Па тој не те поканил да живееш со него! Може со тек на време или ти ќе се премислиш или тој ќе се премисли. Инаку не должиш никому објаснувања дали ќе решиш да се запознаваш со некој или не. Ниту нему, ниту другарките
Не се работи тука дали дечкото ја поканил да живее кај него или не, туку дека има став дека утре ако живеат заедно ке живеат на село кај него..веројатно и има така некако кажано.. Секој има право на своја замисла како ке живее у иднина, така и девојката не се гледа себеси у село.
Здраво Чувствувам дека треба да дадам апдејт за ситуацијата што ја напишав. Накратко, сеуште комуницираме околу станот и малечкиот. Сега тој ми пишува почесто кога забележа дека не го тинтрам, не му зборувам и не сум дома често. Разговорите се неосновани, ми праќа видеа народски кажано ми пушта вода. Го саботирав со текст во кој му кажав дека комуникацијата ни е маскирана за да не почувствува нешто детето па кога ќе си кај мајка му да кажува ситуации кои се лични,а не дека сакам нешто со него, воопшто не би го погледнала и после сѐ, не знам, како има лице да ми пише. Асоцираше на тоа дека ќе се смириме, да бидеме интимни на што му потенцирав дека не постојат шанси за такво нешто и дека може слободно да си бара нова партнерка. Почнав да излегувам, тука сум сама, почнсв да правам работи кои си ги имав запоставено и така. Секој своја соба си има,свој живот и така ќе остане до прва прилика за повторно иселување.
Ти биди среќна што ти кажал, многу мажи премолчуваат за вакви битни работи. И еве да не е село, па и во град да си пак да е некој што не мисли за локација на живеење ќе си дреме до последно. Ќе си кажеш најотворено и тоа е тоа. Еве јас и во град не би живеела сегде, посебно не ако треба да создавам семејство, врска нема со к**чот. Не би живеела негде ако немам барем малку покултурни соседи кои се двојат од обичната толпа. И не се сложувам дека треба само партнерот да е погоден, туку не претпочитам да трпам фрустрирана комшивка на пример, што само вика и пцуе по децата. Тука не правам компромиси, без разлика на сè. И бори се за тоа што ти го сакаш и ти одговара, не ти чини - не ти чини.
За сите машки кои не сакаат да мрднат од селото, навреда е ако девојката не сака да живее во село. Маж ми има другар кој имаше такво размислување. Девојката отиде кај него да живее, ама не можеше да издржи. А тој не сакаше кај неа да дојде. И се разделија. И маж ми е од село. Јас му кажав дека во село не сакам да живеам. Ова е сериозна тема и треба навреме да се разговара.
Нишо не е лошо ако има разбирачка, со оној кој шо сум треба да можам се да му кажам и да бидам сфатена
Според мене подобро е сега да расчистат вакви работи што се битни и клучни за заеднички живот, отколку кога ќе се емоционално навлезени. Тогаш ќе биде многу потешко и поболно, а и ќе си изгубат драгоцено време и можности да си го запознаат идеалниот партнер.
Ооо па ако дечкото е навреден од мислење и став што не се совпаѓа со неговиот, што да се прави муабет понатака... Вакви ултиматуми не може. Ако сега за ова не можете нзс да најдете, тешко би ви било и за други работи да се усогласите.
Фала на сите.. Испаднав материјалистка дека не сум да живеам во село каде што нема дури ни превоз ,само да зависиш од кола па уште ми рече кај мене секогаш дома има некој може да те носи каде сакаш ,друго живее со брат му и 3деца негови и жена му ,на посебен спрат па и село ..ама нема везе испадна дека денешните девојки многу бираат и ќе си најде некоја што не е материјалистка ,демек го прашував ,колку заработува ,што вози и сл ,секако завршив муабет ,ама ете дознав нешто за себе , материјалистка сум и сите кои не сакаат село се истото
Уживај си. Си избегнала куршум. Нека си најде скромна "нематеријалистка". Убаво е да каже со почит "хеј, не ни се совпаѓаат гледиштата овде, ама ја почитувам твојата преференција, се најубаво понатака". Ама не, господинот вреѓа и ти лепи етикети. Уште поголемо НЕ, кога прочитав дека живее во заедница.
@Ta-mara Кога одредени мажи ќе ти дадат комплимент, тоа неретко е всушност прикриена навреда (на твојата интелигенција) А кога ќе ти упатат некоја ваква банална навреда, тоа всушност е комплимент
Ич да не ти чури, не ти одговара и готово. Нема тука филозофија. А тој уште го покажал лицето. Чим ти лепи етикети. За сѐ ќе биде така. Барај си ја среќата на друго место.
Не е тоа материјалистка, туку едноставно си кажуваш дека сакаш утре кај да живееш кога ќе се мажиш, тој што не сака да се одвои од неговите кога ќе се ожени, тоа е негов проблем, сега само изговори траже и ти лепи етикети, така да уживај си, како ти тебе одговара така си прави
Male loneliness epidemic - balkan edition, материјалистки се жените бидејќи не им се живее на село во заедница, па уште со фамилијата на братот. Добро си направила што навреме сте зборнале на оваа тема. Типот си има некои комплекси мене така ми изгледа. Нормално е некој да сака живот во град, некој во село, сѐ додека има нормални услови.. но ова ми е многу детско понашање со лепењево етикети. Остави го нека си тера и нека си бара некоја што ќе го слуша само него и што ќе живее со него само од љубов.
Господе боже овој дел , дали сериозно ? Звучи како решение, ама всушност е скриено ограничување , замисли секој пат кога ќе треба да идеш некаде да треба на некој да ми го кажуваш истото, да мораш да прашуваш, да чекаш, да се ускладуваш, да не можеш да излезеш кога сакаш, туку само некој кога ќе може ,ќе се чувствуваш како товар, дури и да не ти го кажат тоа ,да немаш приватност, затоа што сите „знаат каде одиш, со кого, кога се враќаш. Па уште другарка рекла вака ,рекла така , мести и го дечково тогаш, абе сите јаки на туѓа мака ,убаво пиша овде една членка , овде и во колиба би живееле на зборови само.