас се срамам онака да се опуштам уз муабет зошто срам ми е што не зезале ко мали :lol: :lol:

    мој совет слободно адни го .. па некој мора да го направи првиот чекор :) дај му до знаење дека му се допаѓаш упознајте се па се ке си дое на свое место :)
     
  11. Gerberce

    Gerberce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    67
    Не не, далеку од братучед. Ништо не ми е. Сват некој.
    Ама не е тоа така баш едноставно. Мора фино да се промисли. А најважно од се е да видам колку е он близок со братучетка зашто јас сум. И сеа ако раскинеме некад, тоа дали ќе остави последици.
    Иначе фала за поддршката. Значи оваа „роднинска“ врска очигледно не е проблем гледано од страна.
     
  12. Shekerna-Dama

    Shekerna-Dama Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Не можам да му кажам што осеќам, а осеќам многу xD

    Значи вака... мнооогу малку време го знам дечково, но за тоа малку време ми влезе ептен под кожа... Поинаку речено - се заљубив во него. Не знам што осеќа тој за мене, ама знам дека не е рамнодушен. Е сеа.. бидете мааалце љубезни да ми дадете совет како да му опишам шо осеќам. Поздрав, најјаки сте!
     
  13. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.185
    Пол:
    Женски
    Не можам да му кажам што осеќам, а осеќам многу xD

    Хм, најјаки сме.

    Не знам што е проблемов тука. Признај му ако ти значи толку, немаш 12 години. Па плус ако мислиш дека не е рамнодушен.. не разбирам стварно.
     
  14. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Кажи му! Еј дечко зарем не гледаш дека се заљубив :^)
     
  15. Confused11

    Confused11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Мислам дека е најдобро да не му кажуваш ништо додека не бидиш сигурна како се осеќа он спрема тебе. Дека ако не се осеќа он спрема тебе како шо ти се осеќаш спрема него може само да испаниче и да ги прекините контактите...Повеќето машки се по плачковци од колку што би сакале да признаат. :D
     
  16. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Герберче сонце ... Сваќа се фаќа ;) знаеш за тоа ? хахах Ој не му ја мисли аднувај брзо и мисли стратегии низ дома :*
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Пробај да се зближиш со него, има толку многу начини, само да сакаш. :)
    Ако се гледате често, биди ти таа што прва ќе започне муабет. Ако ви оди муабетот, одете и на кафе да се запознаете подобро.
    И секако дека нема веднаш да му кажеш што чувствуваш, излезете прво, види како стојат работите... Се ќе си дојде спонтано.
     
  18. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Чудните патишта.....

    Го запознав уште во 1 год. средно поточно пред 8 години... Ми беше надобриот пријател што некогаш го имав... полека почнав да го сакам уствари не бев ни свесна дека го сакам се додека не го видов со друга девојка... тогаш пукнав и му признав се, му кажав дека го сакам... Ми рече дека не е за мене дека не е се така како што изгледа, во почетокот не знаев што му значат тие зборови, но подоцна од моја братучдека негова другарка дознав дека тој е наркоман... две недели не отидов во школо дома седев и плачев... Собрав сили и отидов на училишто го сретнав, го викнав на страна и му кажав дека знам се (дека е наркоман) му кажав дека мене тоа не ми е важно дека го сакам баш таков каков што е.. ме бакна во челото и ми рече ЧАО.... до крајот на школската година не разговаравме... не разговаравме и следната година и следната и така поминаа 6 години... Јас од наши заеднички пријатели дознавав како е што има ново во неговиот живот... кога се сретнувавме во град и двајцата ги наведнувавме главите.... Пред две години седејќи на Fb видов дека има профил... му пратив понуда за пријателство и за чудо ме приати... по неколку месеци почнавме да пишуваме... па да се гледаме но сето тоа на другарски начин... Го убедив дека тоа што му го кажав е во минатото дека сум тука за него како другарка.... Пред околу 8 месеци беше во затвор имаше девојка на која и кажал дека е во бугарија на работа... вистината дека е во затвор ја знаевме само јас и неговото семејство.... Има уште многу за пишување... барам совет од вас што да правам јас го сакам сеуште... но морам да глумам другарка зашто знам дека поинаку неможам да го имам... тој е наркоман и јас го сакам таков каков што е и знам дека тој знае дека сеуште го сакам но понекогаш мислам дека сето ова мора да престане... незнам до каде ќе стигнам вака....
     
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Јас не би ти советувала веднаш да му ги откриеш чувствата и да му го сервираш срцето на тацна. Зошто мора да знае дека си се заљубила во него? Вродена човечка особина е да ликува кога ќе сфати дека за некого е предмет на обожување, а тоа може да ти даде негативен исход.
    А можеш да му се приближиш преку заеднички пријатели, случајна средба на кафе, без флертови и нафрлувања, кокетирања и глумење лудила, едноставно биди ти. И потоа ќе следиш што понатаму ќе се случува, како тој ќе се однесува спрема тебе, дали му е пријатно во твое присуство или едвај чека да збрише. Па ако остварите врска, дури после некое време откривај чувства.
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Чудните патишта.....

    Кај се патиштава овде? :D
    Тоа што сте се аднале на фб?

    Оф.
    Абре жено,оди излези низ град,најди некој НОРМАЛЕН,не туку липај по некој што ни те сакал,ни те свиѓал,си имал друга женска,си бил во затвор.
    Значи,од милион машки,ти баш за тој несаглам си се фатила.


    Го сакаш таков каков што е...оффффффф.

    Да те малтретира,да ти краде пари за дрога,да го нема секој ден а ти да се секираш дома,да плачеш,да попуштиш со нерви...Во затвор секој ден на посети...
    Не би рекла дека ќе го сакаш таков каков што е,нели? Да не збориме за твоето семејство,како би го прифатило сето тоа.

    Ќе ти се уништи животот со некој таков,затоа излези од дома,прошетај,и ќе видиш,има уште добри машки низ земјава,ако не во твојот град.
     
    На vlubena и Elenuskaa им се допаѓа ова.